FILM CLUB (КРУГ 4) (195. The Time Machine: 25.03-07.04.2024)

grande-juve

е ај да плачеме сега
Член од
20 ноември 2017
Мислења
1.472
Поени од реакции
7.272
Wildcat

Дај ми приказна со природа и животни и купен сум. Во случајов беше емоционална приказна каде што човекот и дивината си помагаат и си се потребни еден на друг.
Документарецов најмногу ми работеше кога Хари и Кан/Киану беа во центарот, многу убави моменти беа фатени таму. Хари им беше мајка и ги спремаше за самостоен живот, а слатките џуџести леопарди му беа спасот и силата да се справи со психолошките проблеми.
Деловите за Саманта и за Хари со семејството знам дека беа потребни ама малку ме вадеа од филм, посебно кога дојдоа да го посетат Хари, имаше некои чудни вибрации на нелагодност.

Додека го гледав ме потсети на две работи. Првата е документарецот на Херцог Grizzly Man, препорака.
Втората е кога мојата мачка ја снема неколку дена во Маврово без воопшто да се врати, а никогаш пред тоа не се случило тоа. Сличен ко Хари бев тие денови и исто падна каменот од срце кога пак ја видов, мислам исто 5 дена беа :D

7,5/10 и секоја чест за посветеноста на Хари и Саманта и сите други како нив
 
Член од
9 мај 2019
Мислења
164
Поени од реакции
762
Неколкуте перспективи, различните ситуации, распонот од емоции и приказот на чиста ранливост ( + тоа што Киану се покажа како поголемо смотле од Кан) го направи доста интересен за следење, но мислам дека некако не постигнаа баланс. Филмов беше наменет за мачките или за последиците на воената траума?

Тоа што Хари ја пронаоѓа смислата во грижа е навистина прекрасно и јасно ми е дека секој различно се справува со лоши епизоди, но неговата состојба воопшто не е за потценување - потребна му е поинаква поддршка, сѐ помеѓу е моментално залажување. За жал не успеав да излезам надвор од оваа мисла ни по завршувањето. Всушност, ниту му дадов вистинска шанса зашто од самиот почеток ја осудив неговата одлука.

pro:
- purr
*cuteness overload*

6.5/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Barfly

Осеќам некоја потреба да се величи глумата на Мики Рурк во филмов ама не можам баш. На моменти, особено на почетокот, ми беше многу фејк ама имаше и моемнти кај што „се предадов“ и добро одглуми. Ништо особено не се случува во филмот, и хејтам такви филмови (иако некои знаат тоа многу добро да го направат). Не бев сигурен дека знаеше кај тера филмов, секако дека ликовите дефинитивно не знаеа кај тераат, и веројатно тоа е понетата, ретко кој од нас знае кај тера. Се претеруваше со тоа пиењето, тепачките, крвиштата... некои сцени и тотално surreal делуваа.

Чат-пат некој добар цитат ќе беше уфрлен и тоа е тоа.
Феј Данавеј нога дрога.

6/10
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Close

Ах, ме скрши филмов.
Знаев дека ова ќе се случи. Размислував уште на почетокот дали ќе ни приредат смрт на крајот од филмот, или ќе биде некаде на средината па потоа ќе патиме.
И се случи на средината.

Би сакал да кажам дека го мразам Лео. Но, не знам, комплицирано е. Комплицирани се меѓучовечките врски.
Толку беа слатки и интересни, како си играат, си раскажуваат приказни, си поминуваат убаво време заедно.
Се гледа дека Лео е двигателот во врската а Реми е оној пасивниот. Лео беше тој што му го направи животот поинтересен на Реми. Го направи да се чувствува убаво, среќно, како сè да се врти околу него. Зар не го сакаме сите тоа?
И, во еден момент, Лео прекинува. Ако не се лажам, ќе имаат некоја закачка па налутени ќе легнат свртени со грб еден кон друг.

Лео не делуваше дека е момче на кое би му пречело исмејувањето од околината. Покажуваше цврстина. Зошто, ох, зошто се реши така да го игнорира? Зошто се однесуваше така со Реми кога Реми дојде да го гледа како игра хокеј? „Што бараш ти тука?“ Ах, смрдле Лео, смрдле.

Колку повеќе си заинтересиран за животот околу тебе, толку повеќе си интересен за останатите.

Мора да се работи повеќе на емоционалната интелигенција. Не знам како, но мора. Веројатно треба да се прават многу посериозни, возрасни разговори со децата. Да им се укаже дека оние, поинтимните меѓучовечки односни знаат да предизвикаат голема зависност. Да им се укаже дека животот е француски филм и вообичаено ништо не се случува. Но ќе се појават луѓе во животот кои ќе ти го разбранат францускиот филм. Некогаш, некои ќе си заминат. Некои ќе останат со тебе засекогаш.

Кога му ја преврзуваа раката и кога почна да плаче и кога му рекоа „да, знаеме дека боли скршена рака“. Ох колку тогаш не беше раката што ја предизвикуваше болката. Ова ме потсети на една случка од моето детство, кога почина таткото на мојот најдобар другар. Бев претажен. Утредента кога отидов во школо, беше зима, и носев капа. Оние џокерски капи ако ви текнува, со три уши. Предобри беа. Додека чекавме да дојде наставничката по Биологија да ја отвори училницата, нормално, се закачкавме. И мојата симпатија ми ја зема капата. И, почнав да плачам. Ох колку тогаш не беше земањето на капата тоа што ја предизвикуваше болката.

Што да правиме со Лео, и како он да го продолжи животот? Како да собереме храброст и да побараме помош? Како да го победиме егото?
Свесни сме дека виновни, тоа е болната вистина. Треба да се појави Робин Вилијамс и да ни каже дека не е наша вина?
Во случајов вината беше на Лео, никој не може да ме убеди во спротивното. И, како да го лажеш дека не е вината во него?
И затоа му рече „излегувај“ од колата. Но, се свести, дека е сепак дете, дека не можеш така, дека можеби ќе изгубиме уште еден млад живот.

Ах. Ах.
Тешко.

8/10
 
Последно уредено:
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Wildcat, последниот филм од вториот круг го гледаа вкупно 12 души и му дадоа средна оценка 7,5. Го испуштија:
@Darklady - прв неизгледан
@123456 - втор неизгледан (жолт картон).

Со тоа го заокруживме вториот круг по рестартот на Клубот, кој низ бројки изгледа вака:
-19 предложувачи, 19 предложени филмови
-22 учесници (гледачи) во кругот
-237 рецензии напишани
-6,77 средна оценка на сите филмови во кругот
-сите 19 филма ги гледаа @moongoses , @grande-juve , @Џонтра Волта , @Dumbledore и @Варвара

-највисоко оценети филмови и средни оценки:
----- @Erich Zann - 8,00
----- @__Vita____ - 8,00
----- @Miss.Independent - 7,8
----- @Zlatikevichius - 7,64
----- @wot - 7,62
----- @grande-juve - 7,42
----- @123456 - 7,35
----- @Corvus - 7,33
----- @Violetova - 7,09
----- @The Cooler King - 7,05

-најниско оценети филмови и средни оценки:
----- @Џонтра Волта - 5,10
----- @Dumbledore - 5,65
----- @Shutmanga - 5,78
----- @devilko - 5,91
----- @zmija1 - 5,95
----- @Gazpapir - 6,66
----- @Комита Ултрас - 6,7
----- @Anon - 6,8
----- @Варвара - 6,86
----- @Darklady - 6,9
----- @moongoses - 7,00

-најгледан филм: Amarcord на @Zlatikevichius со 16 гледачи
-најмалку гледан филм: Look Who's Back на @zmija1 со 7 гледачи

-највисоко оценет филм: Legends of the Fall на @123456 со оценка 8,2
-најниско оценет филм: Endless Poetry на @wot со оценка 5,5

Наскоро ќе следи нова тема во која ќе продолжиме привремено во третиот круг, а по извесно време истата ќе биде споена со оваа.

ТРЕТ КРУГ - https://forum.kajgana.com/threads/film-club-КРУГ-3-169-blue-bayou-13-03-26-03-2023.115672/
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Ова е едно од оние нешта не само на форумов, туку и воопшто во животот кои сум ги создал, а на кои сум особено горд! FILM CLUB на Кајгана форум наполни веќе 7 години, 2 месеци и 13 дена! Гледавме 168 филма, напишавме нешто повеќе од 1870 рецензии, учествувавме преку 40 различни членови на форумов во одредени делови од Клубот, испишавме 338 страници со 5 062 мислења... И создадовме спомени од кои дел ќе се памтат вечно!

Ова е почетокот на третиот круг по рестартот на Клубот! Или вкупно 13 круг од основањето на Клубот! Сакате да бидете дел од едно интересно друштво на филмски ентузијасти кои заеднички чекорат низ филмските скалила? Многу едноставно можете да се приклучите - се што треба да направите е да имате волја, да ги прочитате правилата од подолу и на секои 2 недели да гледате по 1 филм и да напишете кратка рецензија за истиот тука.

Сега за сега продолжуваме во нова тема, со надеж дека ќе привлечеме и нова, свежа крв, но, по некое време истава ќе биде споена со оригиналната тема на Film Club-от која моментално стои заклучена, и ќе продолжиме таму, за што навремено ќе бидете информирани. За сите оние кои не знаат за што се работи, еве и линк до ПРВИОТ FILM CLUB.

Правилата... :

1. The first rule of Film Club is: you do not talk about Film Club! :P

2. Како клубовите на читатели. Идентично! Сите гледаме еден ист филм (поточно - иста верзија на еден ист филм) и потоа го коментираме истиот.

3. Секој кој сака може да стане член на клубот! Потребно е само да имате волја, и да одвоите по 2 часа време на секои 2 недели за да изгледате еден филм предложен од некој од членовите на Film Club (FC).

4. Да, исто како и во читачките клубови, и тука самите членови на FC ќе ги предложуваат филмовите. Првиот филм во овој трет круг го предложувам јас. Следните предложувачи се оние кои останале на листата активни членови на Клубот од претходниот круг, ова е листата:

  1. @Zlatikevichius
  2. @Anon
  3. @Комита Ултрас
  4. @moongoses
  5. @grande-juve
  6. @Џонтра Волта
  7. @Darklady
  8. @Violetova
  9. @Dumbledore
  10. @The Cooler King
  11. @Варвара
  12. @123456
  13. @wot
  14. @Miss.Independent
Следни, по 14 предложувач ќе бидат оние кои први ќе го гледаат мојот филм и ќе напишат кратка рецензија тука, по истиот редослед по кој ќе ги напишете рецензиите. Секако, доколку било кој од предложувачите на оваа листа го прекрши членот 12 (види подолу), му се одзема правото да предложува и се префрла на дното на листата, па доколку се врати во клубот, ќе предложува последен. Листата на членови и редоследот по кој ќе предложуваат филм ќе ја најдете тука: ЛИСТА НА ЧЛЕНОВИ НА FILM CLUB, истата се update-ува по секој предложен филм.
NOTE: Секој предлог за филм ќе биде прво разгледан од моја страна, како креатор на клубот. Ова - со цел да не ни изумрат милиони мозочни клетки ако некој предложи нешто како „Патот на кенгурите“, што еднаш се случи. Доколку некој од предложувачите се обиде да нѐ истрола на таков начин, ќе биде трајно баниран од клубот.

5. Предложениот филм МОРА да може да се најде за download преку некој од тракер сајтовите во минимум 720p. резолуција (HD). Секако, по договор, некои исклучоци може би биле дозволени (пример, ако станува збор за македонски филм (каков што веќе сме имале), или авторски филм кој уште немал премиера (нешто што @Setsuko еднаш ни овозможи) и сл.).

6. Имајте разбирање за предлозите, почитувајте го мислењето на другиот. Да не се расправаме со муабети од типот - леле колку глупав филм, јас не го гледам!

7. Ова е Letterboxd листата во која еден по еден ќе бидат додавани филмовите за некој кој ќе се вклучи подоцна во клубот да може да нѐ следи што сѐ сме гледале, па ако сака и да изгледа. Тука се веќе ставени претходните 168 предложени филмови. Продолжуваме надолу од 169. Линк до листата: http://letterboxd.com/zlatikevichius/list/film-club/

8. Доколку некој веќе го има гледано предложениот филм, препораката е да го репризира додека го гледаме сите, затоа што и репризите се бројат во Moviespotting. :P Но, ако го гледал скоро и се сеќава доволно добро, или не сака да го репризира, а напише рецензија за истиот, нема да има никаков проблем, и истите рецензии ќе се бројат.

9. Што ќе постигнеме со клубов? На вашите изгледани филмови ќе додадете бројка од 26 нови (52 недели во годината = 26 филма), ќе научиме нешто ново за светот на филмот и ќе се дружиме разменувајќи ги нашите ставови за филмовите што ќе ги гледаме.

10. Темава ќе биде spoiler free, што значи не ја отварајте пред да го гледате филмот! ;)

11. Нормално, правилата на форумов важат и во темава, затоа be careful!

12. За еден предложувач да има право да предложува филм следен, кога ќе му дојде редот, мора да има изгледано и напишано рецензија за минимум 1 филм од последните 3 предложени, и минимум 3 од последните 10. Во спротивно, го губи правото да предложува се додека не бидат задоволени овие два услова.

13. Делот од член 12 од првиот круг со кој на сите кои гледале минимум 1 филм во кругот ќе им се овозможи да предложат филм - СЕ УКИНУВА!

14. Почнуваме ВЕДНАШ!
__________________________________________________________________________

169. BLUE BAYOU - Justin Chon (2021)
предложувач: @Zlatikevichius (13.03-26.03.2023)

1678732426964.png

Овојпат имав само 2 филма во конкуренција. Се одлучив за овој зашто никој од Клубот (освен @Anon ) го нема гледано, според Letterboxd, а кај мене по првото гледање предизвика бура од емоции и заслужи чиста десетка. Се надевам дека и вам ќе ви се допадне барем приближно колку мене.

Тука освен тагнатите активни членови на клубот од погоре, ги поканувам и сите оние останати кои сакаат да ни се вратат или придружат, ова е одличен момент за тоа (простете доколку изоставам некого): @Acid , @ob1 , @Васил МКД , @Leo Bonnie , @Tyler Durden , @SK-92 , @Imperatorot , @Shawn Spencer , @DaedaIus , @Хефест , @santelli , @џимеј , @Хоуп , @ManUtdChampions , @Erich Zann , @ElNinho , @dragonsky , @Viollet , @Saladin , @Vlatko_Gjorce , @Iceboy , @Bojan Van Buuren , @Zarniwoop , @Goodfella , @Scirea , @Донев , @dejan_k , @wicked_1 , @Spiegel , @AceCaleb , @Krk1 , @marinetti , @Hurin , @Carax , @Chovek , @Mark Renton , @Major Tom , @reddevil4ever , @faraon , @devilko , @Setsuko , @Gazpapir , @Corvus , @zmija1 , @__Vita____ , @Shutmanga , @Red John , @Spiegel , @ и уште еднаш - сите останати, простете ако не сум ве спомнал, и вие сте добредојдени!
 
Член од
15 март 2023
Мислења
39
Поени од реакции
76
Здраво, првиот пост на форумов решив да ми биде овде. Еве ја мојата оцена за филмов:

Немам зборови искрено, на филмов би му дал една солидна 7/10. Има unique storyline да кажеме, само не ја разбрав улогата на Parker, што би требало да претставува таа и зашто би ја направиле дел од главните ликови ако нема да има придонес во приказната.
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Не знам дали повеќе плачев или пцуев.
Не верувам дека некој ќе остане рамнодушен на последната сцена, ме здроби.
Пцуев имиграциски систем до шесто колено!

Од мене 8/10

Еден од потажните филмови кои сум ги гледала.
Многу болни и неправедни теми отворени дури и не очекував дека ќе се роди ќерката на момент помислив дека нешто пак лошо ќе се деси ми требаше некоја светла точка. Маѓепсан злобен круг, кој почнува од раѓањето на Антонио па до самиот крај исполнет со лошо минато и лоши сеќавања. Кога општеството, луѓето не ти даваат шанса се фаќаш и за последната сламка кога се давиш во овој случај пак се врати на крадењето.
Сцените кај што ја вози Џеси на мотор ми беа многу лоши, кожа ми се наежи, генерално ми дадоа некоај слика за ''негрижлив'' татко.
Многу се надевав на среќен крај, се нешто очекував дека од Паркер ќе добијат куќа, пари што знам...за да на крај и таа почина.
Можеби целта беше да се покаже дека Антонио е способен да оствари блиска пријателска врска, да се отвори со човек да разговара што тоа не го правел со Кети.
Очите на Џеси не можам да ги заборавам, таа вистинска изградена врска и гледањето на Антонио како нејзина татковска фигура која ја снемува на крајот а од друга страна нарушениот однос со нејзиниот биолошки татко...
Одлична актерска екипа.

Не знам како ќе заспијам после филмов но веројатно пакетче паломи ќе си земам.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.860
Поени од реакции
54.394
Има еден коментар на летербокс кој гласи вака - The ending of this film is great when you aint got a bitch on yo ear telling you how bad it was.

Ова е најточниот опис за мене. Се тоа беше премногу наивно, неодработено до крај, неисполнето, се со цел да не фати на картата емоции у задњата сцена. Емотивна беше сцената, не викам не, ама не можев да прејдам преку дупките што настанаа у втората половина од филмот.

Убаво почна, мирна пријатна драма, природна, таман. И наеднаш у секоја сцена се појавуваа клише моменти. Многу наивно, од нигде никаде се караат у продавница, па доаѓаат џандарите, еден добар-еден лош, па овој се степува со нив. Па сретнува рандом виетнамка која постоеше у филмов само за да умре и као нешто да му докаже дека успеале тука бла бла. Па се дешава тоа со емиграционото и од тој момент кинезот као поише да сакаше да го депортираат него што стварно се бореше за семејството. Глупости. Без зрно барут се предаде. Буквално. 0 борба и ништо од тоа што претходно го збореше, не видовме.
Тоа со мајка му знаев дека е нешто такво у моментот кога адвокатот им кажа дека е жива и дека ја исконтактирал. Од авион се гледаше дека ради некои такви причини овој не ја сака, па она одби да дојде на суд, па на крај дојде.
Онака рандом крадеа мотори, зема пари, ништо од полициска истрага. Ајде ќе речеме тоа небитно е и оди у позадина. Џандаров, прво лош, па добар, па лош, па добар, па добар, па лош, па пак добар на крај. Тој другиот класичен стереотип за џандар, катанец брада, сељак и глупак што не размислува паметно. Силеџија. Тој третиот, хард-кор специјалец, тетовиран ама добар у душа. Пред да го однесе на аеродром, го изнесе кинезот на езеро и му рече ако бегаш нема да те бркам. Ле ле.
Овој киднапиран, тепан, не дојде на суд, изеде депортација, и место да отиде у полиција, адвокати, жалби тужби, тој се заби со моторот у вода. Полицаец го киднапираше и тепаше и ради тоа не можеше да дојде на суд каде веќе имаше други 2ца полицајци кои ќе застанеа на негова страна.
Па се сретна со другар му кој му даде пари од што ги шитнал моторите, овој и дава плико honest money, хахаха како бе? Не се ни видоа со жена му, ништо од тоа, овој помирен си иде на аеродром, овие така по него појдоа. Секако дека така ќе си отиде жена со бебе од друг маж и сите тие глупости што следат. Па тој џандарот од нигде никаде се појавува кај мајка и пред куќа, па трк на аеродром и таман овие да поминат чек ин овој вика ууууааааа чекајте и драмска пауза - абе ја дојдов да се поздравам со ќерка ми. хахахахахаха добро. Па ајде ќе си идеме сите среќни како семејство, па кинезот вика не бе треба да останете, седете ја да се снајдам и ќе ве повлечам, па овие неее па дааа па нееее па ајде отиде овој и тогаш девојчево експлодираше, па тие срцепарателни влечења за раце, пичку матер.
Требаше на крај коа ги спомнуваа сите тие ликови што биле депортирани, да пишат, 5 години подоцна
и да видиме сцена негде у Сеул каде цело семесјтво си живее среќно и весело. Кинезот вози томос и продава риба а Викандер работи у некоја болница, двете девојчиња тука си играат нешо ау, оваа белава има еден куп жути другарчиња и си живееа среќно до крајот на животот.

Се извинувам што изнапишав вака, ама не можев да прејдам преку овие сценариски дупки клишеовски. Не паѓам волку лесно и не ги давам солзите на вакви наивни ствари.

А беше добар филмов стварно, првите 40-50 минути беа врв, многу поише очекував у продужение, не може вака наивно, што би се рекло, неопростиво у моето ригорозно филмско судење.

6.5 оценка.
 
Член од
4 јуни 2009
Мислења
11.320
Поени од реакции
27.799
BLUE BAYOU

Некој микс од рецензијата на Џонтра и Мис. Многу тешка сцена беше таа последната, ама не можам да прејдам низ дупките што се појавија.
Највеќе што ми смета е што филмов е очигледно посветен на посвоени деца што се соочуваат со депортација, ама кој кур играат на емотивна карта со волку дупки у филмов. Не спаѓа сигурно во некоја вистинита прича и сите овие карактери се измислени, ама лошо одиграно.

Актерската екипа си беше фантастична нема збор, ама целата приказна ко пакет беше со многу дупки. Допреа неколку тешки теми и ништо од тоа не продлабочија се беше онака површно, да не се повторувам од тоа што го пиша Џонтра. Ниту истрага за моторите, ниту борба со суд, адвокати, без никаква борба од негова страна, која беше улогата на оваа виетнамкава? Лапна 2 тетоважи и умре, толку. Ниту еден длабок разговор не видовме меѓу нив. Очекував да искочи дека му е мајка или сестра нешто не знам.

Од друга страна горе-доле успешно прикажаа дека Антонио е добар човек и колку ја сакаше Џеси иако не беше негова. Ама потфрлија да прикажат поголема конекција околу ликовиве и тоа мислам дека е главната причина што го "уништи" целиот филм. Веројатно непопуларно мислење ама не би сакал жена ко оваа Кети. Буквално со ништо не покажа дека го почитува и има разбирање за Антонио. Ако ја извадиме последната клише сцена као демек ај со тебе идеме, што друго му покажа? Го караше у сред маркет зошто он бил забавниот татко, ваууу. Кога требаше да ја води најголемата битка она си ја гушна мама и го остави, никакво разбирање низ што поминал ниту па да биде разумна и да разговара зошто не си ја сака он мајка му. И на крај ај ќе му удрам чврга на дебелиов џандар, бегај бе.

Музиката, камерата, глумата одлична. Кети имаше убав глас кога пееше, а Џеси беше многу мила.

7.5/10
Автоматски споено мислење:

Па се сретна со другар му кој му даде пари од што ги шитнал моторите, овој и дава плико honest money, хахаха како бе?
Во сцената се гледаше неговиот мотор тој жолтиот, мислам дека го продаде на сомнителниот лик. Иако и ова е нелогично пошо се фрли у езеро со него.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom