FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Ве читам, сите имате напоменато дека е предвидлив, а скоро сите имате високи оценки дадено.
Убав беше текот и приказната на филмот.
А да, заборавив да го споменам и интервјуто на почетокот...Зошто ли побогу требаше ова? Како ја спремаа за интервјуто, правеа амбиент за Карл мислиш ќе прават муабет со Менсон или Тед Банти. Ајде и тоа да помине под маса, демек не запозна со кој е и што направил Карл за да дојде до тука, ама според мене многу поубаво ќе беше да дознаевме покасно. На пример ко што му се отвори на Франк за бебето, да имаше некоја таква сцена и да дознаевме зошто бил во болницата. Ќе ми беше многу потрагично така ако дознаев. Воопшто не ме поврза тоа на почетокот.
Сакаше набрзинка да не запознае со приказната. Ова мене ми беше тешка сцена, ок не баш како кога се отвори за бебето, од нигде никаде, ама и ова беше доста моќна сцена. Сега можеби уште ми се тазе импресиите од филмов, можеби ќе претерам ама таа сцена ми беше ко да го глеам Ентони Хопкинс ко Ханибал Лектор таму.
Сакаше и да не запознае со ликот, дека е ментално болен, дека е убиец и некако да стрепаме цел филм што ќе се деси. Да не заплашува. Кај мене успеа ова.
После тоа иде малце what the fuck дел. Се запознава со детево, му кажува кој е и што направил и детево е ко...ха види го ти него, ами ај живот иде даље јебига. Па и во рок од 10 минути се всели во гаражата негова.
Тука се согласивме сите дека е малце наивно сето тоа. Ама ко што објасни Злате, реднек америка, можеби и стварно луѓето биле малце наивни и смотани, ај да не употребам погруб збор.
Не запознаваат со колешката на Воган и Линда, и оваа се затрескува во Били му носи цвеќе и ја снемува од планетава земја...Што се постигна со тоа?
Осети љубов Карл, прв пат во живот. Осети како е некој да го сака.
Па и со играњето фудбал со Френк. Јас ја осетив хемијата помеѓу Френк и Карл и пред таа сцена, па и пред сцената со цвеќето за малата спонзоруша.
Карл беше повторно жив тука, ја осети сета убавина на детството што никогаш го немаше.
Ми беше премногу комично и тоа како го уби. Му вика ќе те убијам, овој ништо не му враќа и прави, само му кажува бројот на полиција и дури му кажува дека ќе треба и амбуланта да викне и Карл станува, замавнува и на овој тогаш му светнува хахаха. Кое човечко битие нема да изреагира соодветно ако некој ментално заболен седи до него со катана и му вика дека ќе го убие?
Пичка од карактер беше Дојл, тоа ни стана јасно коа се испичка откако малиов го разнесе со све и свашта од куќава. Лингур и безживотно копиле.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.332
Поени од реакции
27.890
Пичка од карактер беше Дојл, тоа ни стана јасно коа се испичка откако малиов го разнесе со све и свашта од куќава. Лингур и безживотно копиле.
Не знам зошто, ама очекував овде да се појавиш со објаснување дека се умртвил од алкохол па затоа не изреагирал. :D
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Осети љубов Карл, прв пат во живот. Осети како е некој да го сака.

Карл беше повторно жив тука, ја осети сета убавина на детството што никогаш го немаше.
Не ми требаше мене да има сцени со жена за да сфатам дека Карл осетил љубов и осетил како е првпат некој да го сака. Се тоа го осетив со односот негов со Френк. Во принцип Карл никогаш не ни бил жив, кога раскажуваше за минатото и дека се криел во шупа оти сите биле лоши кон него не наговестува дека бил жив. Jас осетив дека Карл за првпат осети живот кога го запозна Френк. Со секој разговор што го имаше со него се поставуваше ко татковска фигура. Доволно ми беше на крајот кога ја стави раката околу него да сфатам се што требаше да се сфати во тие две-три сцени.

Затоа мислам дека стварно немаше потреба во филмов жена да се вметне, ама па можам и да разберам од каде идеш ти и како го чуствуваш ти тоа.
Автоматски споено мислење:

Сакаше набрзинка да не запознае со приказната. Ова мене ми беше тешка сцена, ок не баш како кога се отвори за бебето, од нигде никаде, ама и ова беше доста моќна сцена. Сега можеби уште ми се тазе импресиите од филмов, можеби ќе претерам ама таа сцена ми беше ко да го глеам Ентони Хопкинс ко Ханибал Лектор таму.
Сакаше и да не запознае со ликот, дека е ментално болен, дека е убиец и некако да стрепаме цел филм што ќе се деси. Да не заплашува. Кај мене успеа ова.
Знаеш што ми сметаше највеќе во оваа сцена? Што ми даде некоја лажна претстава за Карл, очекував после во остатокот од филмот да се понаша буквално ко некој сериски убиец со растројство. Каде после во филмот осети Карл така да се претстави? Па сите нормално се понашаа со него и он до некаде беше во својата нормала. Дури и кога Дојл врескаше по куќата, Карл мирен седеше. Значи буквално никаде во филмот не го осетив Карл како што ме спремаа да го осеќам со тоа почетно интервју.
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.778
Поени од реакции
33.551
Солиден старт првата недела, ама може подобро! Надвор уште вее снегче, температурата е -8, а денес е недела = совршена прилика за чајче или топло чоколадо пред ТВ, и филм од 1996. @ob1 , @Васил МКД , @devilko , @ElNinho , @Leo Bonnie , @DaedaIus , @bobipp , @Shawn Spencer , @123456 , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @wot , @moongoses , @grande-juve , @Erich Zann , @ManUtdChampions - што ве спречува?
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670

Уфф, да ти одговорам на прашањето. Ова ко Драга Кајгана пост ќе ми дојде, па затоа во спојлер ќе оди. :ROFLMAO:

Прошла недела од понеделник до сабота бев во Маврово на одмор, се вратив со корона, во понеделник сабајле немав мирис и вкус и се тестирав - позитивен. Во текот нa оваа недела, првите 2-3 дена бев малце малаксан (иначе генерално сум сосема океј, да не се грижите :D), па не стигнав да ги пратам предавањата од курсот од Бреинстер (пошто прво тие од прошла недела ги немав гледано, кога бев на одмор нели и плус едно од претходно мислам) и влегов во викендов со 5 предавања од по 2 саати во минус кои мора да ги изгледам до вторник за да може да си го фатам редот пак конечно.

На неделно ниво ни даваат и Челинџи, и рокот на последниот челинџ ни е до вечер 23:59, а јас не сум го ни почнал. Плус работам втора работа, на која треба 20-30 саати неделно да посветам (плус 40 на регуларната, плус обавезите од курсов - признавам, не е уопште здраво и ќе откачам кај и да е :D) и таму имам накои 3-4 саати работа до вечер за да ја комплетирам неделава. Ааа да, и Јунајтед играат од 3, ама многу веројанто ќе пробам да ги гледам со мултитаскинг - едното коло на ТВ, другото на лаптоп. Се надевам само брзо ќе го решат мечот, оти ако е тесно последните 20тина минути нема теоретска шанса да се можам да се концентрирам на било што друго.

За денес, сето ова од погоре ме спречува. Но гледам дека дедлајн за филмов е наредна недела - така да давам збор дека ќе го изгледам. Само да го преживеам денов. :D
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Не знам зошто, ама очекував овде да се појавиш со објаснување дека се умртвил од алкохол па затоа не изреагирал. :D
хахаха па и тоа, мртов пијан и помирен со судбината дека е дно од лик. :D
Не ми требаше мене да има сцени со жена за да сфатам дека Карл осетил љубов и осетил како е првпат некој да го сака. Се тоа го осетив со односот негов со Френк. Во принцип Карл никогаш не ни бил жив, кога раскажуваше за минатото и дека се криел во шупа оти сите биле лоши кон него не наговестува дека бил жив. Jас осетив дека Карл за првпат осети живот кога го запозна Френк. Со секој разговор што го имаше со него се поставуваше ко татковска фигура. Доволно ми беше на крајот кога ја стави раката околу него да сфатам се што требаше да се сфати во тие две-три сцени.

Затоа мислам дека стварно немаше потреба во филмов жена да се вметне, ама па можам и да разберам од каде идеш ти и како го чуствуваш ти тоа.
Да, ама ова беше друга љубов, поинаква.
Осети живот со Френк, точно, другарче ко што никад немал во животот. Сцената со рагбито јас ја гледам баш на таков начин, си играше како никогаш претходно.
Знаеш што ми сметаше највеќе во оваа сцена? Што ми даде некоја лажна претстава за Карл, очекував после во остатокот од филмот да се понаша буквално ко некој сериски убиец со растројство. Каде после во филмот осети Карл така да се претстави? Па сите нормално се понашаа со него и он до некаде беше во својата нормала. Дури и кога Дојл врескаше по куќата, Карл мирен седеше. Значи буквално никаде во филмот не го осетив Карл како што ме спремаа да го осеќам со тоа почетно интервју.
Можеби тоа и беше целта на режисерот. Јас на пример цело време се плашев дека ќе тргне на лошо кон тие што му правеа добро, бев претпазлив кон него и цело време навивав да не напраи никакво зло туку да остане таков излечен и смирен, каков што искочи од болница. Ко што пишав и во мојата рецензија.

Глеј, јас се слагам со твоиве забелешки и држат вода. Веројатно и јас истото би го пишувал ако не ми легнеше добро филмот. Го знам хејтерот у мене што гомно е и цела среќа што бев добро расположен и пријатно ми легна филмот.
Затоа и ваков дефанзивен пристап иам кон него и му ги оправдувам и бранам забелешките.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Прошла недела од понеделник до сабота бев во Маврово на одмор, се вратив со корона, во понеделник сабајле немав мирис и вкус и се тестирав - позитивен. Во текот нa оваа недела, првите 2-3 дена бев малце малаксан (иначе генерално сум сосема океј, да не се грижите :D), па не стигнав да ги пратам предавањата од курсот од Бреинстер (пошто прво тие од прошла недела ги немав гледано, кога бев на одмор нели и плус едно од претходно мислам) и влегов во викендов со 5 предавања од по 2 саати во минус кои мора да ги изгледам до вторник за да може да си го фатам редот пак конечно.

На неделно ниво ни даваат и Челинџи, и рокот на последниот челинџ ни е до вечер 23:59, а јас не сум го ни почнал. Плус работам втора работа, на која треба 20-30 саати неделно да посветам (плус 40 на регуларната, плус обавезите од курсов - признавам, не е уопште здраво и ќе откачам кај и да е :D) и таму имам накои 3-4 саати работа до вечер за да ја комплетирам неделава. Ааа да, и Јунајтед играат од 3, ама многу веројанто ќе пробам да ги гледам со мултитаскинг - едното коло на ТВ, другото на лаптоп. Се надевам само брзо ќе го решат мечот, оти ако е тесно последните 20тина минути нема теоретска шанса да се можам да се концентрирам на било што друго.

За денес, сето ова од погоре ме спречува. Но гледам дека дедлајн за филмов е наредна недела - така да давам збор дека ќе го изгледам. Само да го преживеам денов. :D
Лелееее а замисли и дете да имаше или не дај Боже деца...
Барем сигурно (ќе) вртиш јак кеш брату, две работи курсеви ова она, напредок у кариера.
 
ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Лелееее а замисли и дете да имаше или не дај Боже деца...
Барем сигурно (ќе) вртиш јак кеш брату, две работи курсеви ова она, напредок у кариера.
За жал сфатив нема јак кеш во државава освен ако немаш нешто свое што го продаваш и имаш неограничен број на купувачи/клиенти. Вака дали работел 8, 10 или 15 саати дневно за нешто над просекот е џабе, пошто на крај пак имаш линија. Ќе купиш нешто поголемо, ќе одиш на некој поубав одмор и пак од нула. На долг рок, вака ништо не правиме. xD

П.С. Немам дете, ама имам куче. На моменти знае да биде покомплицирано, верувај. :D
 
Последно уредено:

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.412
Поени од реакции
42.670
Го изгледав и јас филмов. :D

Назад некој имаше пишано дека е предвидлив - се согласувам, од авион се гледаше дека ќе го скине Дојл кога-тогаш. Сега не знам колкава способност за размислување би имал Карл и дали би одел до овој степен, ама (сакам да) мислам дека донекаде го уби за на малиот да не му текне да направи глупост (како што и тој самиот направил како дете).

Малце ми беше бавен на моменти искрено и ми фалеше малце тензија и excitement, меѓутоа тоа е сосема нормално за ваков тип на драма. Генерално беше океј филмот, Били Боб Торнтон маестрално го претстави ликот на Карл, перформанс за чиста 10ка.

За филмот како целина 7.5/10 од мене :)
 
devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.944
Ме изненадуваат позитивните реакции за филмот. Очекував дека многу ќе се жалат дека е долг, досаден и предвидлив, па поради тоа ќе добива пониски оценки.
Реално и ова му се и мааните на филмот што е развлечен повеќе од што треба и предвидлив. Тие што сте ги навеле вие, и јас ги приметив додека го гледав пред еден месец.
И позитивните критики кои ги наведовте, се баш оние кои ме привлекоа кај овој филм и поради тоа решив да го предложам.
Уште од самиот старт се гледа дека се работи за инди филм, без огромен буџет, без некоја претенциозност, дека е филм со обична емотивна приказна, можеби веќе видена, но сепак уникатна.
Она што го издвојува од масата овакви филмови за мене беше предобрата глума на Били Боб, и секако хемијата што ја имаше со детето. Како само добар кастинг направил со неговиот избор, секоја му чест. Тоа е, тоа, што го дига филмот на еден висок левел.
Не знам како не добил оскар за оваа улога таа година, но сите се сложивме дека конкуренцијата била голема. Го немам гледано Shine, па тоа ќе биде сигурно следниот филм на вачлистата.

Иако беше малку развлечен, со неколку непотребни сцени како што сте рекле, мене ми се допадна, посебно после гледање на многу нови филмови кои имаат fast pacing со многу cuts меѓу сцените, правејќи ги што е можно пократки, и за мој вкус, попластични, ладни, и нереални.

Единствената точка, каде што некој би помислил дека Карл може да почне нов живот беше моментот кога почна да работи, и сцената со жената која и се допадна иако јас уште во првата сцена кога беше во болницата знаев дека ако се најде во иста ситуација, пак ќе убие.

За тоа колку лесно го примија семејството, би рекол дека не е до толку чудно, знаејќи се сите таму, во малото градче, веројатно биле запознаени со целата приказна на кој начин го извршил убиството, па од една страна дури имаа и разбирање за него, а и не го сметаа како опасност и убиец.

Џонтра го опиша филмот најдобро што можеше да се опише, и после неговиот пост, секој е сувишен, мхм.

Тогаш се мислев меѓу 8 и 9, му ставив 8ца. Сега не го репризирав, уште ми е свеж, па ќе ја задржам таа оценка.

8/10

Sent from my ONEPLUS A6013 using Tapatalk
 
Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Џонтра го опиша филмот најдобро што можеше да се опише, и после неговиот пост, секој е сувишен, мхм.
@џимеј глеј ваму бе! :D Вака се искажува поштовање а не таму ради ситници да ми набацуваш грижа на совест и суптилно да ме вреѓаш ставајќи ме во ист кош со добропознатиот џган. :kafence:
Уште тоа ми фали у животов, морално да одговарам за туѓа смрт.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.778
Поени од реакции
33.551

Kajgana Shop

На врв Bottom