FILM CLUB (КРУГ 5) (197. Perfect Blue: 22.04-05.05.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Ете ме, прво оценка за:
Good Morning Vietnam (1987)
Оценката од мене е 7/10

Второ за наредниот филм во клубот, го предложувам:

Meet Joe Black (1998)

Затоа што смртта како сојузник е навистина голема предност.
п.с. Филмот го има на Нетфликс
 
Последно уредено:
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Meet Joe Black (1998)

што би дал да сум путер од кикирики сега.
8/10
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Должам анализа и за Drishyam:

Го гледаа 11 души и му дадоа средна оценка 6,7. Го испуштија:
- @wot и @Gazpapir - на двајцата прв неизгледан

Good Morning Vietnam:

Го гледаа 10 души меѓу кои и повратникот @Imperatorot кој го прескокна цел втор круг, но се надевам ќе остане во третиот зашто само неколкумина има останато пред него за предложување. Доби средна оценка: 7,7. Го испуштија:

- @Комита Ултрас и @Варвара - прв неизгледан
- @wot и @Gazpapir - втор неизгледан (жолт картон)

175. Meet Joe Black (1998)
05.06-18.06.2023, предложувач: @Violetova
1685983039545.png

Заборавив: редот беше на @Darklady да предложува, но поради неисполнување на условите, ја преместивме @Darklady на крајот на листата. Се надевам ќе ни се врати до крајот на кругот.
 
Член од
21 октомври 2014
Мислења
4.033
Поени од реакции
6.698
Го изгледав на Џонтра, ме мрзеше да пишувам вечерта и заборавив скроз.

Онака ми беше, малце над просек. Само радио сцените со Робин ми беа добри, другото беше исфорсирано до немај каде. Битно гледлив

6/10.


Таман жолтиот картон нека ми биде за новиов, го имам гледано одамна и не ми оставил некој впечаток за да го прегледувам 3 саати :D
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Meet Joe Black (1998)

Филмов прв пат го имав начекано на телевизија кога порано даваа филмови на македонските програми. Никогаш не успеав да го изгледам тогаш. Пред неколку години на предлог од пријател конечно го изгледав и ми се допадна, иако траеше три часа. Денес впечатокот ми е приближно ист, и го препорачувам на сите кои сакаат да гледаат драми.
Интересни ми се овие филмови, каде што Смртта е претставена како човечко суштество и каде пробува да ги разбере луѓето и нивните постапки. Ме потсеќаат на The Seventh Seal.
Иако бавно дејството, нуди многу одлични дијалози за љубовта, човечките односи, успехот и значењето на животот. Сцената со разговорот со болната жена во болницата секогаш ќе ми остане во сеќавање, особено дека го водеа на креолски. Целата премиса и како заврши филмот ми се допадна.
Глумата исто така ми беше добра, Хопкинс си е мајстор, Пит е онолку добар колку што ваква улога бара од него. Криво ми е Клер Форлани што немаше други популарни улоги после овој филм.
И најважното, секогаш гледајте на двете страни од улицата кога преминувате!
Од мене добива 7/10.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
Животот е убав штом и Смртта сака да го живее. Мене ваков заклучок ми дојде на крајот кога се борев да го сфатам и чекав малце појак финиш. Не сум сигурен колку ја разбрав поентата и целата идеја со Џо Блек. Дали е ова моево или нешто друго, ќе чекам останатите да видам што ќе кажат.
Филмот ми беше убав за гледање, воопшто не ми беше досаден, уживав у секоја сцена, можеби имаше некои вишок моменти и ваљда можеле да го скратат малце, особено тие деловите со фирмата и целата таа клише фама, али океј ај.
Сето тоа заљубување и таа нивна романса ми беше многу наивна и глупа, не паѓам ја на такви ствари, али на Сузан би паднал како зрела јабука од дрво. :love:
Ентони Хопкинс е најдобриот актер во историјата на киното, со должна почит кон Даниел Деј Луис и Џек Николсон, ама не можат со стариот. А штом Хопкинс ќе ти ги наполни очите со солзи, не можеш и не смееш да ја кратиш оценката на филмот па колку и да не го сфаќаш и да ти е безвезе (до негде) сценариски.
Ликот на Џо Блек сценариски ми беше некако појди-застани, ко да немал доволно храброст сценаристот да не претера со нереалното. Ама кога веќе ја носиш смртта како човечки лик, не може да не знае што е путер од кикирики а да знае за тоа агенцијата што ја измислија на крај за да го откачат Дрју.
Еднаш се глупира, следен пат е пресериозен, после е неписмен, па преинтелигентен, па опасен, па добар, па лош, па наивен. Али можда и тоа е дел од неговото запознавање со животот.

Не го сфатив крајот кога Сузан му рече на Џо, би сакала да го познаваше татко ми. Кога умре стариот? И кој беше тој што се врати во телото на Бред Пит? Во кого се заљуби Сузан?

7.5 оценка, сакав поише ама иам доста прашалници и крајот одлучи да не е 8ца иако 2 ипол саати го држеше тој рејтинг.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.544
Поени од реакции
34.850
Meet Joe Black (1998)

Одамна ми беше гледан, ама повторно го репризирав. Вистинско уживање во права смисла на зборот.
Имам предрасуди кога станува збор за филмови подолги од 2 и пол часа, ама филмов би го гледала и да траеше 6 часа.
Хопкинс ми е вистинско уживање. Таков совршен став, појава, харизма, глас. Извира емоција од секоја негова брчка на лицето, поглед полн зборови, секоја улога знае да ја долови вистински, едноставно беспрекорен.
На Пит не му лежат улоги на „збунет тип“, далеку подобро во Legends Of The Fall, Ocean 11, 12, Se7en, Mr. Smith, Fight club, ама генерално солидно сработено. Страствената Форлан:love:
Филм за животот, за љубовта (кон работата, кон семејството, татковата љубов, романтична љубов) кој покрај толку емоции, на крај завршува со огромен огномет.
Уживав во прекрасната музика на несудениот Оскаровец Томас Њуман (The Shawshank Redemption, 1917, The Green mile)
Сцената каде што се збогуваат Џо и Сузан „Thank you for loving me“ била доволно инспиративна за Бон Џови, да се најде на нивниот албум "Crush" (2000.)


Не го сфатив крајот кога Сузан му рече на Џо, би сакала да го познаваше татко ми. Кога умре стариот? И кој беше тој што се врати во телото на Бред Пит? Во кого се заљуби Сузан?
На почетокот кога Сузан се запознава со ликот од кафулето (не кажува име), нели кога ќе се разделат секој по својот пат, него ќе го чукне комбе и ликов тука умира. Па Смртта тука го превзема неговото тело.

На разделување Блек и вели на Сузан „Ти ветувам дека ќе ја имаш љубовта од кафулето“.
Стариот умира кога тргна по скалите со Блек.
А Смртта и го враќа првиот лик што Сузан го запозна во кафулето, демек го оживеа :icon_mrgr:. Затоа тој се чуди кога ќе се врати.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
9.004
Поени од реакции
55.235
На разделување Блек и вели на Сузан „Ти ветувам дека ќе ја имаш љубовта од кафулето“.
Стариот умира кога тргна по скалите со Блек.
А Смртта и го враќа првиот лик што Сузан го запозна во кафулето, демек го оживеа :icon_mrgr:. Затоа тој се чуди кога ќе се врати.
Така и јас го сфатив, само што тоа `го оживеа` некако апла двои од оваа полуреалност.

Некоја друга моја теорија е дека Периш умира првиот пат кога ќе го стегне срцето и ќе го чуе тоа Yes, па се што до крајот следиме е како Смртта во телото на ликот од кафулето се запознава со животот, а тој уствари цело време е жив ама опседнат. хаха :D

Не знам, вака коа ќе донесеш нешто нереално во реален свет, не може се да е нормално.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.767
Поени од реакции
33.509
Meet Joe Black

Мене ми е второ гледање на филмов и морам да признаам дека ми се допадна повеќе отколку првиот пат кога веројатно сум бил расеан и not in a mood за гледање филмови од 3 часа. Интересна премиса: смртта зема одмор и одлучува да дознае каков е животот. И дознава дека животот го прават малите нешта: семејството, пријателите што ти го штитат грбот, честа, образот, чајните колачиња, љубовта, сексот, путерот од кикирики, огнометот... (in no particular order). Дознава е и зошто на луѓето им е тешко да се откажат од малите работи и со тоа ултимативно од животот. И на крај и таа самата не сака да се откаже.

Хопкинс одличен, сценариото и дијалозите одлични, и генерално тоа е тоа што најмногу ми се допадна. Но Бред Пит беше ужасен во улогава мора да признаете. Дали режисерот му рекол: не треба ништо да правиш, вади се на шармот, или пак неуспешно пробуваше да глуми дрво, не знам, ама на моменти ми идеше да му закачам бокс. И уште нешто што не ми се допадна во филмот: да, сфаќам, драма е, со фантастични елементи, но имаше еден период некаде на средина кога почна да забегува накај комедија и ми остави еден впечаток на каша попара која не знае што сака да биде. Затоа, од мене повисока оценка од претходната 6 која сум ја дал = 7/10, но не и премногу висока.

Инаку, баш би било убаво да имаат сите луѓе по еден Џо Блек на крајот, барем неколку часови ако не денови време за да се поздравиме, да ги гушнеме, да им кажеме колку ги сакаме и колку ќе ни недостасуваат и да ги испратиме на вечниот пат поподготвени. Без Џо Блек е болно... :(

И за крај, the winner in the category: REVIEWS
1686733071988.png

Meet Joe Black (1998)

Одамна ми беше гледан, ама повторно го репризирав. Вистинско уживање во права смисла на зборот.
Имам предрасуди кога станува збор за филмови подолги од 2 и пол часа, ама филмов би го гледала и да траеше 6 часа.
Хопкинс ми е вистинско уживање. Таков совршен став, појава, харизма, глас. Извира емоција од секоја негова брчка на лицето, поглед полн зборови, секоја улога знае да ја долови вистински, едноставно беспрекорен.
На Пит не му лежат улоги на „збунет тип“, далеку подобро во Legends Of The Fall, Ocean 11, 12, Se7en, Mr. Smith, Fight club, ама генерално солидно сработено. Страствената Форлан:love:
Филм за животот, за љубовта (кон работата, кон семејството, татковата љубов, романтична љубов) кој покрај толку емоции, на крај завршува со огромен огномет.
Уживав во прекрасната музика на несудениот Оскаровец Томас Њуман (The Shawshank Redemption, 1917, The Green mile)
Сцената каде што се збогуваат Џо и Сузан „Thank you for loving me“ била доволно инспиративна за Бон Џови, да се најде на нивниот албум "Crush" (2000.)



На почетокот кога Сузан се запознава со ликот од кафулето (не кажува име), нели кога ќе се разделат секој по својот пат, него ќе го чукне комбе и ликов тука умира. Па Смртта тука го превзема неговото тело.

На разделување Блек и вели на Сузан „Ти ветувам дека ќе ја имаш љубовта од кафулето“.
Стариот умира кога тргна по скалите со Блек.
А Смртта и го враќа првиот лик што Сузан го запозна во кафулето, демек го оживеа :icon_mrgr:. Затоа тој се чуди кога ќе се врати.
Оценка?

@Комита Ултрас , @moongoses , @grande-juve , @Violetova , @Варвара , @wot , @Miss.Independent , @Gazpapir - уште неколку дена да го запознаете Џо Блек.
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.063
Meet Joe Black (1998)
Од мене има 9/10.

Во книгите на Кастанеда ми се чини беше (ја запамтив информацијата но не точно и книгата каде читав), читав дека „смртта ти стои зад левото рамо, и ако ти треба советник, обрати ѝ се. Ако ја спужиш левата рака наназад, можеш и да ја допреш без да знаеш. Некои луѓе бркајќи го злото (и смртта) фрлаат сол преку левото рамо наназад.“

Сценаристите веројатно биле запознати со оваа информација, па токму на состаноците со бордот Џо Блек беше лево на чекор зад Бил, сè додека му текна заради колачињата да седне до него на масата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom