FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Ваквото однесување од водачот беше сосема очекувано затоа што јасно му даде до знаење унапред дека ставот таму е таков - не го сметаат оглувувањето за хендикеп, не го сметаат за нешто што треба да се поправи туку учат да живеат со него. Таму не го поправаат слухот, туку ја поправаат главата.
И Рубен со потегот отиде контра целата идеологија на кампусот, и водачот беше сосема разочаран дека не успеал Рубен да „ја сфати поентата“ па затоа, јас го разбирам недостатокот на емпатија.
Нема толку многу пропусти, колку што режисерот премногу слабо ги има објаснето поради неискуство претпоставувам.
Се гледа дека ова му е прв филм, а и фалеше малце поубаво да ги развие карактерите, поготово во ваква емотивна драма.

Во врска со девојка му, да чудно беше зашто така го остави, ама мислам дека не им беше тоа првичниот план.
Јас како што сфатив, овој да отиде кај сектата, а она да отиде да го сними албумот и да пробаат да соберат доволно пари за операцијата.
Првиот пат кога се уклучи на мејлот имаш порака со подршка од неа, е вториот пат кога се прикачи на нивната страна на бендот, виде како некој во коментари имаше ставено видео како ја снима дека пее во Франција.
Затоа он испопродаде се што имаше, во надеж дека ќе отиде и ќе ја врати.

За водачот, не мислам дека имаше недостаток на емпатија. Баш напротив, пробуваше да биде јак додека му соопштуваше на Рубен ЗАШТО нема поента да остане кај нив, за одкако стана Рубен и си отиде, човекот се распадна и почна да плаче.

Исто и со татко и, сите викаат зашто не им даде одма пари, ама првиот пат кога отиде Рубен во Франција и седнаа да ручаат со татко и додека неа ја немаше, он лично му кажа дека не го сакал, бидејќи се осеќал дека ја украл ќерка му од него.
Претпоставувам дека поради тоа не побарале помош од него, мислејќи дека ќе добијат категорично НЕ уште од старт.

Пак ќе кажам, ова е моја претпоставка. Затоа викам дека поради неискуство режисерот многу слабо ги има објаснето некои пропусти и дупки во сценариото.
Тоа што не му дозволи да се врати во кампот затоа што ја направил операцијата за враќање на слухот, тоа е принципиелност и тоа е ок. Си кажа јасно човекот уште на почетокот кои се правилата, ако ти чини ок, ако не, не си за тука. Но тоа нема врска со емпатија.
Во најмала рака требаше да го праша дали има каде да преноќи. Уште повеќе што овој го продаде комбето каде што живееше и само што му побара позајмица. Можеше да му дозволи да преноќи во некоја соба, без да се меша со останатите жители или да побара да не им кажува дека правел операција. И така сѐ уште беше глув, никој немаше да забележи некаква промена, и така носеше капа да ги сокрие лузните. Но овој го исфрли како куче. Не му ни посака ни среќа со враќањето на слухот ниту успех во понатамошниот живот.
Целото однесување му беше добредојден си ако ја прифаќаш догмата и беспоговорно ме следиш, ако не не постоиш. Тоа е комплетно отсуство на емпатија, себичност, да не именувам сега некои потешки карактерни пореметувања.

Имаше дузина начини со една реплика да ни соопштат зошто не бараат пари од таткото. Или дека побарале ама не им дал. Ниеден не искористија.
Всушност ние и не знаевме дека тоа воопшто е опција се додека пред крај не го отворија тоа прашање и ни кажаа. А воопшто и не мораше.
На крајот на краиштата таткото и не мораше да биде богат. Никакво значење немаше тоа за приказната или за ликовите. Можеше да биде и некој што се пропил откако ја изгубил сопругата и со долгови до гуша и баш му е гајле за ќерката и уште помалку за нејзиниот дечко. Но испадна баш спротивно на тоа, уште и благодарен на Рубен што и се нашол и што заедно излегле на прав пат.

А како што забележи и @ElNinho, на ниеден начин не беше кажано колку време тој помина во кампот. И по колку време ги виде сите две пораки од девојка му за кои не видовме дали и прати одговор.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Ми легна енергијата на Риз и неговиот карактер и цело негово патешествие за "враќање на нормала", а не соочување со реалноста и прифаќањето на немањето слух во неговото "ново нормално секојдневие".
Е сега, има пропусти во нарацијата и некои репетитивни сцени кои не носеа ништо за карактерите и филмот али со оглед дека фокусот беше на Рубен и неговата рехабилитација релативно брзо помина и последните неколку минути, посебно последната сцена го вади филмов со солидна 7-ка или 3/5 летербокс стајл. Јебига ми падна жал посебно поради тоа што се работеше за музичар затоа и високата оцена.

Да не се повторувам со исти замерки како членот @moongoses, би ги издвоил сцените со заминувањето на девојката во Франција и сцената кога таа почна повторно со тикот на чешање, ваљда како симболика за нанесување на болка сама на себе и прифаќањето на Рубен дека од тој момент дека ништо не можи да и понуди освен сивилото кое бдеело над неа во тие четири години во врската кога си биле столб еден за друг. Тоа беше профи обработено.

п.с. @Zlatikevichius :roker:
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.246
Поени од реакции
3.167
Просек филм, ништо посебно, на моменти дури иритираше и беше досаден. Многу нелогични ствари, посебно околу тоа „сектата“, не е хендикеп, ама нема да смее да користите ни телефон, ни кола, ни па да имате живот. Највеќе нелогично е што овој коа би го изгубил звукот би се мрднал, би го акнала тешка депресија, па уште и девојкава да замине, толку, скроз ќе пропадне човекот.
6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
Многу нелогични ствари, посебно околу тоа „сектата“, не е хендикеп, ама нема да смее да користите ни телефон, ни кола, ни па да имате живот.
Поентата со таа заедница беше дека преку пронаоѓањето на внатрешниот мир, можат полесно да ја прифатат новата состојба. Затоа дистракции како комуникација со надворешниот свет, телефони, компјутери, телевизори и сл, кои само би го нарушиле процесот, беа недозволени. Токму затоа и на Рубен единствената задача која му ја дадоа беше да седи сам, во скоро празна соба, само со лист хартија и пенкало пред себе. Мене воопшто не ми беше нелогичен тој дел. Не знам како поинаку би постапиле? Тоа ти е како, на пример, институција за одвикнување од зависности - нормално, им ги кратат сите патишта кои можат да доведат до relapse. Тука им ги кратат сите можности кои би ги одвлекле од спознавањето на внатрешниот мир.
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.246
Поени од реакции
3.167
Поентата со таа заедница беше дека преку пронаоѓањето на внатрешниот мир, можат полесно да ја прифатат новата состојба. Затоа дистракции како комуникација со надворешниот свет, телефони, компјутери, телевизори и сл, кои само би го нарушиле процесот, беа недозволени. Токму затоа и на Рубен единствената задача која му ја дадоа беше да седи сам, во скоро празна соба, само со лист хартија и пенкало пред себе. Мене воопшто не ми беше нелогичен тој дел. Не знам како поинаку би постапиле? Тоа ти е како, на пример, институција за одвикнување од зависности - нормално, им ги кратат сите патишта кои можат да доведат до relapse. Тука им ги кратат сите можности кои би ги одвлекле од спознавањето на внатрешниот мир.
На што ќе направи рилепс, ќе почне пак да слуша? :D

Внатрешен мир, се е тоа ок, јасна ми беше поентата, ама пак некако не ми држи вода целата таа организација и начинот на кој што работи. Можеби премногу длабински анализирам, ама филмот сака да биде таков.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
На што ќе направи рилепс, ќе почне пак да слуша? :D
Не дека он ќе направи relapse, споредив со таквите заедници за одвикнување од зависности чии членови би можеле да relapse-нат. Прочитај ја реченицата одново. ;)
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Sound of Metal

Проблемот со пишување рецензија меѓу последните е што веќе се имаат кажано пред тебе.

Да, тапа беше филмот.
Да, требаше да побараат помош од таткото.
Не, не се поврзав со ликовите.
Да, темпото на филмот беше многу лошо.
Не, немаше доволно емоции во филмов.
Да, супер беше идејата, и да, нејзината изведба беше ужасна.
Да, комплетна турлитава од филм.
Да, саунд миксинг и едитинг беа добри.
Не, не ми се допадна, освен изолирани сцени другото се беше многу лошо.

Сакам да кажам дека многу се пропаднати Оскарите ако овој филм е меѓу главните фаворити за Најдобар Филм, ама ми текна дека пред некоја година Manchester by the Sea исто така беше меѓу фаворитите, па сепак одамна им паднал критериумот, секоја година има по некој мртов филм што на Златикевичиус му е уфф многу добар одличен 9/10, глума супер, емоција пука, и го глеаш филмот, има некој мртов протагонист што има точно нула (0) емоции и фацијални експресии во распон од 2 саати и филмот прска од летаргија и мртвило и се прашуваш како Американците не си пукале во глава додека го гледале, кажи ни Златикевичиус што е со твојов фетиш за мртви филмови со ич емоции, каде точно ти ги гледаш емоциите во ликови што се изгубени во простор и време?

Да се вратиме на Академијата, глеам почнале да давааат номинации и фаворити да праат од филмови пошто имаат добра идеја. Дали е филмот само идеја? Од кога филм = идеја? Двава последни филмови во клубов со супер идеја, а реализација ужас, случајно или не и двата се фаворити за Оскарите. Што е тоа што го гледаат тие од Академијата во изведбата на филмовиве, а дел од нас тука не можат? Јасно ми е дека Холивуѓани се suckers за малцинства, лица со хендикеп, лезбејки/педери, црнци, унаказени, грди, и слично, ама ако само идејата на филмот ја оценуваат, дајте ќе пратиме една листа со идеи, не мора ни филм да снимиме па нека оценуваат, нема смисла секоја да година гледам пун курац просечни филмови со никаква реализација пошто биле Оскаровски, па да зеам оние од Златна Малина да ги гледам боље експериенс ќе имам каде каде од овие неимагинативни глупости што ми ги пласираат Оскарите секоја година.

Not my cup of tea, 6/10.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.977
Поени од реакции
55.047
Каква промена доживеа темава еј. :pos:
Првата половина од коментари, пука од задоволство и фалење што дури ми беше срам да бидам првиот хејтер и мрчатор за филмов. После мојот пост дрва и камења летаат. :D
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Каква промена доживеа темава еј. :pos:
Првата половина од коментари, пука од задоволство и фалење што дури ми беше срам да бидам првиот хејтер и мрчатор за филмов. После мојот пост дрва и камења летаат. :D
Джонтра кршачнамразови Вохохолта :D
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
кажи ни Златикевичиус што е со твојов фетиш за мртви филмови со ич емоции, каде точно ти ги гледаш емоциите во ликови што се изгубени во простор и време?
1. Читај подолу:
Единствено, некако како да ми фалеше малку повеќе емоција во филмов.
2. Секој човек различно ги доживува работите, па ете, така, на пример, ти им имаш дадено високи оценки (8, ако не сум грешка) на еден Doolitle, на пример, кој комотно може да биде прогласен за најлош филм не годинава, туку во последниве 100 години. Каде е емоцијата и ,,живилото" (контра ,,мртвилото" тука, нели) таму? Башка и кога спомна малини, веројатно најсериозен кандидат е годинава. Друг сличен: Detective Pikachu - растури од емоции, нели? Јас имам убаво напишано зошто сум го оценил со висока оценка, во што емоциите не одиграа улога, туку доживувањето додека го гледаш, како што најверојатно можат да се објаснат и твоите оценки на гореспоменатите филмови, и плус уште еден куп романтични комедии кои тебе те влечат, па затоа имаш дадено високи оценки за филмови кои реално пет пари не вредат, што е сосема ОК. Обратно од тоа, на пример, јас не сакам вестерни, па така вестерн филмови кои светската критика ги оценила високо и кои го победиле и забот на времето, некои станале дури и култни, мене ми биле досадни и сум ги оценил со ниски оценки, што веројатно пак е ОК. Оценките се, барем за мене, одраз на тоа како индивидуално сме ги доживеале филмовите во моментот кога сме ги гледале, а не тоа дали имало емоции во нив и дали актерот бил жив, мртов или жолт глушец што генерира струја.

3. Sound of Metal гарантирам дека нема да биде номиниран за Оскар за најдобар филм. Риз Ахмед - да, може и да освои. За декаденцијата на Оскарот, апсолвирано е, да не се повторуваме. ;)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Ми се допадна филмов.. справување со губиток(во случајов сетило за слух) и учење како да живееш со тоа. Сме гледале доста филмови на тематикава, не беше нешто невидено, али сосема солидно си ја заврши работава филмов и поготово последните 20тина минути и крајот му донесоа 8ца од мене.
Супер одглуми главниов лик, иако некако нападна му беше фацата, се препознаваа сите оние суптилни емоции.
Накрај малку ме потсети и на Умберто Д од Виторио Де Сика.
Ми долови исто и одредена доза на морничавост во деловите кога "(не)слушавме" од перспектива на главниот лик.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
11.689
Поени од реакции
6.592
Солидна драма. Колку да не потсети колку е важно здравјето кое повеќето го земаат здраво за готово, се додека не им се случи нешто непредвидено, неочекувано, па животот им се менува за 180 степени и се менуваат комплетно и ментално и физички. Кога се случува некаков хендикеп, од типот на овој во филмот, некој знае да западне во депресија, самотија, да се отуѓи од светот, од она што го правел дотогаш и што му било секојдневие. Некој се бори до крај и не се предава така лесно. Рубен беше негде на средина. Добар обид да се “одржи во живот“, но со слабата поддршка од Лоу, се чини немаше друг избор освен да го прифати “новото нормално“ и едноставно да се помири со судбината. Одлична изведба на Риз Ахмед и поради тоа, добива 7/10 од мене.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.367
Тука, на нешто помалку од 2 часа до истекот на рокот за Sound of Metal, привршуваме и со вториот филм од возобновениот Film Club, или 116 филм севкупно. Него го гледаа вкупно 19 членови (од кои двајца нови), и му дадоа средна оценка - 7,2. Моментално Клубот брои 27 члена, за кои ветив - сите ќе предложат по еден филм, по редоследот по кој постирале во темата до сега. Останува уште последниот, трет филм од новиот клуб за кој доколку има нови членови, исто ќе влезат во кругот од задолжителни предложувачи.

Е сега, за да биде појасно - ако по третиот филм, некој од членовите не го исполнува условот минимум 3 филма од последните 10 и минимум 1 од последните 3, истиот ќе биде скокнат и поместен на крајот од листата предложувачи. Сепак ќе му биде дадена можност да предложува, но последен! Затоа, бидете редовни!

Третиот филм, или 117 вкупно, ќе го предложи @Васил МКД . Јас го знам насловот на филмот, но како што е редот, ќе го оставиме него сам да си го презентира, а ако не се појави до утре вечер во 20:00 (во што се сомневам), ќе ви кажам јас кој филм ќе го гледаме следен.

Заборавив - Sound of Metal го испуштија: @DaedaIus , @Shawn Spencer , @SK-92 , @џимеј , @dragonsky , @Хефест , @Erich Zann и @ManUtdChampions . Нормално, за сите е прв испуштен. И нормално, секој може да надомести било кога, во иднина. Се важи!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom