FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време на секои 2 недели за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).
1653339523879.png
А ти, особено по вечерва, знаеш дека и една секунда е од енормно значење!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Amarcord
5/10

Не го сакам зборот гротескно а и неговото значење. Па затоа, не ми се допадна ниту филмов.
Не ми беше интересен и едвај 1-2 пати дали се насмеав, а тоа му беше целта.
Не можеш ти мене цел филм да ми покажуваш глупости од типот на:
Чичо, симни се од дрвото!
- Сакам жена!

20 минути траеше ова. Океј.

Не можеш да ми покажуваш занес по полномасни задници заедно со вонаби Малена, Градишка.
И на крај да ми покажеш некоја смрт и као ја да треба нешто да сочувствувам.
Океј барем не заврши така туку заврши со венчавка на Градишка.

Едино реално ми беше на почетокот врескањето по дома, некако се поистоветував со такви ситуации во животот, на едно или друго место.
А да, и добро беше тоа што гледав REMASTERED верзија од Ritrovata, можеби најдоброто студио за remastering. Сликата беше феноменална.

1653760297587.png
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
Amarcord

Ја ништо не сфатив од филмов. Што е ова? Која му е поентата и зошто воопшто постои ова дело? Зошто е снимен? Која е целта? Што сака да постигне?
Фелини, кур ме заболе за твојот пријател исто као што кур ме боли за твојот живот во 8 ипол, исто као што претерано кур ме здоболе и за автобиографскиот филм на твојот сонародник Сорентино и ракот наречен Божја рака.
Која е поентата на италијанскиве режисери што снимаат вакви безвезни филмови со неинтересни приказни од небитни ликови. Бог да чува.

Фала и да се не љубимо.
Кец.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
92
Поени од реакции
448
Amarcord (1973)

Одлично за мене што ми стоеше филмов во watchlist па си добив прилика да го изгледам. Ова е шеститот филм што ми е гледан од Фелини, и засега мислам дека се доволно.
Човекот и неговите филмови си се жанр сами по себе. Никогаш не сум им го разбрал нивното значење на некое филозофско ниво, не ни се обидувам. In other words ретко кога сум разбрал што сака да каже Фелини со филмовиве. Но, тоа не значи дека не ми се допаднале истите па така и овој.
Си имам некој affection кон италијански филмови и обожавам да го слушам јазикот на филм, така што немам што да кажам лошо за филмов.
Во врска со оцена, ќе си ја продолжам традицијата на неоценување на филмови од Фелини.
 
Член од
2 март 2022
Мислења
92
Поени од реакции
448
Amarcord (1973)

Одлично за мене што ми стоеше филмов во watchlist па си добив прилика да го изгледам. Ова е шеститот филм што ми е гледан од Фелини, и засега мислам дека се доволно.
Човекот и неговите филмови си се жанр сами по себе. Никогаш не сум им го разбрал нивното значење на некое филозофско ниво, не ни се обидувам. In other words ретко кога сум разбрал што сака да каже Фелини со филмовиве. Но, тоа не значи дека не ми се допаднале истите па така и овој.
Си имам некој affection кон италијански филмови и обожавам да го слушам јазикот на филм, така што немам што да кажам лошо за филмов.
Во врска со оцена, ќе си ја продолжам традицијата на неоценување на филмови од Фелини.
После добронамерниот совет од погоре. Оцена 7/10.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.326
Amarcord

И јас не сум некој не знам каков фан на Фелини, од двата што ги имам изгледано ништо посебно впечаток не ми оставија, ама овој многу ми се допадна,а и одамна ми е на радар и имав некакви очекувања од него, најмногу заради саундтракот на Нино Рота, кој е волшебен, магичен, и е засебен лик вo филмот, како и во сите филмови, Рота е мастерклас. Сакам вакви амбиентални филмови што те телепортираат у некое друго време и некое друго место, па дури и да се без плот како овој, прават да се осеќам како да сум дел од гратчето и луѓето што некогаш таму живееле.

Ликовите секој приказна сам за себе. Квирки и интересни за гледање, следење, и дружење со нив. Одлично бепе портретирањето на сите, иако само една фамилија беше во фокусот на нарацијата, преку нив и нивните интеракции со останатите, прилично детално се запознавме и со сите останати.

Некаде во текот на филмов очекував да има погреб, иако не сакав, за ваков филм кој сака да ги покаже сите обичаи и кастмс, очекував да го видиме и тоа. Но мислев дека ќе биде дедото, и дека ќе биде некаде на средина од филмот. Малку ме погоди што беше мајката, зашто на таков позитивен филм не му требаше трагичен настан со толкава тежина. И веднаш потоа беше свадбата на Градишка, што ми беше малку непријатен прелаз, со оглед на тоа што многу нагло ми се смени емоцијата на филмот.

Во секој случај, уживав додека го гледав, и поминав една прекрасна година која започна и заврши со пафболс во Борџо Сан Џулиано, мало гратче во близина на вечното почивалиште Римини на мојата муза Франческа.

8/10
 
Последно уредено:
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
Амаркорд (Се сеќавам) (1973)

Не сум некој голем љубител на Фелини и неговите современици и сонародници од добата на неореализмот, но го почитувам како автор. Исто како и неговите дела кои имаат личен и препознатлив авторски печат. Така и овој филм го содржи фелиниевскиот изглед, иако не е до толку циркуски како во некои од претходните.

Филмот е пресек за животот во едно приморско гратче пред втората светска војна. Низ различни епизоди се запознаваме со секојдневието на жителите во период од една година. Секоја епизода е како целина сама за себе, заеднички се само дел од ликовите. Така што приказната може скоро идентично да се движи и ако некоја епизода комплетно се исфрли или пак ако им се смени редоследот.
Така го имаме адвокатот кој не запознава со локалната архитектура и историја, како на градот така и на жителите. На почеток е редовен, но потоа се губи подолго време, па од нигде-никаде пак се појавува. Или нишката со локалната ороспија која исто има две-три појавувања на почетокот за подоцна воопшто да не се спомне. Така овие сцени ми останаа како недоречени или без добра причина зошто беа ставени, останатото горе-долу си беше ок.

Ликовите се исто фелиниевски, стилизирани и типизирани по една карактеристика доведена до екстрем. Неизбежна и жена со големи цицки.
Музиката феноменална и одлично вклопена.

Можеби да бевме италијанци од седумдесеттите, подобро ќе се соживеевме со филмот.

Уно, дуе, тре - трррт.

7/10
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
Мене ми беше прв филм од Фелини и некако го доживеав слично со тоа како вие сте го доживеале. Ми беше конфузен, без поента и не можев најдобро да се вклопам, ама пак од друга страна не беше лош да се гледа, само пробував да видам некоја поголема филозофска длабочина во него, а требаше едноставно да се препуштам и уживам. @The Cooler King направи добро сиже на филмот и не знам што би додал повеќе. А, како него би го употребил правото да не го оценам затоа што не знам каква оценка да ставам, некако ми се измешани мислите.
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
Amarcord
Не знам дали јас сум глуп што ништо не сфатив што се дешава во филмов или стварно ништо не се дешаваше. Искрено предосаден, воопшто не ми се допадна. Валда требаше да биде смешен, се насмеав апсолутно 0 пати. Многу ликови, сите слабо развиени. Некои знаеа да ме извадат од такт, пример "Градишка" као селска Мерлин Монро, не знам што паѓаа толку во несвест по неа, за никаде беше. Една иста музика, после некое време станува предосадна, ме болеа ушите после пола филм кога ќе почнеше музиката. Глумата ништо посбно, 70% од филмот беше хистерично дерење. Едино нешто што ми се допадна беше италјанскиот сетап, пошо ја обожавам Италија и сум бил по вакви мали градчина.
4/10
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
Amarcord
класичен италајански филм од седумдесетите мал град некоја фамилија нефункционална ,некоја курва женска,деца тинајџери.малку политика мусолини дуче ,сексуални фантазии и на крај esto vida тое живото благ убав горчлив .на лоша снимка го глдав плус на јутуп не ми остави впечаток
3/10
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.987
Amarcord (1973)

Оф!

Дејството се случува во некое мало гратче во фашистичка Италија, во цутот на популарноста на Дуче. Воедно, единствено политичките компонемти од филмот ми беа интересни за проследување. Само таа, кратка секвенца од филмот ми имаше некое значење и суштина. Другото беше приказ на секојдневниот досаден живот на луѓето.

Ако идејата на Фелини за овој филм била критика и исмевање на луцудноста и опиеноста за општеството со политичките идеали, приказната му е промашена. Ако имал идеја да ја насмее публиката, претпоставува дека хуморот изветреал со текот на годините. Вложив крајни напори да го догледам, после 4-5 неуспешни обиди, пред некој ден го догледав.

И тоа не е се, најупорните, при крајот на филмот, ќе бидат наградени со најголемите, а воедно и со најстарите, цицки во светот! :unsure:

3/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom