FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Пробај од piratebay

About.Elly.2009.1080p.BluRay.10bit.HEVC-MkvCage [Darbareye Elly]
Пиратбеј не сум ги користела со години, често менуваа наставки едно време, па престанав кај нив да симнувам торенти.
Фала сепак, ама Мунгосис ми прати торент, веќе го симнувам филмот. :)
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.859
Поени од реакции
54.386
About Elly

Првиот пат кога го гледав очекував мистеријата да се разреши на крај, нешто као плот твист. Не видов такво нешто и затоа 6ка сум му стаил. Ама не сум го заборавил филмов и го памтев цел, затоа сега го репризирав за да видам што е толку фамата, нели, кога веќе го знаеш крајот сега посветуваш внимание на другите детали.

Некако генералниот заклучок ми е дека е ова е една обична муслиманска трилер мистерија. Ние сме малце поопуштени што се однесува на ваквата тема. Овие види ги, возрасни луѓе се исплашија да ја признаат вистината иако ни самите не ја знаеа до крај.

Не знам, не ми е ништо посебно, мислев ќе видам нешто што не сум го видел првиот пат чекајќи го плот твистот ама како и тогаш, така и сега, на ист начин го завршив филмот. Со едно тивко изговорено мех.

Ќе остане 6ка.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
About Elly (2009)
Мене ми се допадна филмот, посебно не очекував добра иранска продукција (изгледа немам баш гледано некој ирански претходно). Глумците одлично си одиграа, а тензијата што ја направија кога го спасуваа детето, навистина ми пренесе тага од оваа страна. Режисерот фино си избирал што да ни покаже за да трае приказната. Едно време и јас мислев дека можеби Ели си заминала, бидејќи имаше пресек и не видовме што се случи со неа.
Компликацијата со тоа дека Ели има вереник, а не брат, мене ми се виде баш интересна, и цела таа нервоза на ликовите како да реагираат. Чекав крајот дали ќе биде на ниво како цел филм, во кој всушност и ништо речиси да не се случуваше освен што се обвинуваа меѓу себе и анализираа, ама беше прилично гледливо и со интерес следев што ќе биде натаму. Значи крајот, крајот не беше изненадувањето во тоа дали ја најдоа Ели или не, туку за мене штосот беше што кога го прашаа вереникот: „Ќе им јавиш на нејзините?“ А тој ладно рече: „Не. Вие јавете им.“
8/10
 
Член од
18 март 2019
Мислења
430
Поени од реакции
1.967
About Elly

Ако некој ме праша да кажам нешто за филмов, прво на памет што ми паѓа е дека со многу малце, успеа да каже многу. Се дешава "срање" и целиот филм се базира на реакциите на засегнатите страни во ситуацијата, па навидум на многу едноставен начин успева сосем солидно да ја долови големата слика на филмот.

Мене искрено не ми се свиѓаат вакви филмови, па ниту овој не успеа да заобиколи во тој поглед. На страна тоа, воопшто не ми се свиѓа културата на народите од блискиот исток, особено кога удираат со глава во ѕид за некои работи кои им ги налага религијата. Во овој случај се работи за честа на Ели, па доаѓаат до банални ситуации низ целиот филм, што на крај уште толку ја заплеткуваат ситуацијата. Возрасни магариња, се понашаат како деца, место да седнат како луѓе и да постапат според законот во ваква ни малку наивна ситуација. Вртев очи на моментите кога требаше жена да им се јави на нејзиното семејство или пак кога тргнаа по вереникот што мораше една жена да отиде во придружба.

Субјективно би му дал ниска оцена, ама ради тоа што го пишав во првиот параграф мислам дека заслужува една 7ца.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
About Elly

Мене ми беше еден од првите гледани филмови од Асгар Фархади, бар од оние иранските што ги има. Некако почнав по обратен редослед, наместо од најпознатите, Ели ми беше првиот избор.
Начинот на снимање, фокусирање на карактерите во кадар, додека ставање на другите во втор ред, прикажување на сегменти од хаосот во кој се наоѓаат сите, одбирање на што да се насочи камерата и самото нејзино движење е генијално и story telling-от е фантастично добро изработен.
Подоцна, овие техники за стварање на тензична драма, Фархади ќе ги усоврши во останатите филмови, но овој по мене е баш оној sweet spot кој го нуди цел негов потенцијал.

Сите негови филмови орбитираат околу една социјална ситуација, морална дилема во која се ставени карактерите каде што треба да одлучат како ќе постапат во дадената ситуација, притоа задржувајќи го својот морал и образ во едно крајно конзервативно општество како што е Иран.
Иако на некој од вас, овој дел не ви се допаднал до толку, за мене е баш најдобриот дел, пресликувањето на едно општество, социјалните правила и парадигми кои ни го управуваат животот на сите нас. Донекаде може и да се најдат мали сличности со нашето општество кое иако е далеку повеќе прогресивно, сеуште си пати од остатоци од пусто турско како "што ќе речат комшиите".

Она што друго ми привлекува внимание во неговите филмови, како и во Ели е токму тоа што немаме црно - бели ликови, туку се покажува една сива зона каде што никој не е во право, и сите се во право што му дава реален приказ на животот на луѓето, токму, онакви какви што се. Прикажувајќи како нивните одлуки ги базираат на нивното минато, и на социјалните стеги во кои се наоѓаат.

Филмот иако е прилично долг, успева да создаде таква тензија што при целото гледање мене ми го држеше вниманието. Актерите одлично си ја завршија работата и на нивните лица можеше да се препознае тешкотијата низ која минуваа во моментот на несреќата и бунилото. Голдшифтех Фарахани како главен лик околу кој се одвиваше дејството го подигна филмот на еден повисок левел. Може некој од вас ја памети по Патерсон. Срцка е. :love:

Сличен оваков филм каде што одлично е портретирано едно конзервативно општество и низ што минуваат граѓаните веќе имавме во нашиот клуб, доста одамна, а мене многу ми се допадна. Мислам на Gett: The Trial of Viviane Amsalem, иако таму локацијата се наоѓаше во Иран.
Топла препорака од мене за вас кои ви се допадна филмот, ако ги немате погледнато да ги погледнете и другите позвучни наслови од овој режисер.

8

П.с @Ska Maniac , те прочитав во ДК дека ќе одиш на средба со девојка од Иран. Знам дека не си активен во фан клубов, не знам ниту дали гледаш филмови. Но, еве одлична можност да ни се приклучиш, а и повеќе да се запознаеш со иранската култура ако до сега си немал толкава прилика. :D
 
Член од
2 март 2022
Мислења
92
Поени од реакции
448
About Elly (2009)

Ова е мој прв изгледан филм од Иран, знам дека има голема кинематографија, само никогаш не стигнал на ред. Немав преголеми очекувања, мислев дека ќе биде стандардна драма за тешкиот живот, а не нешто на кое сме навиканти во Холивуд, и така би. Да напоменам само дека ме нервираат филмови кои се случуваат во денешно време а зборуваат за заостанатост, тоа се должи повеќе на мојата разочараност што воопшто постојат такви работи сеуште.
Дејството на филмот според мене е добро, одлично почна, доживеа уште подобра кулминација, цело време те тера да размислуваш што е причината за дејствијата и што се има случено. Крајот не ми се допадна воопшто, очекував некој twist, нешто да се случи поинаку од тоа што се случи, дека сепак има поголема приказна зад цел филм. Можеби дека доаѓам од културолошки различна средина, ама правењето big deal од "изневерувањето" ми е тотално безвезно.
Глумицте си завршија одлична работа, исто и кинематографијата беше супер. Интересно беше што скоро цело дејство се одвива на едно исто место.

Од мене добива 7/10.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
About Elly

Хах, Фаради. А се чудам јас зошто ме потсеќа филмов на Salesman.
A Separation и Salesman се нешто боље од овој.
Гледлив ми беше иако првиот пола саат класичен Фаради онака ништо особено не се дешава и после демек како некоја мистерија.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.271
About Elly

Од почеток ме внесе и не застана до крај. Не може секој да направи да ти е интересно кога во глобала многу малку се случува, ова зборам за делот пред да исчезне Ели. После стана уште поинтересно и тензично, мислев во последната третина ќе крене за уште една брзина ама иако остана во исто темпо, беше сосема динамично и задоволително.
Филмов не ми делуваше специфичен за Иран, беше филм за група луѓе кои се најдоа во екстремна ситуација и нивните реакции делуваа многу реално. Интересни ми беа различните справувања со стресот, набедувањата, правењето приказни и цела таа психологија... Посебно Сепиде која се чувствуваше најодговорна и згора на тоа беше под притисок на кој и подлегна, да излаже за Ели и да и ја наруши честа на некој начин.
Плус зачинето со неколку мали пресвртчиња, суптилен добар хумор на некои места, одлична глума... кај мене искочи 8 од 10.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
ABOUT ELLY

Ова е петти филм на Фархади за мене, и иако морам да кажам дека е најслаб од сите до сега гледани, тоа воопшто не значи дека е лош, туку дека сите филмови на Фархади се одлични! Инаку - типично Фархадиевски, со истите теми, истите мотиви: моралот, лагата, вистината, човечноста, искреноста... Не ни очекував ништо поинаку. По тие моменти најмногу ме потсети на најновиот негов, A Hero. По приказната - на Todos lo saben. И крајот беше како скоро сите негови краеви - bittersweet. Само што ова веројатно дека најстар од сите кои ги гледав, ко да ми фалеше малку повеќе некоја поука која најчесто се извлекува од неговите филмови. Во поновите ко да станал перфекционист во работата. Овде ко да се учел, затоа можеби, а може и поради тоа што некако знаев што ме очекува - ми беше малце досадничок на моменти. Ама сепак го оценив со 8/10, зашто Фархади знае како да те вкопа во екранот и да не мрднеш. А кога би го рангирал:

1. А Separation
2. A Hero
3. Todos lo saben
4. The Salesman
5. About Elly

P.S. На Le passé му се токмам со години веќе, мора да го изгледам и него!
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Пред некое време кога го гледав The past помислив како треба почесто да пуштам филмови на Фаради и затоа About Elly ми дојде како нарачан. Ова ми е негов трет, најпознатите сѐ уште не сум ги гледала, и на неизгледано заклучувам дека овој човек едноставно нема лош филм.
Многу сакам силни драми, кои пополека го градат и те вовлекуваат во дејството. Почнува со секојдневен метеж, на пикникот наивно се запознаваме со ликовите и нивната динамика, за по триесет минути да се претвори во викенд од ноќна мора и напнато исчекување на вистината.
Тензијата го донесе и раздорот помеѓу паровите - сите почнаа да одат еден против друг, наместо заеднички да се обидат да ја сфатат и надминат ситуацијата. Затоа и толку ми се допадна онаа сцена при крај во автомобилот кај што најмирниот пар си даде поддршка со неколку зборови. Без обвинувања, без негодување заеднички застанаа спроти проблемот.
Алал за оној кој го правел кастингот (спонтаноста кај Ахмад, згрченоста на Сепиде, борбеноста на Шоноре, резервираноста кај Амир). Останав зачудена со каква леснотија поминаа најтензичните моменти и како ништо не беше нападно или одвишок.
Јака осумка
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.820
Поени од реакции
5.926
P.S. На Le passé му се токмам со години веќе, мора да го изгледам и него!
Мене ми беше послаб од About Elly, ама пак ми беше подобар од Everybody knows кој беше доста просечен трилер, но имаше добра музика и шпанска атмосфера.
Ели ми е одма под најпознатите: A Separation, The Salesmen и The Hero.

Fireworks Wednesday, ми беше исто така подобар од Le passe иако ептен е raw филмот и се гледа дека баш овде му се почетоците, после веќе со Ели, а подоцна и со другите се рафинира до перфекција.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Заборавив да го пофалам дека беше реален, да, но и дека екстремно кринџав кога играа по дома демек весеље особено овој
1655644451388.png

Каква беше мојата фаца кога ја видов сценава, самиот монтажер ни покажа веднаш по горниов кадар
1655644488100.png
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
743
ABOUT ELLY (2009)
Ирански филм забулени жени као сакат да бидат модерни а и традицианални фамилјарни млади брачни парови одмор , санкциите си го прават своето во иран по некое пежо не ги бива иранците за филмој се многу назад обична приказана се удави жена ,премногу има гледано турско индиски филмој режисеро изгледа ,2. 5 оцена

иамсе едн друг индиски фрацуски поинтересен каде што одат татко и син на аџилак од франција до мека или бесе арапски незнам и тој така како трагедиа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom