FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Го гледав јас, ќе пишам рецензија во недела
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.826
Поени од реакции
5.937
Мене ми е гледан до пола и никако да најдам време да го завршам, а викендов тешко дека ќе најдам време затоа што ќе патувам. Така да, ќе го догледам во текот на неделата и тогаш ќе пишам рецензија. До каде што ми е гледан ми беше доста добар, па не сакам да го оставам така.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.274
Поени од реакции
781
Children of Heaven 1997
Егзистенциален ирански филм кој има порака да покажи дека не е се до парите и богатството битно е и другарството
и треба да се биде скромен п природа во иран ,кој децата ги учи на скронос да не се толку разгалени ит оа пак ќе речам не ги бива нешто иранците ни под исламизациата која ја птимија од арапите си го прави своето и санкците а си имаја своја религија зорантатизам и своја традиција ,тоа е е филмо со проста порака дека треба и сиромапните дас еприфатат во опшеството и се реалнос како такви ама некако не иде, 5 оцена
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
165
Поени од реакции
766


Добро мме, двајца од тројца учители го расплакаа детево. Потоа кога победи на трката еуфорично се сликаа со него, а никој, ниту еден, дури ни фотографот не се запраша зошто е тажно. Се надевам дека никогаш нема да бидам слепа пред детски емоции. Ми се допадна што како контратежа, малку заобиколено се начна и темата за важноста на добриот педагог преку ликот на наставникот кој му го подари пенкалото. Не го сакам принципот награда/казна, но беше поттик во прав момент, мало сознание дека секогаш следат убави нешта кога некој се труди.

Делот кога бараа работа во богатата населба ми беше доста мачен, посебно кога татко му се збрка на двапати. Насмевката што му ја упати на Али кога му помогна, ја протолкував и како нежна благодарност и како тивок пораз. Единствено во моментите кога си играше со малиот Алиреза, Али беше дете, дете кое чувствува безгрижност. И тоа е навистина тажно.

Релацијата која ја имаа со Захра беше чиста форма на љубов. Или барем јас како единица ја доживувам како таква. Меѓусебната пожртвуваност, трепнието кое го имаа еден за друг. Захра, колку мили очи, сонце!

Прекрасен филм, лекција како да се биде подобар човек. 8.5/10
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.541
Поени од реакции
34.841
Children of Heaven

Ептен сум слаба на филмови со деца:love:
Прекрасна семејна драма, која ќе ве врати во вашето детство (посебно родените во 80-тите).
Патиките кои живот значат. И за Али и за Зехра, подеднакво. Одлична глума, толку емоции, толку солзи и насмевки. Детската искрена и чиста душа, испретплетена со секојдневниот сиромашен живот и борбата за да се успее во намерата. Верувам дека секој што има брат/сестра ќе се пронајде во улогата на Али.
Нивните солзи, правеа да плачам со нив, нивните насмевки, да се смеам со нив.

8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.717
Поени од реакции
33.373
12 гледачи го гледаа Children of Heaven и му дадоа средна оценка 7,2. Го испуштија:

@devilko , @Corvus , @grande-juve и @Violetova - прв неизгледан (на @Corvus изгледан, само ја чекаме рецензијата :P)
@Комита Ултрас - втор неизгледан, жолт картон
@Setsuko - нејзин предлог беше ова, но со оглед на тоа дека немаше рецензија, го сметаме за трет неизгледан, и за жал - црвен картон. :( Се надевам дека наскоро ќе ни се врати.

Следен предложувач, за 153 филм во клубот е @Gazpapir кого ќе го оставиме да ни каже до утре вечер, 20:00, кој е неговиот предлог, а ако не ни каже, ќе ви кажам јас.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Children of Heaven

Многу убав, искрен, невин и истовремено суров. Децата беа фантастични со глумата, а нивниот однос брат/сестра како го изнесоа ми даде чувство како да се извадени од аниме на гибли.
Полн со суптилни и несуптилни чисти моменти на љубов, чесност, емпатија од кои можеме да научиме многу. Затоа иако делува како семеен филм со деца, сепак по мене нивото на тежина треба да му е хуманистичка драма.
8/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.826
Поени од реакции
5.937
Children of Heaven

Има нешто во иранската кинематографија што ги прави филмовите посебни, уникатни и на некој начин допадливи.
Социолошки теми, посебно прикажани преку очите на децата допираат длабоко во емоциналниот порив на секој човек.

Иако филмот не ми беше рафиниран до степен за да ме допре толку, се имаше највеќе потпрено на глумата на децата, кои, рака на срце одлично одглумија и можам да кажам дека го носеа цел филм на свој грб.

Му фалеше нешто плус за да ми биде вов, да ме остави замислен, скршен и заглавен во моите мисли. Пример како Graves of the Fireflies.
Баш поради тој Х фактор, т.е. недостатокот од него, од мене добива 7.5
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.029
Поени од реакции
6.691
Пред некоја недела помислив на филмов и видов на Летер дека само Јуве од тука го има изгледано. Едноставно е, јас сакам да го репризирам + вие го немате гледано.

Си се враќам на мојата традиција од предложување британски, па филмот што ќе го гледаме во следните две недели е Withnail & I.

1656887856766.png
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Children of Heaven

Ми се допадна мене филмов, беше краток и сладок. Децата беа ептен харизматични и симпатични особено сестрата која иако помала, одлично изглуми. Хемијата помеѓу нив беше прркрасна и одлично ги доловија сите емоции. Ми се допадна многу што следеше една наративна линија и не забегуваше со непотребни сцени и заплети. На моменти смешен, особено кога отиде малиот со таткото да бараат работа како градинари. А на моменти многу емотивен кога детето плачеше што победи на трката. Многу ми беше криво на крај што не ја видовме сцената кога таткото им ги дава новите обувки, и да им ги насмевките на детска среќа, цел филм беа некако тажни или исфрустрирани и загрижени, а ова ќе ми дојдеше баш така убаво на душата да ги видам конечно радосни. Ама ете си ја замислив таа сцена во глава и ми дојде убаво :X3:

7/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.541
Withnail and I (1987)

Двајца актери кои чекаат улога, патем цимери од кој едниот е нон стоп пијан, не знаат што со себе, па сега ние треба да го гледаме сето тоа.
Дејствието е во Англија, 1969-та. Филмот е преполн со дијалог меѓу двајцава главни ликови, прилично досаден со оглед дека не води никаде.
Ниту цитатите од различни драмски дела не помагаат. Имаше неколку комични ситуации, како градски деца (не) се снаоѓаат на село, но далеку од тоа жанровски да се одреди како комедија. Неколку музички хита од тоа време малку ја подгреваа атмосферата, но и тоа не помогна. Одлична изведба на Грифитс во улогата на вујкото, малку ги разби овие двајца.
Можеби функционира како омаж кон студентскиот или ергенскиот живот во Англија од тоа време. Но ниту сум од таму ниту од тогаш, така што не остварив никаква идентификација со ликовите.

6/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Withnail & I (1987)

Класичен британски филм. Двајца глумци без работа, а и очигледно без многу воља за живот пробуваат да успеат во истиот, баш како професионални актери, боемски. На моменти трагичен а на моменти смешен и забавен. Не знам зошто, ама мислам дека вакви британски филмови со сличен setting имам начекувано многу на телевизија. Глумциве си беа одлични двајцата, чичко Монти и мене би ме извадил од памет. Очекував дека и Withnail ќе добие среќен крај, ама може и го добива, ама не го гледаме ние. Исто така одлично искористени песни на Џими Хендрикс.
За тие што се навикнати на британски црн хумор и setting, добро е до го изгледаат.

Од мене добива 7/10.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom