FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Andhadhun

Ме купи уште у првата третина со ром-комот, срцка беше женската, а откога се видоа фамозните нозе почна трилер возењето кое беше прејако, а на крај џунгла, комедија, heist вибрации, кој преживее ќе раскажуе.
У еден здив го изглеав, внесен целосно, добра музика.. ќе му простиме за некои мали наивности и понекоја избрзана монтажа. Премногу пресврти ама у случајов не беше негативно тоа..

Јака 8ца, добар предлог..
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Чо бе златен? Кој ти ја зема играчката? :D
Не му се свиѓал филмот, а ме сака.
Спрема сеа некоја негативна рецензија и внимава што ќе пише за да не ме повреди.
Не сакал ни да го оцени на ЛБ за да не нè спојлне дека е тоа :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Не му се свиѓал филмот, а ме сака.
Спрема сеа некоја негативна рецензија и внимава што ќе пише за да не ме повреди.
Не сакал ни да го оцени на ЛБ за да не нè спојлне дека е тоа :D
Ко ќе го гледам, ќе дознаам и сам дали ми се свиѓа или не. :love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
ANDHADHUN

Кога бев мал индиските филмови ми беа асоцијација на тажни љубовни приказни, плачки и лигавење. Сите чекаа кога има индиски филм на МТВ и не смееја да го пропуштат. Сигурен сум дека имам гледано минимум 10 такви од кои на ниту еден на ништо не се сеќавам. Дури, како мал имам гледано индиски филм и на кино, ама исто така, ништо не памтам за тој филм, освен дека цела сала плачеше. Мене ме воделе оти веројатно немало со кого да ме остават дома. :D После дојде Касандра, па турските серии и сВе ојде во неповрат. Освен овие боливудски излети, искрено, не се сеќавам да сум гледал современ боливудски филм (да, го имам гледано The White Tiger, ама тоа е боливудски филм исто онолку колку што беа Slumdog Millionaire, Life of Pi или Lion - повеќе е холивудски take на Боливуд отколку индиски филм). За Andhadhun имав слушнато претходно, и од @Anon , зашто знам дека го гледаше кога ги гледаше сите филмови од IMDB TOP 250, а и сам го имам видено, меѓу индиските филмови таму, и нормално го избегнував дека индиски. Можеби ќе му дојдеше некогаш редот, ко ќе ги потрошев сите останати од IMDB TOP 250, ама тоа ќе беше којзнае кога. Вака, клубов е одличен изговор да се преселиме малку во шуткастите предели на Индија. Искрено, очекував многу Jai Ho! танцови, едно чудо шаренило и шуткасти работи, ама освен шуткастите работи, немаше ништо друго такво, што е навистина за поздрав.

Е сега, за филмот - морам да кажам дека почетната сцена не наговестуваше ништо големо. Зајакот беше ко да го нацртале во paint. Толку неприродно и лошо CGI не сум видел уште од трејлерот за таа македонската „серија“ што ќе ја снимале. Нејсе. Првите 30-40 минути потоа, сосема се смени впечатокот и навистина се внесов во филмот. Баш ми се допадна оригиналноста, и сцената кога ќе појде да свири кај таа дома, и се појавија нозете, ме потсети многу на Fargo (после видов дека режисерот навистина ги црпел инспирациите од Fargo зашто бил огромен фан на серијата и филмот). Значи се беше топ, супер! Арно ама, кога почна се да се закашкува, и да не се знае кој пие, кој плаќа, со сите тие 300 пресврти, толку многу ме потсети на онаа узречица: „се молат Ромите да не прават цигански работи“, што дефинитивно му симна една оценка на филмот. (Не сум „расист“, ама последниов месец имав толку многу немили настани со припадници на гореспоменатата етничка група, што не можам а се повеќе да не верувам дека сите муабети за нив се крајно точни). Крајот, со лименката - предвидлив, очекуван, ама сосема ОК, зашто остана отворен: не знаеме дали кога и раскажуваше на Софи го излажа целиот последен крај на приказната и можеби навистина и ги зел очите на Сими курвата, или можеби во текот на тие 2 години низ Европа си направил сам некаде легална операција.

Генерално, позитивен впечаток. Ми го задржа вниманието од почеток до крај, навистина уживав во филмот и освен тие некои замерки за зајакот, монтажата и други техникалии, остатокот и повеќе од само гледлив. И ќе му дадев осмица, ама заради целата калакурница во приказната во која уште вонземјани фалеа да дојдат и да го пополнат тој sci-fi сегмент кој недостасуваше во цел тој дрнч, реков, добива една оценка подолу од мене. 7/10, ама well done, @Anon -че!
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.825
Поени од реакции
5.934
Се мислев вечер да пишам натенане од компјутер, ама еве кратко ќе срочам од мобилен иако Злате веќе се нагласил.

Уште кога почна филмот со зајакот и најкрш CGI што сум го видел у живот. Она Александровото оро што го правеле од Аустрелиа на Јутјуб изгледа топ спрема ова. Увреда е за пеинт, на дигитрон правено.
Ајде океј, не ми сметале и претходно лоши ефекти и нискобуџентни филмови, па замижав преку таа, и сите останати сцени кај кои се гледаше дека филмот е сниман со 5 пари.
Втората работа што ми засмета е глумата. Актерската екипа како од Бандини правец да ја собрале. Ми го даваше тој боливудски филинг, небаре Малечката невеста ја гледам.
Па уште кога го убиваа мажот и ставаа во куферот, мрдаше со раката.
Ајде и преку тоа замижав и си реков, може ќе понуди интересна приказна со црн хумор. А потоа, почнаа да прават 300 пресврти, не гледа, па гледа, па ќор е, па просветление добива. Па де се сакаат, де се мразат, де се местат едниве, па другиве, 5 минути најголеми ривали, во следните 5 имаат доверба како да се членови од фамилија. Како што рече Злате, "се молат Ромите да не прават цигански работи." Тука и ме изгуби некаде филмот и го догледав на ауто мод, без никаков ентузијазам.
Згора на се, музичките делови ми беа лоши бидејќи не ми се допаѓа индиската музика, хуморот не ми легна, напротив, ми беше кринџ.
Мамо, мамо, сакам хумор како во Фарго.
Доста. Имаме ние Фарго хумор дома.
Фарго хуморот дома: Бандини.

Развлечени сцени, непотребни, кои не водат никаде. Ликови без изградени концепти, карактери, ветрушки, што се вртат на една, па на друга страна, низок буџет, приказна иако можело да се извлече нешто од неа, не добро раскажана.
1/3 беше океј, штета потоа што замислата не беше добро прикажана.
Од мене добива една под просечна 4-ка.
И веројатно ова ќе е unpopular opinion зошто гледам сите на летербокс сте му залепиле 4 ѕвезди, и едвај чекам сега да ве читам, да видам каде не сме се совпаднале. :D

П.С Да не звучам ксенофобично мрчаторски, Слaмдог Милионер ми е единствен гледан индиски филм и ми беше предобар. Му имам 8 ставено. Овој, не е како него.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Слaмдог Милионер ми е единствен гледан индиски филм
Slumdog Millionaire не е индиски филм: британско-американска копродукција е, во режија на Дени Бојл. Индија нема никакво учество во филмот, само што актерите и голем дел од дејството се случува таму. Нешто слично е и со Life of Pi, и со Lion, ко што реков. Единствено The White Tiger може да се нарече до некаде индиски, ама и тој е холивудски филм сместен во индиски сетинг.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.369
Arkansas - го гледаа 14 души и му дадоа средна оценка 5,7. Имало и полошо, така што, и ова не е така лошо. Плус @SK-92 , твојата оценка која е? Таа не е запишана во статистиката.

Го испуштија:
@wot , @Комита Ултрас и @Beric Dondarrion - на сите прв неизгледан
@bobipp - втор неизгледан (жолт картон)

Andhadhun - @bobipp , @Gazpapir , @Anon , @Комита Ултрас , @moongoses , @Beric Dondarrion , @__Vita____ - имате уште 3 дена за да го гледате.
Автоматски споено мислење:

А, да, @Violetova - која е твојата оценка за Andhadhun?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom