FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
A Woman Under the Influence


Немам што да дополнам, веќе се сте кажале. Мене ме освои филмот со тоталниот хаос што се случуваше околу неа, Ник што немаше појма како да се носи со неа и глумата на Џина. Тоа што делуваше ефтино на моменти и аматерски не ми пречи у филм со низок буџет и снимен пред толку време. Се согласувам со коментарите дека приказната заврши таму и каде што почна.

8/10


И мило ми е што повеќето го гледавте, како за прв филм очекував полоши оценки ама добро е, ќе се потрудам следниот пат подобар филм. :D
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Кој е на ред?
За неколку часа ќе заврши денов :)
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Станува сè потешко да се најде наслов што никој го нема гледано, барем од оние што се следиме на Letterboxd, па затоа пријатно се изненадив кога сосема случајно најдов таков филм.

Џорџ Милер е најпознат по филмовите за лудиот Макс. Иако нема голема филмографија, жанровски е прилично разновидна и препознатлива по неговиот раскажувачки стил.

Филмот што ќе го гледаме тематски се надоврзува на претходниот, повторно се работи за една семејна драма, но овојпат многу поемоционална.

Предлогот за следниве две недели е „Лоренцовото масло“
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Ох, јас сум го гледала, и ова е тежок филм, ама на некој начин има среќен крај: родителите успејаа да истуркаат лекот да се најде. :)
Не знам дали пак да го гледам за оценка, или да се присетам што оценка би ставила
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Ох, јас сум го гледала, и ова е тежок филм, ама на некој начин има среќен крај: родителите успејаа да истуркаат лекот да се најде. :)
Не знам дали пак да го гледам за оценка, или да се присетам што оценка би ставила
Добро што си го гледала, но не мораше крајот да го откриеш :)
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.067
Поени од реакции
8.123
Ништо спешл многу некако аматерски на моменти филмов ми делуваше, одвај го изгледав а и Нолти италијанец драпај си мевот со тој акцент ми одеше на живци 2,5/5
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.180
Поени од реакции
8.812
Lorenzo's Oil
Животот е постојана борба.

Нема нешто полошо од немоќноста да направиш нешто за да помогнеш на некој кој толку многу ти значи, посебно па за родено чедо. Сигурно и оние што се родители малце поемотивно ќе го доживеат филмот, иако и мене ми стоеше грутка, се замислував во таква ситуација и морници ме лазеа.

За ваков филм не можеш да кажеш дека е лош или неинтересен, пошто игра на карта на емотивност и не можеш да останеш рамнодушен, освен ако си сосема ладнокрвен лик и пазиш само на другите детали во филмот. Секако дека имаше и такви моменти, ама поради темата што ја обработува некако се небитни.

Не сакам да гледам физички страдања посебно кај деца, сум гледала и ме враќа на тие времиња и ептен ми е жал.
Уште потешко и на родителите со такви деца. Борба, страдања цел живот.

Детево ептен ми се допадна како глуми, ликот на мајката ептен специфичен, силен, борбен, емотивна приказна и тоа е тоа. Реков за вакви филмови не можам да кажам дека се досадни или лоши, па и оваа оцена е голема иако ја сметате за ниска.
6/10
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Lorenzo's Oil - 7/10
Вистинска приказна во која отворено ја гледаме скриената вистина дека фармацијата е индустрија што ја движат парите, а не е хуманитарна организација која се труди да најде лек за сите болести. Ова е вистината и за сите ретки болести (не само за конкретната болест во филмот): луѓето се оставени сами на себе доколку бројот на болни од таа болест е мал. Нема зошто да се бара или да се произведува лек што ќе го користат (читај купуваат) само мал број на луѓе во светот, истражувањата за таков лек за индустријата се „фрлени пари“.

Ете ова за мене беше поразително кога го гледав филмот првпат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom