FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.406
Поени од реакции
9.289
Кај има некоја листа на кој што предложил, кој гледал, што оцени дале? Како порано тоа со црнилата и коцките :P
И што е сега условот за да бидеш член? Каде да се зачленам? Имам книшка ама од порано....
П.С Видов Лаура некој ја предложил :love:
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Кај има некоја листа на кој што предложил, кој гледал, што оцени дале? Како порано тоа со црнилата и коцките :P
И што е сега условот за да бидеш член? Каде да се зачленам? Имам книшка ама од порано....
П.С Видов Лаура некој ја предложил :love:
Кај си ма Хоуп? :love:

листа на кој што предложил, кој гледал, што оцени дале како порано тоа со црнилата и коцките
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Кај има некоја листа на кој што предложил, кој гледал, што оцени дале? Како порано тоа со црнилата и коцките :P
И што е сега условот за да бидеш член? Каде да се зачленам? Имам книшка ама од порано....
П.С Видов Лаура некој ја предложил :love:
Да не се разведе?
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.406
Поени од реакции
9.289
Да не се разведе?
За моја среќа и твоја несреќа.. Не :P
Еве сум ма Корвус, видов дека е од тебе предложена :P
Јас една година Џин Тирни ја носев на аватар, ама не се сеќаваш пошто не се знаевме, тогаш ти беше на места кај што се пие исклучиво само суперхеројски чај :P
Ајде, ќе си делиме, ги има доволно :D
 
Член од
10 октомври 2011
Мислења
6.098
Поени од реакции
9.903
Andhadhun


Прв индиски што гледам, супер што си предложил таков филм, ама ми сметаше индиската шабанарија, на моменти лоша глума, еден куп жанрови измешани, 5 минути е љубовна мелодрама, 10 минути трилер, па 5 минути комедија, па 10 драма, па ај пак 10 минути трилер.

Скокање од една сцена на друга ко ски скокови во Гармиш Партенкирхен. (n)

А се обидов да му најдам што повеќе добри страни, али ми беше напорен наместо lots of fun.

Муце немој да се наљутиш, посебно сега кога се сложуваме супер, али предлогов не ми легна. :(
Од мене 6/10, кис.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Ако се важи за филм предложен претходно:
Soul (8,5/10)
Филмовите на Pixar (тие што сум ги гледала - Finding Nemo, Toy Story, Ratatouille, Coco, Brave, WALL-E) се весели и поучни, приказната секогаш го задржува вниманието, па така ми беше и со Soul. Малку ми сметаше што во сценариото се држеле до раширеното верување за душите: дека постои дел каде се создаваат нови души, па дека има учители/ ментори на душите, дека „напредните“ души во земскиот живот се обични незабележителни личности, дека постојат изгубени души, и слично. А можеби токму тој дел врз кој се гради приказната е најинтересниот?

Како и да е, кога ќе се видиш себеси како другите те доживуваат, а не како сметаш дека треба да те доживуваат, кога сфаќаш каде грешиш, и ако решиш да се поправиш (сето ова му се случи на главниот лик) - катарзата е постигната. :)
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.247
Поени од реакции
3.168
Andhadhun

Го изгледав пред некој ден, заборавив да пишам тука. Прв филм од тие што ги изгледав во клубов, да ме заинтересира приказната. Филмот беше солиден, а ќе беше уште подобар да имаше подобра глума.

Кога го опишаа бацево ко бодибилдер, а тој типичен цигански муфљуз :D
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.978
Поени од реакции
55.053
Филмов кога го предложи Анон го отворив на имдб да видам што е, 2:20 индиска комедија, мистерија, трилер, драма, музика, све и свашта од жанрови.. и го прочитав дескрипшнот и така остана. Беше симнат скоро една недела и денес му дојде редот. Само го пуштив и го глеав, све што запамтив беше дека е 2:20 некој индиски филм.

И на почетокот океј доека се отвори приказната, ко што вика Виолетова, малце беше досаден, спор влез имаше, плус овој свиреше една иста мелодија 2-3 пати у брз временски период, нели со мачката прво, па после со девојката коа се запозна, па уште еднаш, и си викам цело време ли едно исто ќе свири.
Доека не дојде да настапува у клубот на Софи. Многу убава песна пееше, еве ми свири на рипит цело време.
Прво мислев нешто ќе тераат љубов, бла бла, за да ми здосади и да го исклучам. Ама, дојде на ред откривање на фејк слепилото, приватната забава и нозете што ѕиркаа позади ѕидот... и рака на `срце` добра беше милфицата.
И тука се отвори приказната.

Во продолжение нема да замарам многу многу, ок има некои наивни работи ама тоа ќе го препишам на хумор факторот (така да го наречам) односно лабавиот тек што филмот го имаше уште од сам старт.
Ќе се согласам во целост со постот на Вокерка.

Мене ми беше интересен, ниеднаш не проверив колку е саат, ниеднаш не ми беше досадно, глума и слично не ми играше некоја посебна улога пошто од кај да знам каков е стилот на Боливуд и слично, секако нема да глеам други индиски филмови па да иам со што да споредувам. Малце ме фати језа од тие инсертите од старите индиски филмови што порано ги имаше на БТР, КРТ, ШУТЕЛ и сличните локални телевизии. Фалеше уште кобра да игра коа пееше тој стариот актер у младоста. :Д

Генерално добар филм и мило ми е што наидов на ваков предлог, пошто сам секако немаше никогаш да го одберам. Ми легна добро. 8/10 оценка.

Индискиот Оскар Ајзак.


на на на веке сурааа веке сурааааааа веке сурааа на нанкеееееееее
 

Хоуп

ümid edirəm
Член од
13 април 2012
Мислења
2.406
Поени од реакции
9.289
Ваљда поради слатчето што правело слатчиски работи. И јас би така исто фино.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom