FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
6 септември 2007
Мислења
8.086
Поени од реакции
8.135
Не го познав Плумер да си ебе векот

Дур легнав у креветот да уживам тој веке да ти заврши филмот, ти ебам филм ебено предобар 5/5
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.784
Поени од реакции
33.574
Lorenzo's Oil го гледаа дури 16 души, што е за 3 повеќе од претходниот филм во клубот, и доби средна оценка 7,2, што е една од највисоките по рестартот на клубов. Го испуштија само:

- @Imperatorot - втор неизгледан филм (жолт картон)
- @Gazpapir - трет неизгледан филм (црвен картон). @Gazpapir -е, шта се с'тобом дешава?

Следниот предлог, како што веќе сите знаете, е Оскаровецот The Sound of Music , предлог на @grande-juve , кој сите се сеќаавате, беше предложувачот и на првиот филм воопшто во клубот, All About Eve, исто така Оскаровец кој помина одлично меѓу нас тука. @grande-juve беше предложувач уште и на: Singin' in the Rain, Final Cut: Ladies and Gentlemen, Day for Night, Local Hero, My Sassy Girl, The Red Shoes, The Man Who Planted Trees и Alone in the Wilderness, што значи ова е неговиот десетти филм во клубот!
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.784
Поени од реакции
33.574
The Sound of Music

Убав филм! Мојот 65 од 93 освојувачи на Оскар за најдобар филм. Симнат одамна, негледан заради должината. Ама помина брзо, иако го гледав со еден прекин, кој, за среќа се погоди баш за време на Intermission-от, но мојот Intermission мораше да потрае неколку часа. Искрено, тој втор дел и помалку ми се допадна, зашто малку го го смени тонот во нешто помалку ведар. Ме потсети на Mary Poppins на Heidi и малку на Bedknobs and Broomsticks (заради сцената кога скокаа на спалната од Марија). Ми се допаднаа сонговите, иако се повторуваа, нешто што е многу често во мјузиклите од овој период, овојпат не ми сметаше толку многу и не ми беше досадно. Приказната малку стереотипна, ама тоа ваљда од денешна перспектива, што знам? Инаку, прв пат го гледам Кристофер Пламер како млад актер, жално е што годинава го изгубивме, актериште беше! И не знам што повеќе да кажам за филмов. Не е некој филм кој ќе отвори којзнае каква дискусија, ама е дефинитивно вистински одмор по неколкуте тешки приказни кои ги гледавме минатине неколку недели. 8/10 од мене.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.242
Рак фатив. Мјузикл, бљак. Стар као библија. Предугачок. Ме замараше.
Приказната океј, ама замараше пеењето до бескрај, на рати го глеав, едвај издржав.
Едино добро првите 2 3 минути, кадрите од планините и езерата, се додека не почнаа да пеат калуѓерките.

2ка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Моите песни, моите сништа (1965)

Филм снимен според бродвејски мјузикл, кој е направен според книга, која опишува вистинит настан. Но сето тоа премногу романтизирано, како што знаат да направат во Холивуд.
Филмот е направен да биде забавен, затоа ликовите и ситуациите се стереотипни. Ликот на вујкото на пример редовно го има во вакви филмови, стар ерген со задача да биде комичен и да ги „турка“ работите во посакуваната насока. Понекојпат овој лик може да е и тетка. Тука е и баронесата, од високите кругови со уштиркано држење. Секако сиромашната девојка што ќе го освои принцот и самиот тој што е бестрашен војник, но ќе потклекне на шармот на девојката.

Приказната е тука само за да се испеат песните и тука филмот едноставно е брилијантен, заедно со камерата и сценографијата. Вкупниот впечаток е дека е одлично спакувана целина, што и после половина век е интересна за гледање и покрај должината. Во кино сигурно впечатокот (би) бил уште посилен.

7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.784
Поени од реакции
33.574
Форумов го чекав само ради натпреваров. @Zlatikevichius ради техничкиов проблем филмот може ли да се продолжи до следниот викенд т.е. до 17.08?
Да, форумот не беше достапен 9 дена, затоа продолжуваме со The Sound of Music до 22.08, односно до следната недела.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
*Благодарение на неспособноста на техничката служба, Гранде има ексклузивна чест рецензијата да му ја пишувам седната на тревник под Ајфеловата кула

Филмот беше прекрасен и мене многу ми се допадна позитивноста и наивноста во него. Џули Ендруз преслатка како секогаш во филм во којшто и како Мери Попинс главна преокупација и се деца. Песните се супер и заразни, мој личен фаворит е Favorite Things, а исто така и на Гранде, Ариана Гранде. Мое мислење е да завршеше филмот со свадбата ќе беше подобар, бидејќи понатаму веќе со нацистите и бегањето ми снема интерес, а и поента. Дури и предолго ми беше за епилог, не знам колку траеше ама ми се чинеше ко половина час да беше што ептен too much, од тој дел бегството од бината беше најинтересно и може за тоа само вредеше целиот тој вишок дел. А до таму филмот ми беше идеален, одличен спој на филгуд, хумор, и музика.

9/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.700
Поени од реакции
27.627
Ех, не можам бе.
6/10.
Колку и да е срцка Џули... мислам дека му е поминато времето на филмов во комбинација со мојата старост.
Веројатно во тоа време, а можеби и во поново време, на 13-14 години би ми бул супер и би ми биле интересни децата и не би сфатил ништо од тоа Хитлерите но... театарско ми е многу, плотот мех веројатно затоа што е клише и на некој начин копи пејст од Мери Попинс.

Мери Попинс ми беше супер, тука покрај Џули, на помош дојде и Дик Ван Дајк кој беше прејак. Ама овде немаше Дик Ван Дајк, и ефекти...
ПРЕ-ДОЛГ.

 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
The Sound of Music
Мене не ми се допадна многу, и јас на рати го гледав, а ретко го правам тоа.
Љубовна приказна во позадина, нацисти исто во позадина, многу пеење, убави фотографии од планините...
И толку отприлика.
4/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
The Sound of Music

Еден од омилените мјузикли, без проблем ме внесува у тој свет што го создава Марија. Филмов е за ширење позитивна енергија и за песните кои се одлични и ме тера да си потпевнувам и затоа ми е полн погодок.. Единствено при крај излегува од позитивата и песните, добива помрачен тон и тој дел делува како подолг од што треба.
Исто така преубаво е снимен и секој пат уживам во кинематографијата.
Џули е харизмата на филмот, ама и Пламер со децата се супер.

8,5/10

Во следниот мој предлог присуството на музика ќе биде обратно пропорционално во споредба со овој и ќе биде постар од библијата, ако библијата ја сметаме од 1965та
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Тhe Sound of Music ми беше гњаважа за сите пари.
Сето тоа бесмислено пеење на детски песнички ми беше напорно, наместо забавно.
Не сум некој фан на мјузикли, па можда и тоа има влијание, можда е и до тоа што содржински не видов ништо интересно или невидено досега. Досадно и предолго.
Можеби и ќе добиеше повисока оцена од мене, да беше чиста драма со пократко времетраење и без сето непотребно певушкање. Во овaa форма од мене добива само 4/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom