FILM CLUB (КРУГ 5) (196. Kuru Otlar Üstüne / About Dry Grasses: 08.04-21.04.2024)

Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Гледан, добар филм, ама може ќе го репризирам заради оценка. :)
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.692
Поени од реакции
33.325
А зошто јас мислев дека има уште една недела за Drishyam. Ништо, готово, сум закржлавел. Ми треба помош. Некој да не сака да модерира?

Да, веќе знаете:

174. Good Morning, Vietnam (1987)
предложувач: @Џонтра Волта (21.05-04.06.2023)
1684868897575.png
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Good Morning, Vietnam (1987)

обожавам биографски филмови!!!11!!! многу добро одиграно од Робин Вилијамс (y)
7/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.082
Поени од реакции
8.130
Ѕвер е Робин штета што така заврши, за филмов одамна го имам гледано, филмчиште добро возење од почеток до крај 9/10
 
Член од
2 март 2022
Мислења
93
Поени од реакции
450
Good morning, Vietnam (1987)

Прво, голема благодарност до предложувачот што ме натера да се потсетам и да го гледам повторно овој прекрасен филм.
Се сеќавам дека кога прв пат го гледав пред десеттина години ми се допадна многу и од тогаш редовно го предложувам на сите кога ќе ми побараат воен т.е. антивоен филм за гледање.
Приказна која оди од крајност на најголема смеа до тажно прифаќање на суровата реалност во која живееме. Не знам ни што да најдам замерка на сценариото, совршено од почеток до крај. Монолозите на Вилијамс остануваат во меморија засекогаш. Еден од подобрите филмови режирани од Бери Левинсон.
Што се однесува до Робин Вилијамс, еден од најдобрите негови улоги. Недостасува премногу, ама вака ги ценам многу повеќе неговите улоги.
Песните кои ги емитуваше во радиото одлично ја надополнуваа атмосферата, правеа да се чувствувам како да сум во Виетнам лично.
Исто така ми се допадна тоа што на крајот, he didn't get the girl што беше одлично, не ни заслужуваше, не ни требаше.
Војната е бесмислена, војската уште повеќе.
Првиот пат сум му дал 8/10, но на повторно гледање ќе добие 9/10 од мене.
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.692
Поени од реакции
33.325
Gooooooood morning Vietnaaaaam!

Кога го видов Форест Витакер во униформа ми дојде некое дежа ву во кое на крај го убиваат со куршум и Робин Вилијамс плаче над неговото тело (ова или од некој друг универзум или од некој друг филм :P ), и додека гледав цело време бев во заблуда дека го имам гледано филмов како мал и дека со мојот дежа ву самиот себеси се спојлнав. Цела среќа - не беше тоа случај. Филмов инаку - супер е. Just few thoughts - цела среќа што ова не влезе во War/Antiwar категоријата во каталогот, зашто според мене ова е драма, а не воен филм. Второ - супер беше цел филм, особено Робин, нормално, го изнесе сам цел на свој грб, и особено во сцената каде симулираше радио емисија пред преполните камиони со војници. Кога истите заминуваа, беше стварно тажно, се гледаше и тагата во неговите очи, тоа го можат само врвните актери - да стојат немо како дрва, а да глумат со очите и да кажуваат повеќе дури и кога истото би го кажале со зборови. Во филмов единствено ми фалеше некоја поголема цел, ми фалеше да кулминира во одреден момент. Го немаше тоа што обично го има во ваквите филмови, а што предизвикува своевидна екстаза кај гледачот. Генерално, добар филм - помеѓу 7 и 8 ми беше, ама еве една осмица заради Робин.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Good morning, Vietnam (1987)

Ме изненади многу позитивно улогава на Вилијамс, според трејлерот некако не можев да го замислам во тој цел склоп ама секоја чест плус па и гласиште едно што имал се вчудоневидив.
Инаку и јас ко фрижидер, си сакам биографски филмови па така и овој ми беше доста интересен, убава музика но разочарувачки крај.
Ми се допадна во целост.

7/10
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.244
Поени од реакции
3.162
Good morning, Vietnam (1987)

И јас го гледав филмов и така планирав одамна, па ајде чим сега ви е во клубов. :D Добро, лабаво филмче. Штета што братот не плесна азијатка (не мораше сестра му на тој, можеше било која), ама тоа е.

7/10
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
8.082
Поени од реакции
8.130
Good morning, Vietnam (1987)

И јас го гледав филмов и така планирав одамна, па ајде чим сега ви е во клубов. :D Добро, лабаво филмче. Штета што братот не плесна азијатка (не мораше сестра му на тој, можеше било која), ама тоа е.

7/10

нз дал братов Робин има икад опмато у некој филм,скоро 80 постп ми се гледани од него хехе
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.244
Поени од реакции
3.162
Ѕвер е Робин штета што така заврши, за филмов одамна го имам гледано, филмчиште добро возење од почеток до крај 9/10
Го прочитав ова пред да го гледам и цело време мислев дека на крај ќе умре.
Автоматски споено мислење:

нз дал братов Робин има икад опмато у некој филм,скоро 80 постп ми се гледани од него хехе
Мислам имаше во еден, кај што е нешто професор, ама не сум сигурен.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.724
Поени од реакции
2.534
Good Morning Vietnam (1987)

Да не беше Робин Вилијамс, филмов ќе поминеше сосема незабележано. Тој го носи целиот филм. Особено што во филмот игра некоја варијанта на самиот себе. Иако е радио водител, всушност е стенд ап комичар со одлични имитаторски вештини. Брз монолог и одлични досетки, голем дел импровизирани на лице место.

Останатите ликови како излезени од „Полициска академија“, премногу клишеа. Иако се случува во Виетнам, војната е некаде далеку и не е ни во втор план. Филмот е сепак за водителот и неговото разбивање на крутите војнички прописи со хумор и позитивен дух. Заради тоа и е сѐ уште свеж и актуелен. Музички обилува со хитови од тој период.

Лесен и забавен за гледање, за добро расположение.

7/10
 

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.476
Поени од реакции
7.283
Good Morning Vietnam

Го имам гледано пред 15тина години ама не му ги фатив првите 10тина минути тогаш, а сеуште свеж ми делуваше во сеќавањата. Можда зашто има само неколку работи што се случуваат, а најголемиот дел е Робин Вилијамс како остава душа на терен. Улогата му е напишана за баш да дојде до максимален израз и со огромна слобода во изведбата, веднаш се приметува дека голем дел е импровизација.
Сепак иако Робин остави душа, филмот ко целина ко да немаше доволно душа. Не знам дали стварно толку улога имало радиото за војнициве во Виетнам, ама по мене премногу се издигна. Исто, иако ми беше смешно, малку ме вадеше од филм коа им држеше стендап настапи у школото, сите паѓаат од смеа иако пробуваат да научат основен Англиски, а он им кажува сложени фрази за Амерички луѓе.
Заплетот со женската ми беше исфорсиран, заплетот со брат ѝ ми се свиѓаше.
На крај, иако се обиде, не успеа да изнуди некои поголеми емоции кои се очекуваат во филмови поврзани со војни, ама затоа беше во голем дел филгуд со супер музиче.

За Робин 10ка, за филмот 6,5
 

Kajgana Shop

На врв Bottom