FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
A Woman Under the Influence

Еве @Комита Ултрас , ветив, и го исполнувам ветувањето. Навистина тажен и мачен филм. Пак ве исчитав сите и овојпат најмногу се согласувам со @grande-juve и @moongoses . Со @grande-juve најмногу зашто и мене Мејбл ми делуваше најнормална од целото опкружување. Моментите кога беше со децата, особено, ми го топлеше срцето. Наспроти нејзе - Ник: лош татко, лош сопруг, лош пријател... Ми делуваше ко личност со Dissociative Identity Disorder, кога нему ќе му прдне беше ОК и расположен, ко ќе нему не му беше ОК, мораа сите околу него да ќутат. На Мејбл кога делуваше најнормално и тажно, по враќањето од лудница, и вика: биди ти, т.е. слободно прави мрднати работи, за кога таа пак почна да ги прави, нему му сметаше, па дури и и ја учука една, пред децата! Значи трошка нормално немаше во него, типичен пример за тоа како не треба да се однесува сопруг, родител, пријател и човек. Мајките, двете лудачи: едната со егоцентризам до плафон, другата слика има, тон нема... Татко и на Мејбл, лика и прилика на мајка и. Тие ко да се помириле со фактот дека ќерка им е „луда“ и ко да не се замараа дека постои, а не па да и помогнат за било што. А да не зборам па за „пријателите“ на Ник, и особено нивните сопруги - која од која поненормални! Пак ќе речам - единствена нормална личност во цел филм беше Мејбл. Останатото најдобро може да се опише со реченицата: „се молат Ромите да не прават цигански работи“. Тешко на деца во такво опкружување!

Мене воопшто не ми сметаше камерата тука, напротив, му даде некој по-артси шмек на филмот, и дополнително придонесе да се долови целата атмосфера на колективно лудило. Глумата на Роулендс - врв! Алал! А особено ми се допадна режијата зашто на моменти се чувствував ко да гледам документарец, а не игран филм. Имаше таква некоја аура на реалистичност околу филмов, ко никој од актериве да не глумеше (може заради импровизациите, не знам), туку ко се навистина да се одвиваше пред нашите очи.

Единствената замерка ми беше заради должината. Некаде во последната третина од филмот, малку ме замори и се изгубив во приказната, па ми стана досадно. Ќе било далеку поефективно да скрателе барем половина час. Но сепак, генерално - одличен предлог, уживав во него, и ќе остане филм кој ќе го паметам. 8/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Лоренцовото масло (1992)

Со оглед дека ова е мојот предлог, освртот овојпат ќе го направам малку поинаку, со обид да одговорам на некои прашања и гледишта.

Како што и насловот кажува, филмот не беше за Лоренцо, туку за неговите родители и нивната потрага, особено на таткото, по лекот. Затоа и ние многу малку го гледавме Лоренцо во самиот филм, неговото страдање и неговата перспектива ако таа воопшто е можно да се види. Многу вешто режисерот избегна филмот да го претвори во патетика, што често е случај во дела со ваква тематика.

Ни прикажа и спротивставени гледишта на родители со истите проблеми. Едните правеа сѐ што можат за да му овозможат на детето што подолг живот притоа ставајќи ги на страна своите потреби и желби, другите тоа го гледаа како продолжување на агонијата и повеќе се фокусираа кон прифаќање на неминовното и кон иднината на остатокот од семејството.

Некаква слична морална дилема се отвори и по прашање на постапувањето на официјалната медицина наспроти желбите и барањата на семејството на болниот. Примената на секакви методи и средства кои даваат надеж за излекување со голем ризик да завршат фатално, наспроти одење на сигурно со докажани научни методи, и покрај тоа што за многу ќе е предоцна, а како што видовме и неефикасно.

Читам најголемите замерки се кон акцентот на Нолти. Мене тоа воопшто не ми пречеше. Глумеше италијанец кој зборува англиски што го научил подоцна во животот и мислам дека одлично го имаше доловено и акцентот и повремените застојувања во говорот додека се трудеше да се сети на вистинскиот англиски збор. И во видеото што го ископа @grande-juve, се гледа комплетно го симнал акцентот на вистинскиот лик што го глуми, па дури и наликува на него :)

Во филмот немаше оригинална музика, беа користени класични дела и арии од опери, се разбира италијански. @SK-92, филмот е постар од инсомнија, така што не е таа. Евентуално ако инсомнија е инспирирана од некој мотив од делата што беа користени, па си ја препознал :)


Нешто што сакам да го споменам како забелешка, знаеме дека беа Италијанци ама као мораше ли да јадат шпагети цело време?
Шпагети јадеа само во една многу кратка сцена, најверојатно дека тоа најлесно можеа да го јадат со раце. Се солидаризираа со Лоренцо кој веќе не можеше да користи прибор. Во другите сцени имаше различни јадења.

Овде нешто што би искритикувала е тоа што некои изолирани сцени ми беа ептен дебилни и ме нервираа, како сцената кај докторот Николаис кога им објаснуваше како се наследува болеста, а овие двајца ко од Марс паднати, а болеста беше веќе во 6ти месец од првата манифестација, на страна тоа што некои работи ги објаснија порано во филмот, и тука пак ги повторуваа. Не разбирам како родителиве немаа до тогаш прочитано и разбрано се за болеста на нивниот син, мене ми е тоа несфатливо. 6ти месец од почетокот на симптомите, а Сарандон допрва дознава дека таа е носител на болеста и прашува зошто таа не е болна а нејзниот син е???? Еве јас деца немам, нека ми каже некој родител тука дали ако неговото дете е болно нема во истиот момент да се заинтересира и да се едуцира за болеста не неговото дете.
Болеста беше нова и самите доктори немаа доволно сознанија за неа. Родителите веруваа на докторите, тогаш тие биле изворот на сите информации. Тоа време немало интернет за да може со неколку клика да се дојде до сето знаење. Единствено место биле библиотеките, каде што и почнаа да одат родителите откако увидоа дека користените методи за третман беа неефикасни. Па и таму секогаш ги нема последните научни трудови кои се достапни само на стручната јавност. Затоа и ги организираа конференциите.

Ми се кинеше за тоа што го рече @moongoses за фармацевтската индустрија, зашто колку и да се надеваме дека ќе се најде лек за многу ретки болести, за жал точно е тоа дека најверојатно нема, баш затоа што се ретки и не носат пари.
Не го реков јас, @Violetova го рече, која патем не го репризираше :) Беше кратко спомнато, но фармацевската индустрија воопшто не беше на тапет тука. Иако тоа е реалноста, ако нема пари нема ни лек, сепак далеку од тоа дека не се истражуваше болеста и не се бараа методи за лекување. Не за секоја болест мора да има фармацевтски лек, како што видовме некои може да се лекуваат и со природни средства.

8/10
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
@SK-92, филмот е постар од инсомнија, така што не е таа. Евентуално ако инсомнија е инспирирана од некој мотив од делата што беа користени, па си ја препознал
Знам дека Инсомниа е снимена потоа, но делот на самиот старт кога он оди во библиотека да чита за прв пат поврзано со болеста ме потсеќа на овој дел од Инсомниа па се мислев да не е некоја класична нумера која е користена и во филмов и во Инсомниа.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Знам дека Инсомниа е снимена потоа, но делот на самиот старт кога он оди во библиотека да чита за прв пат поврзано со болеста ме потсеќа на овој дел од Инсомниа па се мислев да не е некоја класична нумера која е користена и во филмов и во Инсомниа.
Мислам дека те потсеќа на Тиесто (ставив линк, https://youtu.be/8tIgN7eICn4?t=104 1:44), не на Инсомниа, а на Тиесто преработката е од оваа
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.507
Поени од реакции
21.280
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
фармацевската индустрија воопшто не беше на тапет тука
Не беше главна тема, ама мене ми остана тоа од филмот како горчлива вистина.
@Violetova ... која патем не го репризираше :)
Го предложив дома, никој не беше заинтерсиран за ваков тежок филм. :(
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Јас не разбрав, зошто фармакомафијата се спомнува воопшто во контекст на филмов?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Јас не разбрав, зошто фармакомафијата се спомнува воопшто во контекст на филмов?
Не дека е нешто поврзано со филмот, туку онака само random thought кој произлезе по сцената во која тој докторот им посочи дека ни една фармацевтска компанија нема да сака да произведува / рафинира такво масло од семе од репка (или што и да беше тоа) од кое ќе бидат исфрлени тие C23 и C25 или како и да беа, зашто процесот би бил долготраен и скап и не би им се исплатело да произведуваат такво масло ако не е наменето за масовна потрошувачка, односно дека не би се замарале за мала количина, ако нема масовно производство.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Јас не разбрав, зошто фармакомафијата се спомнува воопшто во контекст на филмов?
Заради искривените сеќавања на @Violetova за филмов. :)
Па не се баш искривени, ете Zlatikevichius објасни :)
Автоматски споено мислење:

Инаку, медицината стигнала до некои сознанија за болеста, и застанала. До тоа масло немаше да се дојде да не беа упорни родителите да читаат, да проучуваат. Другите родители собираа пари преку здружение, си правеа средби, се тешеа меѓу себе, и толку.
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Не дека е нешто поврзано со филмот, туку онака само random thought кој произлезе по сцената во која тој докторот им посочи дека ни една фармацевтска компанија нема да сака да произведува / рафинира такво масло од семе од репка (или што и да беше тоа) од кое ќе бидат исфрлени тие C23 и C25 или како и да беа, зашто процесот би бил долготраен и скап и не би им се исплатело да произведуваат такво масло ако не е наменето за масовна потрошувачка, односно дека не би се замарале за мала количина, ако нема масовно производство.
Па не се баш искривени, ете Zlatikevichius објасни :)
Фармацевтската индустрија воопшто не беше спомната. За рафинирањето на маслото бараа хемиски компании. Баш конкретно го прашаа еден од докторите на симпозиумот дали воопшто се обидел да побара таква компанија, на што тој одговори негативно. Со упорноста во барањето, родителите најдоа некој што ќе го направи тоа и ја демантираа предрасудата.

Медицината не застанала, туку бавно напредувала. Родителите прилично го забрзаа процесот затоа што беа лично засегнати. За тоа е и филмот.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Родителите прилично го забрзаа процесот затоа што беа лично засегнати. За тоа е и филмот.
Така де, ама не е работа на родител да бара лек, освен ако е медицинско лице, нели?
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Фармацевтската индустрија воопшто не беше спомната. За рафинирањето на маслото бараа хемиски компании. Баш конкретно го прашаа еден од докторите на симпозиумот дали воопшто се обидел да побара таква компанија, на што тој одговори негативно. Со упорноста во барањето, родителите најдоа некој што ќе го направи тоа и ја демантираа предрасудата.

Медицината не застанала, туку бавно напредувала. Родителите прилично го забрзаа процесот затоа што беа лично засегнати. За тоа е и филмот.
1627236329591.png
1627236451720.png
1627236532225.png
1627236598325.png
1627236662659.png
1627236721146.png

На овој момент мислев. Во случајов односот меѓу „хемиска компанија“ и „фармацевтска индустрија“ е најдобро опишан со „исто срање у различно паковање“. Па тие не бараат уље за подмачкување осовини на коли, for God's sake, бараат лек / суплемент. Истиот ако сака и дрвар од дрварска компанија што бичи граѓа нека го направи, сепак е лек / суплемент, и за негово одобрување за употреба одговорна е FDA во САД, а FDA одобрува храна и лекови, а не хемиски препарати. Врти - сучи, и ни еднаш да не бил спомнат зборот „фармација“ во филмот, за тоа се работи.

1627237242993.png

Еве уште еден момент кој го потврдува истото. Дополнително, Lorenzo's Oil го создал британскиот научник Дон Судаби, во тоа време вработен во хемиската компанија Croda International, која започнала со работа во 1925 година, со производство на ланолин, природно заштитно масло кое се содржи во волна од овци, а кое (меѓу другото) денес се користи за подмачкување на брадавици на доилки, за да не пукаат за време на доењето. Денес Croda (пак - меѓу другото) произведува диететски суплементи, најчесто такви кои содржат липиди, како на пример Омега-3 маслата. Сето тоа се нешта кои се продаваат во аптека. Такво е и маслото на Лоренцо - суплемент кој се користи во третманот на ALD. Затоа хемиска компанија, нормално, ама останува впечатокот дека на истиот начин на кој овој суплемент беше тешко да се направи зашто болеста беше „too small to be noticed“, и лекови за други ретки болести ќе бидат, се, или биле занемарени зашто немало пари да се финансираат истражувањата.

Е, на ова мислев. ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom