FILM CLUB (КРУГ 5) (201. The Dreamers: 16.09-29.09.2024)

Член од
2 март 2022
Мислења
97
Поени од реакции
457
Freedom Writers (2007)

Фала за Комита Ултрас за предлогов.

Hilary Swank and Scott Glenn are a national treasure.

F*ck Dolores Umbridge што проба и овде да уништи уште еден образовен процес. F*ck McDreamy, и онака Ерин заслужуваше многу подобро од тебе.

Филмов го имав начекано на телевизија пред 10тина години, и тоа мал дел само. Ми остана во ум, и секогаш некако го скокав во листата за гледање. Си реков дека нема да биде за мене. Boy I was wrong.
Солидно филмче, приказната многу ми се допадна. Не знаев дека е снимена според вистински настан.
За жал денес се повеќе имаме гетоизирања отколку интеграција, па може некогаш и за кај нас ќе бидат потребни вакви програми.
Актерската екипа си беше закон, штета што не ја гледаме Хилари во повеќе филмови денес.
Не знам што да пишам друго освен да го гледате филмот.
Од мене добива 8,5/10.
А да, уште еднаш, фала за предложувачот што ме "натера" да го изгледам филмов.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.367
Поени од реакции
3.357
Freedom Writers (2007)

6.5/10

јас прво да кажам дека имам некој проблем во главата не знам каков ама не можам да ги разликувам Хилари и Џенифер Гарнер, не знам дали некогаш воопшто сум ги разликувала. До пола филм мислев дека е Гарнер па отворив да видам па испадна Хилари.

Инаку, филмов како низ магла да го имам некогаш фатено на тв да го гледам, генерално ми се допадна особено интрото со Ева што на сам почеток ми го зема вниманието. Очекував дека повеќе ќе има сцени со техниките/методите/разговорите и напети сцени меѓу учениците и Хилари и како се тоа се поправа зошто вака многу скокање на сцени ми изгледаше, како нешто преку ноќ да се сменило, да океј се тие игрите и тефтерите и се ама не знам некако не ме задоволи целосно нешто ко да ми фали. Фаќа доста на емоција преку животните приказни на децата и растурањето на бракот. Патем и јас не знаев дека е според вистински настан така да нешто плус читнав. Се на се (y)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.612
Поени од реакции
33.969

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.589
Поени од реакции
59.650
Иако мирисаше на клише уште пред да го пуштам, после првата сцена знаев како ќе тече и како ќе заврши филмов, тоа на крај воопшто немаше врска со конечниот впечаток.
Интересен од почеток до крај, доста емотивен, посебно таа сцената кога требаше да наздрават и да земат торба со книги тој дечкото што читаше од дневникот како ги избркале од дома.
Убав приказ на тоа колку е крш образованието, со какви очи се гледа на малцинствата, колку се уназадени и греота и колку нема никој да им помогне, неписмени, неуки, диви, гетоизирани деца и еден човек којшто си го ризикуваше и распадна приватниот живот за да им помогне.

Филмов заедно со Dead Poets Society и Good Will Hunting можат да формираат една неофицијална трилогија.

Преубава Хилари Свонк, за глумата нема збор, у секој филм е на ниво и никогаш нема разочарано. Мене ми е една од омилените женски ликови у Холивуд.

7.5 оценка.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.554
Freedom writers (2007)

Ова е уште еден филм од типот „нов наставник во клас со проблематични ученици“. Еден таков имавме, само што беше тренер. Нормално, и овој ќе ги доведе во ред, затоа што за наставниците што не успеваат не се снимаат филмови.
Секогаш исполнуваат филмовите кога некој успева во својата добра намера и покрај минималните шанси или објективните пречки.
Но, освен тоа, филмов не нуди ништо ново или поразлично од претходните.
Одлична изведба на Хилари во улогата на учителката. Учениците изгледа беа обединети околу музиката, затоа што имаше само рап од тој период.

На тренерот Картер сум му дал 7, така што за овој
6/10.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Freedom Writers

После првите 5 минути се знаеше што ќе биде, дека на крај сите ученици ќе бидат сплотени, во кошулки дотерани и ќе ја сакаат Мис Џ како семејство, ама тоа не смета кога на солиден начин ќе се пренесе ваква позитивна и оптимистичка порака.
Хилари Свонк зрачеше како наставничката која никој на почеток не ја сфати сериозно, ама со огромна посветеност им покажа на сите. Сепак, тоа што живееше за класот беше причина да си го изгуби сопругот и беше логичен исход, си се согласија дека станале само идеја.

Клише, инспиративен и емоционален, 7/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
14.425
Поени од реакции
35.818
@moongoses е следниот предложувач. До утре вечер ќе ви каже кој е следниот предлог. Ако не е во можност, јас сум тука!
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.740
Поени од реакции
2.554
Продолжуваме со слична тематика. Повторно расизам, нееднаквост и тензии, но наместо учителки, полиција и насилство.
Приказна за различните начини на справување со една трагедија и како настаните можат лесно да ескалираат.
Сценариото не е баш од оние без дупки, но затоа кинематографски е врв.

Во следните две недели ќе шетаме по париските предградија, периодов актуелни по жестоките протести. Да видиме на каде ќе превагне божицата Атена, дали на страната од мудроста или на таа од војната.

 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.132
Поени од реакции
8.203
аууу какво возење филмов значи 90 минути пројдоа како 10мин. цел фипм адреналин, посебно Себастиан едини католик у блоковиве откина на крај

5/5


го има на нетфликс
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.064
Јас го почнав филмов уште кога го ставија на нетфликс, ама стигнав до 27 од 99 минути и така стои филмот недогледан. Ако се решам да го догледам, ќе пишам нешто за него, заедно со оценка. :)
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.482
Поени од реакции
7.305
Athena

Каков прејак почеток со 10 минутниот непрекинат* кадар (според имдб тривија, 7 кадри залепени да делува ко еден) и тензичната музика. Ептен ме хајпна и ме внесе од старт.
Сепак иако полн со акција и динамика до крај, како што одминуваше филмов се движеше во некоја блага надолна линија. Не ми го одржа летечкиот старт, можеби поради репетитивноста, можеби поради приказната која малку страдаше на сметка на одличната кинематографија. Капа доле за камерата.

Во вакви средини какви што ги имавме во последниве два филма, прелесно се пали атмосферата и кога ескалира како во Атена, ретко кој може да остане рационален и присебен, губат сите, а никој не добива ништо. Баш како Абдел.

7/10
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.612
Поени од реакции
33.969
Athena

Капа доле за камерата.
Ima uste 40 min plus na netflix, making of. Toplo preporacuvam bidejki se soglasuvam so se sto napisa no osven 7 tie extra mins mi go napravija 8. Koja koreografija, koja kamera, koj dancing samo go ima filmot, potsekja kako treba da pravime filmovi ili barem kako tenzija treba da izgleda.

Imase cringe momenti mnogu no zanemarlivi. Top predlog, trendy, well made zacineto so spanska sapunica ili kako sto reziserot miluva - grcka tragedija. Me fati na finta moongoses bidejki go ima na netflix.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.367
Поени од реакции
3.357
7/10

Насилна акција води до насилна реакција и ете го хаосот. Одличен филм. Се согласувам со гранде јуве дека почетокот ептен интензивно почна потоа некако како да опаѓаше. На неколку пати дури и нереално ми изгледаше како некоја игра да гледам. Одлични ефекти и музика, целосно доловување на ликовите дополнително со францускиот и арапскиот јазик поинакво чувство на гледање на филмот имав.
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Athena (2022)

не ми се допадна самиот филм али кинематографијата беше многу добра (y)
5.5/10
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.453
Поени од реакции
28.699
Athena

Мех, освен кинематографијата ништо друго не понуди. Еден куп дупки во приказната, тон клишеа и веќе видена приказна. 3ца браќа еден полицаец, еден криминалец и еден деликвент, да не беше трагично ќе беше смешно. :icon_lol:
Франција чинам само и вакви филмови во последно време нуди, или е Париз и романтики или Париз и гето. Стандард муслиманско гето одлепува и настанува хаос, ама хаосот некако не ми беше доволен. Бар за мене немаше никаква акција. Викање по ходници, трчање лево-десно и пукање огномет ко да го има во неограничени количини стана досадно после првите 15 минути. Единствените повредени во филмот беа и единствените загинати. Причата веќе позната беше откако маман му кажа на џандаров да го пази брат му. Ни шепна тивко дека ќе загине, а и џандаров се знаеше дека ќе одлепи ако загине брат му. Па и полицаецот го утепаа од давање у кадар, апла беше дека овој ќе падне во рацете на дечиштава.
Штета што маман на крај изгуби 3ца синови, а не доби ништо, бар не одмазда како што бараа 2цата браќа. Од каде ли ми е познато ова сценарио од 25% неправда....

Anyway, филмот ми наликуваше на Les Miserables кој ми беше далеку покомплетен. Ако ја тргнеме кинематографијата од Athena, добиваме само уште еден "masterpiece" на Нетфликс.

6/10
 

Kajgana Shop

На врв Bottom