FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
одма да ми ги објасниш.
Објаснето е во деловите кои не си ги цитирал.
Дури и овој некако во повеќе нивоа ЕКСЕЛИРА, Шошенк и Гамп маваат на неверојатна приказна и емоции, а овој мава на повеќе нивоа.
Ааа ти ги хејташ и другите, добро, само за Американ Бјути може да „признаам“ хејт, за другите не. Трето полувреме е троловаќа. Или не е. Злате?
3 саата филм а вниманието ми го држеше едно 50 минути на почетокот кога мислев дека ќе гледам драма во време на војна
Ха! Мене па баш ми се допадна што гледавме повеќе дешавки после војната затоа што некако све ми е гледано за време на војна и има можност за досадност/клишеа.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Ааа ти ги хејташ и другите, добро, само за Американ Бјути може да „признаам“ хејт, за другите не.
хахаха ја овој нејќам да се хејта бе. :D
Топ филм, ама Шошенк и Форест ми се поблиски па затоа застанав повеќе во нивна одбрана.

Ха! Мене па баш ми се допадна што гледавме повеќе дешавки после војната затоа што некако све ми е гледано за време на војна и има можност за досадност/клишеа.
Ок да, може лошо се изразив, веќе видени сценарија ми се и мене тие воени периоди, љубов, страдање бла бла. Само сметав дека главен протагонист ќе биде девојката и нејзината судбина во тој период пошто ми беше интересно на почетокот и нејзината приказна. После кога она заврши, се отвори сосема нов дел од филмот, 2 саати една иста дешавка што ми беше досадно, тешко и напорно за гледање.

Техничкиот дел од филмот беше добар, ко што пиша и ти во првиот пост, за тоа нема збор.
Сценариото, ќе се повторам, досадно и глупо.

За оценка ќе почекам некој ден да видам до кај ќе ми иде паметот, мада не верувам дека ќе е поголема од 5.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Werk Ohne Autor

Англискиот наслов воопшто не одговара со правиот наслов на филмот.

Ова не е романтичен филм. Бар јас не го сфатив како романтичен филм.

Воведот беше поприлично шокантен, интересен и требаше да ја даде насоката по која ќе се движи, развива и кулминира самиот филм. Но, потоа, филмот се развива во друг правец, иако стоејќи од страна прашањето од самиот вовед, демнејќи, чекајќи, и градејќи тензија за тоа што требаше да не очекува на самиот крај.
Третиот дел скроз почна да се развива во друг правец, артистички би го нарекол и не можев да го поврзам комплетно со првите "два дела". Ја немаше таа посакувана кохерентност која би требала да ја има еден филм, според мене.

Самата должина беше еден своевиден проблем кој тежеше низ целото гледање. Развлечени, според мене и доста непотребни сцени кои можеле да се скратат. Можело да биде спакуван во еден многу покомпактен начин кој верувам дека подобро ќе допреше до гледачот.

Не е прв пат да гледам долг германски филм. Изгледа Германците си имаат кејф да прават долги филмови. Уште еден оваков е Unsere Mutter, Unsere Vater, кој според својата големина е поделен и направен како мини серија, иако некаде дефилира и како целина, како филм.
Верувам дека и овој да беше направен на ист начин, ќе беше подобро прифатен.

Сум гледал доста филмови за самата Втора светска војна, за повоениот период... Еден од нив е и овој што го напишав погоре. Потоа го имавме во клубот Goodbye Lenin, одличен саркастичен филм кој ни го долови животот во Источна Германија.
Скоро го гледав и полскиот Cold War...

Сценографијата беше одлична, како и самата музика во филмот, иако на моменти, посебно кога беа во Западна Германија имав чувство дека сме во денешницата. Не знам дали со тоа сакаа да ни покажат колку е понапредна или едноставно имаше по некоја "грешка" каде се прoвлекла некоја сцена со елементи од денешницата.
Сето ова, кога ќе го споредам со Cold War, ќе кажам дека полскиот филм многу повеќе успеа да ме привлече со својата кинематографија, сценографија и музиката.

На моменти, не ми беше јасно и однесувањето на докторот, кој имаше агенда против неговиот зет, за подоцна, дури и осакатувајќи си ја својата ќерка само да не го продолжи сојот плашејќи се вајда од можните лоши гени, за потоа истиот во "третиот дел" да гледа да му помогне на секој начин, да успеат во новиот живот.
Космичката правда беше незадоволена, бар за мене, иако главниот лик го пронајде својот мир, сепак за мене нешто изостана.

Прочитав на интернет дека филмот е сниман по вистински настан, и е своевидна автобиографија на германски уметник за кој не сум знаел, ја прочитав и поголемата слика позади филмот, но, каков е тој филм ако не може самиот преку својата приказна да извлече безбројни емоции од тебе?
Може и самата должина, некохерентност, како и тоа што го гледав на дури 3 пати си го направи своето.
Може, јас видов само неповрзани броеви, без значењето меѓу нив.

Се мислев да му дадам 7, но споредувајќи го до горенаведените филмови кои повеќе ми се допаднаа, од мене има:

6.5
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Never Look Away (2018)

Прашањето е дали ова беше филм или минисерија од три епизоди?
Јасно се одвоени трите целини низ кои го следевме главниот лик во три децении од неговиот живот. Лик, чијшто сон за сликар беше попречуван и ограничуван од моменталните државни идеологии и политики. Приказната поаѓаше во повеќе правци, но речиси секаде како да завршуваше во слепа улица. Секоја гранка завршуваше нагло, како да постоеја да ни дадат само информација за тоа што се случило со ликовите и ништо повеќе. Затоа отсуствува и емоционалната поврзаност со ликовите.

Ми се допадна фотографијата на филмот како и музиката, иако на моменти знаеше да биде и непотребно предраматична.
Морам да признаам дека очекував да има разоткривање и како последица на тоа да се воспостават сосема различни односи помеѓу ликовите. Но авторот одлучил вистината да ни ја открие само нас, а не и на ликовите. Нешто што е многу поверно во вистинскиот живот. Гледано отпосле, тоа ќе беше само последица на уште едно сосема случајно откритие, какви што веќе ги имаше повеќе.
Ми се допадна и ликот односно актерската изведба на докторот. Пардон, на професорот.

И покрај должината не изгледаше предолг ниту досаден, но имаше сцени кои можеа да бидат пократки или потполно да се исфрлат. Исто така има и празнини коишто би можеле да се надополнат и сево ова да функционира како вистинска минисерија со уште некоја епизода.

7/10
Автоматски споено мислење:

На моменти, не ми беше јасно и однесувањето на докторот, кој имаше агенда против неговиот зет, за подоцна, дури и осакатувајќи си ја својата ќерка само да не го продолжи сојот плашејќи се вајда од можните лоши гени, за потоа истиот во "третиот дел" да гледа да му помогне на секој начин, да успеат во новиот живот.
Па баш мотивот и не му беше да му помогне, туку да го понижи. Според неговото гледиште, работата што му ја најде беше соодветна за неговото „фалично“ потекло.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Never Look Away

Еден од филмовите кои барем за мене не го исполни својот потенцијал заради желбата да биде претенциозен и артистички. Филм кој всушност се три различни филмови очајно, и на моменти патетично обидувајќи се да бидат целина. И сето тоа, не би било толку лошо и трагично доколку сите приказни конвергираа на крајот, а тоа не се случи. Додека го гледав постојано бев во некое исчекување нешто да се случи, да има некаква кулминација, момент што ќе го засени цел филм и ќе му даде некаква поента и завршница. Филмот иако пријатен за гледање со прекрасни кадри и кинематографија, беше безидеен и не успеа да фати никаков правец за трите часа што ги имаше на располагање. Глумата беше маестрална од страна на сите, а посебен шаутаут мора да се даде како на професорот, така и на Оливер Масучи кој дел од нас го знаат од ДАРК (препорака за тие што го немаат гледано, кхм...), и навистина имам огромна почит за овој човек, а благодарение на филмов и за Себастијан Кох. Останатите добри, меѓутоа ништо особено впечатливи. Може да се каже дека сум благо разочарана од филмов, не премногу бидејќи не ни имав огромни очекувања, меѓутоа ниту сум нешто особено изненадена од исходот. Во секој случај, не може да ми се допадне филм што не води кон ништо, и во којшто постојано нешто се случува, а исто ко ништо воопшто да не се случува. Се осеќав празно кога го изгледав, како воопшто и да не сум го гледала. Високата оценка му е исклучиво за стилскиот печат, ама од аспект на приказна премногу разочара, и можеби не толку заради приказната колку заради (не)реализацијата на самата идеја.
Тоа вообичаено се случува кога филм не знае што сака да биде, а во овој случај Never Look Away меѓу другото не знаеше дали сака да биде арт или приказна.

7/10
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
На ниеден не му се свиѓа ама летаат високи оценки, после Џонтра бил стоката неписмена што дава мали оценки и хејта преценети филмови. :kafence:
Никогаш немој да се водиш по бројки за филмови, не само што за сите извесна оценка различно вреди, туку и секој дава приоритет на различен аспект од филмот врз кој што го оценува. Нормално е ти да му ставиш 5 ако тебе не ти е гајле за естетика, ама јас не ја земам само приказната во предвид особено ако на филмот приказната не му е во преден план, овој филм беше естетски и мора тоа да се награди, како што мора да се казни неквалитетот во раскажувањето.
Во оценувањето филмови, бројките се едно големо ништо, средна вредност на повеќе параметри.
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.462
Поени од реакции
9.180
Werk ohne Autor

Претенциозен и досаден филм, со разфрлени сцени без никаква целина во приказната. Генерално не ми се допаѓаат вакви претенциозни филмови. Филмот трае 3 сати, а приказната комотно може да се вметне во времетраење од 1 и пол сат. Не уживав воопшто во филмов, премногу долг, а приказната и дејствието бавни. Би сакал да кажам дека во филмов има тотално непотребни сцени, ама не можам ни тоа да кажам затоа што како една сцена да ја гледам одново и одново. Ми се чини дека 30 % од сцените во филмов беа скали, 30 % беа секс сцени, останатото дел од приказната. До толко ми беше монотон филмов, буквално вака кога ќе се сетам само на скали и голотија ми текнува. Едино крајот ми беше добар и колку толку ми го поправи впечатокот, посебно музиката, но севкупно филмов ми беше досаден и едвај чекав да заврши.

Од мене оцена, 6/10.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Пред некоја недела додека работев и слушав на youtube музика, рандом почна некоја француска песна, не знам од каде и зошто почна ама песнава беше прекрасна, гласов на пејачкава ( Françoise Hardy ) беше прекрасен, ме наежи, не знам ни збор француски ама песниве нејзини толку длабоко ме хипнотизираат што не можам ни да го опишам чуствово. Епа, по некоја коинциденција песната што ја слушнав тогаш рандом на youtube сега ја слушнав во филмов. Солзи ко на аниме карактер од што се наежив. Пола оценка рипна само ради тоа.

Werk ohne Autor

Се каам што го пуштив вчера вечер, а не кога првично ми беше планиран, во петок. Филмов не заслужува да биде гледан на два пати, заслужува да биде гледан во еден здив. Некогаш краток филм знае да изгледа за предолг, овој пат долг филм изгледа за краток. Па јас би гледал уште 5 саата од филмов. Ама баш во ниту еден момент не осетив досада.
Љубов, уметност, политика, војна, нарцисизам, идентитет... филмов има се. Сето тоа гледано од перспектива на еден млад уметник. Имавме и одличен негативец. Прекрасна глума на Себастијан Кох, толку добро ми го долови карактерот што имав гадење од него. Од секогаш сум мислел дека ако сакаш да доловиш наци нарцисоиден шовинист одбери германец да ти глуми :D
Реченицава многу добро го опиша, Because he wanted to keep it so pure...he only succeeded in extinguishing his own bloodline.

Некако сум без зборови, сакам да објаснам зошто толку ми се допадна, на страна од тие работи што Анон ги наброја, има нешто што ме фасцинираше, а не можам да го опишам. Дефинитивно ќе се навратам за брзо и ќе пробам да разберам.
И да, уметноста е субјективна. За тоа ќе има такви што им е досаден и предолг, исто ко мене што ми беше досаден и предолг Sling Blade.

9-ка од мене. Со оглед на тоа дека ќе го гледам наново за брзо, може и да порасне. Стиснат сум некако со 10-киве, не ми се даваат.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.772
Поени од реакции
33.515
Хахахахаха, па 5 години се тагнував секогаш кога немав гледано филм, прв пат гледате? Да биде сè регуларно, да не речете после - еве овој не го гледал, а предложува. BTW, мене ми е гледан, само сакам да го репризирам пред да пишам нешто. Инаку, по првото гледање сум го оценил со 10/10.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.250
Поени од реакции
3.173
Многу е долг некако, не ми се гледа толку време, а да испадне дека не чини. :cautious:
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Never Look Away

Од старт бев скептичен дали да го гледам или не, на рака ми се бројат филмовите од 3+ саати што сум ги гледал и тоа со причина. Сфаќам да е голема приказна па да те вози филмот 3 саата, ама филмов можел комотно да е 1 филм или 3, или мини серија или ништо. Очигледно го делиме сите истото мислење дека филмов се дели на 3 дела, и сите 3 фатија некој различен правец. На почеток одлично почна дури и ми ги крена емоциите и очекувањата, ама на неколку пати и ми ги спушти на земја.

Голем љубител сум на филмови од втора светска и на драми, можеби тоа и ми беше одлучувачки за да го изгледам филмот ама скроз ме разочара. Да би требало да ги оценам сите 3 дела од филмот, веројатно би добиле различна оценка. Првиот дел да си го фатеше правецот мислам дека ќе беше филмиште. Имаше интересна приказна, развој, и емоции. Вториот дел монотон до бесвест, се дешава нешто ама уствари ништо. Безброј дијалози што не водат нигде, и многу непотребни развлечени сцени.
Третиот дел го врати во живот малце филмот, кога си го пронајде своето јас и направи одлични слики поготово сликата од него, Елизабет и професорот во комбинација. Не бев разочаран што не дозна дека ја пронајде вистината, баш ми беше кул и малку различно.
Разочаран бев што ликовите се провлекуваа низ сите 3 дела, а немаше никакво поврзување со нив. Разочаран бев и од тоа што Елизабет како главен двигател на цела приказна и за целиве 3 саати и посветија малку време. Такво ремек дело од убавина требаше да добие малце повеќе т.е. поголемо поврзување на ликот.
Безвезе билдање тензија 3 саата. Спор и бавен а сепак брз, не можам да го разберам филмов. Исто како што не можам да ги разберам уметниците. Некогаш е толку едноставно, ама они го прават да биде сложено и комплицирано.

Глумата од сите беше маестрална и никаква забелешка. Професорот ми остави најсилен впечаток, језив беше на моменти. Сценографијата, музиката и фотографијата нема да ги коментирам секако беа ремек дело.

Посебен впечаток ми остави сцената кога на академијата беа запалени политичките плакати проследено со:
"Only in art, freedom is not an illusion."

7/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom