FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Јас имав впечаток дека Реми беше тој што почна да се оддалечува од Лео, затоа што Лео многу лесно се вклопи во новото друштво, почна да оди на хокеј, да создава нови другарства и со тоа да го губи ексклузивитетот кај Реми.
Реми беше тој што го сакаше Лео само за себе, а не можеше да го задржи и почна да го избегнува, а со тоа и да искажува нетрпение кон Лео.

А можеби впечатокот ми е погрешен, а не ми се гледа уште еднаш да проверам :)
Не знам зошто си добил таков впечаток :)
Реми не би се убил ако сам решил да се оддалечува. Навреден беше дека другарот го губи.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Дури 12 гледачи за Close! Ова сме го немале веќе 8 недели. Добро е што Клубот полека се враќа на старите патеки. Следниот предложувач требаше да биде последен во кругот, но ете веќе имаме уште двајца нови, што е супер!

Средна оценка за Close = 7,2.

Го испуштија само @The Cooler King (прв неизгледан)
и @zmija1 - (втор неизгледан, жолт картон).

Следниот, 166 филм требаше да биде на @Erich Zann , но него одамна го немаме видено тука, па затоа ќе го скокнеме и следниот филм ќе го предложи @123456 . Секако, има уште време и за @Erich Zann да се врати и да предложува филм во Клубот. Ова е втор предлог на @123456 по The Dark Valley. Јас знам кој е филмот, вие не. @123456 ќе ни каже најдоцна до утре вечер, 20:00 часот. Ако не, јас сум тука!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Не знам зошто си добил таков впечаток :)
Реми не би се убил ако сам решил да се оддалечува. Навреден беше дека другарот го губи.
Имаше една сцена кога Реми му избега со точакот кога одеа на училиште и потоа кога Лео стигна и му пријде Реми му се дурлеше. Се правеше дека демек се е во ред кога Лео упорно прашуваше што му е.
Тоа е честа реакција кога наместо да работи на решавање на проблемот, тој враќа со иста мера и на ист начин. Најверојатно во психологијата има термин за таквото однесување.
Воведот на @123456 очекувам да биде само насловот на филмот, и толку. :D
Ако сме умни, можеби и линк ќе стави :)


п.с. филмов малку ме потсеќа на нашиов „Сестри“, иако во него многу подобро беа обработени ликовите а и самата приказна многу беше поуверлива.
 
Последно уредено:
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766
Фино го раскажав. Кој не го гледал, после ова нема ни потреба
:oops:
Лео и Реми се црно-бели ликови, барем до моментот на тоа несреќно прашање. Целосна спротивност еден на друг, како физички така и карактерно. Реми е смирен, срамежлив, а Лео отворен и борбен. Измислуваат игри, пргаво ѝ се радуваат на слободата. Малку се збунети на првиот школски ден, но заедно се и тоа е доволно.

Секогаш сме претпазливи кон непознатото. Прашањето на девојките, по мене барем, не е навредливо. Она што навредува е нивното боцкање, настојувањето за да си ја потврдат сликата која ја создале в глава и покрај тоа што Лео без заобиколување вели не.
„Можеби не сакате да признаете.“
Ооокеееј
befunky_2023-0-1_5-53-3.jpg
Кога Реми само панично гледа и се гаси, товарот да се одбрани од претпоставките паѓа на Лео. За да ги заштити двајцата, тој крева ѕид меѓу нив. Всушност ѕитче, затоа што сепак се обидува да балансира меѓу новата средина и старото пријателство. Се повлекува, но не целосно и баш тоа е овој момент.
Имаше една сцена кога Реми му избега со точакот кога одеа на училиште и потоа кога Лео стигна и му пријде Реми му се дурлеше. Се правеше дека демек се е во ред кога Лео упорно прашуваше што му е.
Тоа е честа реакција кога наместо да работи на решавање на проблемот, тој враќа со иста мера и на ист начин. Најверојатно во психологијата има термин за таквото однесување.
Хокејот станува издувен вентил, простор за ресетирање и кога Реми влегува во тој, условно речено, личен простор на Лео прави грешка. Кога го прашува што мисли за идејата да се приклучи кон тимот, тој молчи и тука всушност пука нивната блискост. Затоа за мене Close претставува филм кој го вади на површина сето она што го премолчуваме и го туркаме под тепих.

Не можејќи соодветно да се справи со чувството на отфрленост, Реми бесот за „предавството“ го канализира преку агресија. И солзи, а на тоа оној кој му бил најблизок му вели „ништо не е тоа, немој да плачеш, прекини со солзи“. Оваа плачка протестира на тврдењето дека солзите се резервирани исклучиво за слабаци! Ме замисли колку различно ги перципираме машките наспрема женските пријателства. Јас сум ужасно блиска со другарките. Споделувам сѐ, во занес знам да одам под рака, гушната на сред улица, сме спиеле во единечни кревети и на 11 и на 21, и никој, никогаш не ми поставил вакво прашање.

Несреќата го менува Лео. Нема експресија, но трауматскиот настан го затвора. Се прашува што се случило, дали го болело, на 12 години мокри во кревет. Ме погоди кога во кругот требаше да споделат спомен на Реми. Ужасно ме нервира кога деца се втурнати во лицемерието наречено „за мртвите сѐ најдобро“. Треба да делува исцелувачки, како знак на поддршка, но скоро секогаш во воздухот виси непријатност. И за оние кои се трудат да најдат утешителни зборови, а не го познавале вистински тој што заминал, и за оној кој останува сам. Броев секунди пред Лео да експлодира на изливот на Себастијан/ Салвадор/ како и да се викаше. Тагата која не е линеарна, најслободно се излива преку солзите кога ја крши раката.

Реми е весел, но не и среќен. Има сигнали кои укажуваат на тоа. Додека лежеа во детската и Лео го праша зошто не спие, му одговори: „Не знам, тоа е мојата глава, не престанува ама не е важно.“ Неспокоен, за време на концертот згрчен, исплашен како да е крај на сѐ. По настојувањето на Софи вратите никако да не бидат заклучени, остана само исчекување. И мене ми фалеше малку подобро да го запознаам, зашто вака ко да се потврдува дека е лик напишан за да го пополни Лео. Но, со репризата видов нешто кое на прва ми промакна - колку и тој се труди за нивното пријателство. Во обид да го расположи Лео, ја возобновува играта со измислените непријатели. Не му успева, но покрај намерата не е ни важно.

Одејќи низ полињата, кога им се крши другарство, фокусот е на Лео кој чекори право без да застане, додека во позадина Реми постојано се погледнува накај него. По скоро една година, во последната сцена, Лео трча по истото поле. Наеднаш застанува и долго гледа назад. Далиите симболизираат преданост и лојалност, најчесто ги поврзуваат со внатрешната сила и предизвиците кои човек може да ги поднесе. Оваа сјајна симбиоза е еден од најсилните столбови на Close.

People tend to believe grief shrinks over time. But what really happen is that we grow around our grief.
Колку и темите да се универзални, се чини дека последнава деценија светот наеднаш ги сруши табуата. Сфативме колкава штета прави булингот, колку е важно да се зборува за менталното здравје итн итн. Рушењето е секако привид, работите ги знаевме од претходно, а утопија за жал нема да достигнеме колку и да зборуваме за некои проблеми. Кога ваквите наративи се користат како магична формула за успех, знаат ништо да не испорачаат, а да оптоварат. Не мислам дека тоа е случајот тука, но ве разбирам зошто некои нешта не ве допреа или не ви се допаднаа, и се согласувам со дел забелешки.

Низ долги, репетитивни кадри работи деликатна тема. Набој од прекрасна глума. Едноставен е, дури и наивен, граничи со мелодрама. И претставува сѐ што сакам кај филм, а целта ми беше да пуштам филм кој ми е драг добро, и никој не го гледал Затоа ептен ви благодарам на сите што го гледавте, за секое зборче тука! Од мене има 8.5/10. За сите скршени пријателства, до сите кои се соочиле со загуба, до сите фелоу мекуши, а и до оние кои мизеруваа
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Фино го раскажав. Кој не го гледал, после ова нема ни потреба
:oops:
Лео и Реми се црно-бели ликови, барем до моментот на тоа несреќно прашање. Целосна спротивност еден на друг, како физички така и карактерно. Реми е смирен, срамежлив, а Лео отворен и борбен. Измислуваат игри, пргаво ѝ се радуваат на слободата. Малку се збунети на првиот школски ден, но заедно се и тоа е доволно.

Секогаш сме претпазливи кон непознатото. Прашањето на девојките, по мене барем, не е навредливо. Она што навредува е нивното боцкање, настојувањето за да си ја потврдат сликата која ја создале в глава и покрај тоа што Лео без заобиколување вели не.
„Можеби не сакате да признаете.“
Ооокеееј
Прегледај го приврзокот 364682
Кога Реми само панично гледа и се гаси, товарот да се одбрани од претпоставките паѓа на Лео. За да ги заштити двајцата, тој крева ѕид меѓу нив. Всушност ѕитче, затоа што сепак се обидува да балансира меѓу новата средина и старото пријателство. Се повлекува, но не целосно и баш тоа е овој момент.


Хокејот станува издувен вентил, простор за ресетирање и кога Реми влегува во тој, условно речено, личен простор на Лео прави грешка. Кога го прашува што мисли за идејата да се приклучи кон тимот, тој молчи и тука всушност пука нивната блискост. Затоа за мене Close претставува филм кој го вади на површина сето она што го премолчуваме и го туркаме под тепих.

Не можејќи соодветно да се справи со чувството на отфрленост, Реми бесот за „предавството“ го канализира преку агресија. И солзи, а на тоа оној кој му бил најблизок му вели „ништо не е тоа, немој да плачеш, прекини со солзи“. Оваа плачка протестира на тврдењето дека солзите се резервирани исклучиво за слабаци! Ме замисли колку различно ги перципираме машките наспрема женските пријателства. Јас сум ужасно блиска со другарките. Споделувам сѐ, во занес знам да одам под рака, гушната на сред улица, сме спиеле во единечни кревети и на 11 и на 21, и никој, никогаш не ми поставил вакво прашање.

Несреќата го менува Лео. Нема експресија, но трауматскиот настан го затвора. Се прашува што се случило, дали го болело, на 12 години мокри во кревет. Ме погоди кога во кругот требаше да споделат спомен на Реми. Ужасно ме нервира кога деца се втурнати во лицемерието наречено „за мртвите сѐ најдобро“. Треба да делува исцелувачки, како знак на поддршка, но скоро секогаш во воздухот виси непријатност. И за оние кои се трудат да најдат утешителни зборови, а не го познавале вистински тој што заминал, и за оној кој останува сам. Броев секунди пред Лео да експлодира на изливот на Себастијан/ Салвадор/ како и да се викаше. Тагата која не е линеарна, најслободно се излива преку солзите кога ја крши раката.

Реми е весел, но не и среќен. Има сигнали кои укажуваат на тоа. Додека лежеа во детската и Лео го праша зошто не спие, му одговори: „Не знам, тоа е мојата глава, не престанува ама не е важно.“ Неспокоен, за време на концертот згрчен, исплашен како да е крај на сѐ. По настојувањето на Софи вратите никако да не бидат заклучени, остана само исчекување. И мене ми фалеше малку подобро да го запознаам, зашто вака ко да се потврдува дека е лик напишан за да го пополни Лео. Но, со репризата видов нешто кое на прва ми промакна - колку и тој се труди за нивното пријателство. Во обид да го расположи Лео, ја возобновува играта со измислените непријатели. Не му успева, но покрај намерата не е ни важно.

Одејќи низ полињата, кога им се крши другарство, фокусот е на Лео кој чекори право без да застане, додека во позадина Реми постојано се погледнува накај него. По скоро една година, во последната сцена, Лео трча по истото поле. Наеднаш застанува и долго гледа назад. Далиите симболизираат преданост и лојалност, најчесто ги поврзуваат со внатрешната сила и предизвиците кои човек може да ги поднесе. Оваа сјајна симбиоза е еден од најсилните столбови на Close.

People tend to believe grief shrinks over time. But what really happen is that we grow around our grief.
Колку и темите да се универзални, се чини дека последнава деценија светот наеднаш ги сруши табуата. Сфативме колкава штета прави булингот, колку е важно да се зборува за менталното здравје итн итн. Рушењето е секако привид, работите ги знаевме од претходно, а утопија за жал нема да достигнеме колку и да зборуваме за некои проблеми. Кога ваквите наративи се користат како магична формула за успех, знаат ништо да не испорачаат, а да оптоварат. Не мислам дека тоа е случајот тука, но ве разбирам зошто некои нешта не ве допреа или не ви се допаднаа, и се согласувам со дел забелешки.

Низ долги, репетитивни кадри работи деликатна тема. Набој од прекрасна глума. Едноставен е, дури и наивен, граничи со мелодрама. И претставува сѐ што сакам кај филм, а целта ми беше да пуштам филм кој ми е драг добро, и никој не го гледал Затоа ептен ви благодарам на сите што го гледавте, за секое зборче тука! Од мене има 8.5/10. За сите скршени пријателства, до сите кои се соочиле со загуба, до сите фелоу мекуши, а и до оние кои мизеруваа
:bravobe: за рецензијата. Посеопфатна рецензија во Клубов одамна немам прочитано. И не можам да не се сложам со размислувањето за разликите меѓу машките и женските пријателства. Друг пример: додека е сосема нормално за две пријателки да одат заедно во тоалет, ако двајца пријатели го направат истото се знае кое размислување следува. Овие табуа се дури поизразени тука, на Балканот, па така да беа Реми и Лео - Ристе и Љупче, едниот многу порано ќе се самоубиеше, верувам.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.084
Поени од реакции
8.132
166 филм ке биде Legends of the fall
во главни улоги Бред Пит, Антони Хопкинс, гледан ми е повеке пати, а само моонгос го гледал од тука најактивните на оваа тема



An epic tale of three brothers and their father living in the remote wilderness of 1900s USA and how their lives are affected by nature, history, war, and love.

доста ви е увод :D
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Одличен предлог филм, ќе се кршат копја :icon_mrgr:

Инаку снимен според книгата на Џим Харисон.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Legends of the fall - Убаво е што ќе го има во Клубот, и мене ми гледан повеќе пати.

10/10
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Корвус фати дечко и ни стави крст на нас, бедниците овде што се трудиме од петни жили да преживееме. Фала ти. Не треба да ме цитираш да ми се правдаш бла бла. Покани ме на веридба а после и на свадба. :smirce: :smirce: :smirce:
I REGRET NOTHING! :love:
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.709
Поени од реакции
33.353
Zlatikevichius

Се важи оценката или треба да го раскажам филмот? :)
Оценката стои. Филмот не треба да го раскажеш за да не spoil-неш некој. А дали ќе напишеш рецензија или не е твоја одлука.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.976
Поени од реакции
55.041
Филмов има врвна кинематографија, обожавам ваква природа, вакви кадри. Новиве филмови со сета технологија и цги не им се ни до колена на филмовите од 90тите, дефинитивно најдобра и најквалитетна декада у историјата на киното. Си носат некоја посебна магија ваквиот тип на филмови.
Музиката истотака врвна.

Е сеа околу приказната, мене ми беше досадна, многу време помина а ништо не видовме, добив впечаток дека режисерот повеќе внимание посветува на кинематографија, кадри, празни сцени отколку да се сконцентрира на самата приказна. По 2-3 минути сцена, и одиме природа, шуми, реки, промена на годишни времиња па пак нова сцена и така 10-12 години поминаа.
Тоа заљубувањата и евтините романтики не ги коментирам, ме мрзи да хејтам, ама не запали тоа кај мене. Некоја минимална емотивна точка, да, ама ништо повеќе. И тоа највеќе се должи на носталгичните сцени, она коа поминуваат години па ликовите, нивната појава и нивното опкружување се малце изменети. Обично сакам такви филмови.

Не е лош филмов да се разбереме, ми се свиѓа, ова е тип на филм што кога би го начекал на тв би продолжил да го гледам дефинитивно. Коа сме на темава кинематографија, планини, љубов, глејте го Cold Mountain.


7.5/10 за Легендите на есента.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Legends of the Fall (1994)

Ова е еден од тие филмови за кои сум имал преголеми очекувања, поради тоа што ми го предлагале како одличен филм, но мене ми беше само просечен.
Да, одлична кинематографија, одлична природа, дури и атмосферата е погодена, само едноставно не ми легна мене на срце, очекував да биде нешто многу подобро.

Од мене добива 6/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom