FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.737
Поени од реакции
33.433
How to Steal a Million го гледавме сите осуммина (рекорден број, за прв пат од 79 филм, пред околу 3 месеци), и му дадовме средна оценка 7,3.

@wot - Film Club (The Red Shoes: 01.04-14.04)
 
Последно уредено:

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
The Red Shoes

Тоа што сакав да го пишам за филмов горе-доле Хоуп ме претекна :), нз што би додал...и мене на второво гледање малку ми го расипа впечатокот, тука мислам на тоа што иако филмов трае 2 сата и кусур ги заборава ликовите, сосема се у втор план, па и крајот како што рече њот доаѓа некако наеднаш, избрзано, мелодраматично.
Само малку повеќе да посветеле внимание на ликовите (на пр. и другата балерина...?) и односот помеѓу нив, филмов би бил за мене совршен.
И ја ќе му ја оставам оцената од првото гледање кога останав после тоа импресиониран од Moira Shearer нејзиниот перформанс и шармот кој му го дава на филмот...начинот на кој режисерот успеал да го пренесе на филм тој театарски свет позади сцената и креативниот процес, на пр. моментот кога композиторот ќе седне да го отсвири тој делот со ѕвона и црквата толку беше добар!,...начинот на кој се употребени и отскокнуваат боите за тоа време, визуелно преубав филм и за денешни стандарди, посебно нали незаборавната балетска сцена од насловот која го подига филмот у тој момент на едно повисоко ниво (бтњ, многу ми е по ќејф тоа кога некој филм у еден момент ќе направи пауза од дејството) и го носи накај фантазија давајќи ни на тој начин увид во внатрешниот конфликтен свет на балеринава и какво е чувството да се биде на сцена од нејзина перспектива.
Must-see филм! (y)

8/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.737
Поени од реакции
33.433
The Red Shoes

Ау, луѓе! Ау! Како никој до сега не го спомнал ова? Прекрасно доживување беше. Од секој аспект се согласувам со се она што сте го напишале погоре, но јас најмногу од се бев восхитен од монтажата (па и поточно монтажата на визуелни ефекти, ако можам така да се изразам). Како, по ѓаволите, во тоа време, со таа технологија која ја имале (читај (барем јас така го доживувам и замислувам тој процес): ножички и лепило со кои ја сечеле и лепеле лентата) успеале да го создадат тоа визуелно совршенство од тие петнаесетина минути колку што траеше The Red Shoes балетот? За тоа не Оскар, ОСКАРИШТЕ требало да им дадат. Кога @Хоуп пиша дека зел 2 Оскари, си помислив: мора да се за монтажа или визуелни ефекти. Па и се разочарав ко видов дека не се. Мене, искрено, по тоа што @wot го спореди со La La Land, единствено можам да се согласам само за тој сегмент - таа конкретна балетска изведба, која го имаше тој City of Stars шмек и атмосфера. Но инаку, целата приказна е невозможно да не се спореди со Black Swan, зашто буквално истата приказна е, само малку рециклирана, и низ една малку поинаква призма. Инаку, и двата филма изобилуваат со еден куп метафори - овде, на прво место црвените чевлички како симбол на амбицијата, на поривот (творечки или било каков) кој уметникот може да го одведе и до лудило и смрт, а во Black Swan - црниот лебед, како симбол на нешто скриено внатре кое излегува тогаш кога најмногу сакаш да оствариш нешто за кое мечтаеш цел живот. Сцената во која таа сакаше да продолжи напред, без него, кон она за кое мечтаеше, но чевличките не сакаа, и исто како во балетот, ја натераа да оди во спротивна насока и да танцува еден танц кој таа не го сакаше, ми беше исто еден од highlights-ите во филмот. Да не зборам за сценографијата, костимографијата, кореографија, музиката, глумата (искрено, мене повеќе ми се допадна глумата на актерот кој го глумеше Лермонтов, но и двајцава љубовници беа маестрални. Па и Љубов и останатите споредни фигури)... Значи одамна немам гледано вака прекрасен филм. Восхитен, и полн со импресии сум. Браво @grande-juve за предлогот. Браво! 9/10 од мене.
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.943
Вау, вау. Што ли беше сега ова?
Не трепнав. Го изгледав во еден здив од почеток до крај. Кое совршенство од секој аспект. Визуелно, музички, сценографија, костимографија... Како да ми облекле црвени чевлички на очите и како магепсан го гледав и уживав во тие 2 и кусур саати додека траеше. А оние пак 15 минути кога го прикажаа балетот... Мелем за очи, уши и душа.
Уште не можам да верувам дека филмов е сниман во 40-тите години. Замислете пред точно 71 година. Пост воена Европа, пред само неколку години се рушело се до темел. Знаете ли колку е тоа одамна? И да се има такви визуелни ефекти, такви кадри, сцени кои траеа точно колку што требаше да траат, трикови со камера, боите... Филмов бил пред своето време. Да не ја знаев годината би рекол дека гледам нешто од доцни 60ти. А слободно може да им пркоси и на денешниве филмови.
Се слагам со се горе што сте напишале. И за мелодраматичниот крај поради кој ќе ја добие баш оваа оценка од мене. И за тоа дека не доволно е ставен акцент на ликовите и фалеше оној емоционален дел, да се поврзе гледачот со ликот на Вики, Џулиен...
Тоа е единствената разлика помеѓу Ла Ла Ленд и Црвените чевлички.
Јас би го завршил со фул приказ на балетот, повторно, без неа, со некои визуелни ефекти како сеуште е таму и игра.

Отидов да си ги пуштам оние 15 минути повторно.

Браво за предлогот. Голема 9.

Sent from my Redmi 4X using Tapatalk
 

devilko

♆ wicked one ♆
Член од
28 август 2014
Мислења
1.831
Поени од реакции
5.943
Јас ќе го претставам мојот филм ден порано. Се надевам Гранде нема да се лути. Утре е нов ден, а јас не знам дали ќе бидам во можност.


2018 беше година на рок филмовите водени од Бохемиан рапсоди. Овој пат ќе гледаме рок мјузикл од истокот и тоа ќе се вратиме низ времето на СССР.
Далеку помалечок од Квин, ја следи приказната на рускиот легендарен рокер Виктор Цои и Мајк Науменко. Завлегува длабоко во Ленинградската андерграунд рок сцена и го отсликува пркосот на младите кон комунистичкиот режим притоа пленејќи со прекрасна рок музика од истокот и западот. Успевајќи сето тоа да го прикаже преко шаренолика атмосфера користејќи само црно-бела боја.
Откритието на Кан и Europian film award, рускиот филм Лето/Leto/Summer (2018)

Фичринг:

Сашо Паркети,

Mary Elizabeth Winstead,

Згоден Азијат за понежниот дел од клубот.
 

wot

њ
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.504
Поени од реакции
33.662
moze torent od filmot?

koj ne moze da go najde neka pise pp na devilko
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.477
Поени од реакции
7.284
Red Shoes

Во еден здив, тоа е тоа.
Технички одличен, глума јака посебно на главнава балерина, интересни ликови, сценариото исто одлично.. И ко што прочитав набрзина, и вас ве маѓепсала сцената со балетот, една од најдобрите сцени во филм воопшто, буквално не трепнав, сите пофални епитети..

Единствен проблем е што тоа беше врвот, а не беше крај на филмот, па иако си продужи на високо ниво сепак премногу емоции ко гледач се оставија на балетот Црвени Чевлички.
Исто и самиот крај можда за нијанса ми беше издраматизиран повеќе од што треба, мислам на сцените кога требаше да реши по кој пат ќе оди, кариера или љубов..

Се' кога ќе се собере, 9/10

Ова важи и за мене, еден период се забревтав али ги заборавив, гледајте ги Powell и Pressburger, големи мајстори се тоа на филмската игра
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Црвените чевлички (1948)

Преку ликот на младата балерина желна за успех, ја гледаме цената која тој успех ја има и еден од можните исходи во зависност кој е колку спремен да плати. Нешто што во скоро време како да е неколку пати преработено.

Иако насловот се однесува на името на балетот кој го спремаат во филмот и самиот филм е базиран на истата приказна. Полн со музика и балетски точки. Особено централната точка од премиерата на балетот со за тоа време спектакуларни фотографски ефекти, коишто креативно и денеска поминуваат сосема добро.

Е тоа не можам да кажам за глумецот што го играше композиторот. Тотално неуверлив како надежен студент по музика. Можеби би бил да го ангажирале едно дваесет години порано. А овој кореографот, како да му е дедо на Зафирчев :)

Малку развлечено целото дејствие, особено првиот час, но претпоставувам дека во тоа време не пречело, особено надополнето со многу музика и балетски изведби и сето тоа во Техниколор.

7/10
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Го гледав и јас The Red Shoes, ама немав време да пишам, немам ни сега па ај набрзина. Во главно ми се допадна и уживав гледајќи го, јас сум слаба на овие кариера vs љубов сторилајнс. Меѓутоа со овој филм, тој аспект ми беше некако неразвиен along the movie, па тој елемент дојде до израз само последните минути и некако многу ко на брзина изведен. Ултиматумите беа непотребни и очигледно ставени само како device на завршницата. Настрана од тоа, многу симпатичен филм и убав за око, уживав да го гледам од естетски аспект.

8/10
 

Vlatko_Gjorce

Ѓубре
Член од
17 април 2009
Мислења
2.550
Поени од реакции
2.511
Leto

Носталгичен поглед/осврт кон руската ундергроунд рок сцена во 80-тите, огромното влијание на западната музика, цензурата/опресијата од тогашниот режим и музиката како отпор/бунт.

Иако обично сакам се што е поврзано со 80тите, филмов за жал, не успеа да допре до мене и да ме заинтересира повеќе.
Зш....Има премногу песни а премалу приказна, и без некој правец, за 2 сата колку што трае...Мислам дека да беше пократок, поконкретен, и пофокусиран на ликовите, и да се потрудеше малку да го информира доближи гледачот до тоа што се случува со оглед на тоа дека не си воопшто запознаен со овие настани, дали преку нарација..., вака поради тоа постои една дистанца, останав аут цело време и не можев да се внесам, и идентификувам со ликовите, и ќе имаше сигурно подобар ефект врз мене...вака, и откако заврши немам јасна претстава за нив, што како...на самиот крај само се појавува година на раѓање и умирање при што приметуваш и дека починале млади, и толку...? Остануваш некако незадоволен, со тој филинг на лоосе енд, како недовршено, недоискажаност.

Она што ми се допадна...добра музика, некои (иако на) руски песни повеќе од другите...
И ретро анимациите, кога филмов ми го придобиваше повторно вниманието, при што стално имаше и брејкинг д 4ти ѕид, кога филмов делиберетли живнува на момент од таа апатична црно-бела реалност и преку овие фантази секвенци ја потенцираше потиснатата потреба на уметниците да се изразуваат себеси, при што има и хм..., интересна(?) интерпретација на некои добро познати песни, креативно у секој случај невер тхе лесс.

Визуелниот дел е тука, музичкиот исто,...но филмов, по мене, потфрла во може најважниот дел - сторителинг-от.

5/10
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.726
Поени од реакции
2.544
Лето (2018)

Филмов има и добри и лоши страни. Добро, повеќе лоши страни. Не знам колку влијае познавањето на рок групите и пејачите и нивните дела коишто се темата на филмот за да може подобро да се следи, но мислам дека и со тоа нема да е нешто подобро. Многу лошо водена приказна, никакво доближување до ликовите, никакви подеми и падови. Имаше сцени што беа одлични сами по себе, но како целина воопшто не функционираа.

Музичките интермеца беа оригинални, одлично осмислени и изведени. Ми се бендиса и анимацијата. Но како да гледав повеќе музички спотови поврзани со нејасна приказна. Музиката одлична, но сепак се работи за хитови од популарни рок изведувачи и нивните западни идоли, така да не може да се очекува ништо помалку.

Никогаш не сконтав зошто во црно-бел филм има потреба некои кадри да бидат во боја. Не научив и од овој филм. Мислам дека и подобро ќе изгледаше да беше целиот во боја.

6/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.737
Поени од реакции
33.433
Лето

ја изжарен, как котлета.
Времја есть, а денег нету -
Но мне на это наплевать.

Лето!
ја купил себе газету.
Газета есть, а пива нету -
ја иду его искать, о-о-о!

Уживав само во две нешта во филмов:

1. Музиката! Човече, значи дефинитивно 80-тите години на 20 век се годините во кои се правела најубавата музика во светот. Еве, потврда за тоа е и музиката од филмов. Јас поубава руска музика од буквално секоја трака тука, не сум слушнал! И цела среќа што целиот саундтрак го има на youtube, па вчера, по филмот, си го преслушав уште еднаш. Омилени: Лето, Безделник и крајната - Кончитсја лето. Еве, ако сакате, да уживате и вие уште малку:


P.S. Филмот, една од ретките награди кои всушност ги има земено, е наградата за најдобар саундтрак во Кан.

2. Сценографија и кинематографија - ми се допадна црно-белиот пристап, тука. Му даде на филмов некоја дополнителна нота на носталгичност. И секогаш кога имаше музика, ми личеше на музички спот од осумдесетите. Малку мислам дека беа претерани анимациите, и тотално непотребни, но освен нив, филмов беше визуелно бонбонче. Исто, и во малкуте делови со боја, оној во кој ги рекреираа насловните страни на омотите од познатите светски албуми во тоа време, ми беше преубав.

Е сега, освен тоа: јас попогрешен синопсис за филм од тој на IMDB и Letterboxd не сум прочитал! Факт! Ова не е филм во кој има некоја приказна. Има, да, но таа е најмалку битна за филмот. Тука нема раскажување приказна, нема градење ликови (изградени се веќе, иако ние не ги знаеме), туку ова е опис на едно време, на една музичка сцена, на една состојба, на комунистичка Русија во 80-тите, и сосема поразлична слика од таа која ние ја замислуваме. Филмот е омаж обвиткан со носталгија за едно време и едни луѓе, и воедно, трибјут за нив - за Виктор Цој и Мајк Науменко. Многу ми беше емотивен крајот, со годините на раѓање и смртта на обајцата. И двајцата умираат во почетокот на 90-тите, кобните години и за многу од нашите легендарни музичари од поранешна Југославија. Знам дека режисерот ја немал таа намера, но јас ја видов таа симболика тука, зашто знам уште ликови кои кобно ги дочекале деведесетите - како да не можеле нивните срца да го издржат новото време, капитализмот и новите технологии.

Инаку, од Серебреников немам гледано филм до сега. Пред некоја година кога му го фалеа тој, Le Disciple, го симнав, стоеше неизгледан долго време, и го избришав на крај зашто ми зафаќаше простор.

Настрана од сето ова, мене филмот ми беше досаден. Поточно кажано - приказната ми беше досадна. Но тоа е поради фактот што јас за овие луѓе не знаев ништо претходно, тоа не се ни некои големи музички ѕвезди од 80-тите, ни некои локални херои од кај нас. А ни јас не сум Русин. Па така, верувам дека филмов многу повеќе би им се допаднал на Русите кои живееле во тој период отколку на некој обичен смртник на рандом место во светот. Но, рековме, приказната не беше најважна ствар тука, па затоа нема да му дадам некоја ептен страшна оценка, која, да ја немаше таа музика и таа кинематографија - секако би ја добил. Од мене една силна 6/10. Само толку можев да пуштам срце!

@Corvus , @grande-juve , @devilko , @Хоуп и @wot - уште само денес и утре ги имате за филмов![DOUBLEPOST=1556353996][/DOUBLEPOST]И, еве за тие кои сакаат да дознаат повеќе за Кино, Зоопарк и Аквариум.
 
Последно уредено:

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
4.004
Поени од реакции
15.329
Цц место да ми даде јајце тој ме тера рецензии да му пишувам на празник :cautious:

Јас немам што многу да кажам за филмов а и се осеќам последниве рецензии дека ми се ептен крш, сакам убава рецензија да си напишам а ич време немам и све од телефон сум. Приказната на филмот не беше нешто, јас минатата недела го глеав и веќе почна да избледува, ликовите ми беа интересни, особено Мајк кој беше фраерчина, и имаше сцени и моменти кога успеа филмов да ме поврзе и да навивам нешто да се случи или да не се случи и да си викам "Добро што му е на овој, ќе му удрам бокс". Музиката беше ех, добра за тие што слушаат таков тип на музика, за мене беше само забавен елемент во филмот особено кога одеа оние сегментите како спотови што вика Злате, инаку вака посебно повеќе од тоа не ми значеше.
Во секој случај, се забавував додека го гледав филмов и кудос за тоа што е прилично долг, а помина некако брзо, па 7/10 од мене.

Среќни празници и полека со прекумерниот внес на холестерол што го стимулираат истите! :*
 

Kajgana Shop

На врв Bottom