FIFA World Cup™ Fantasy Football

Факе

Highbury–the Home of Football
Член од
6 март 2010
Мислења
9.458
Поени од реакции
10.155
Нејкам да ме препишете.:kafence:
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.956
Поени од реакции
25.270
Чисто да знаеш ти и останатите членови да знаете да ги стартувате оние што играат најпрво. Гледам го имаш Хакими од Мароко на клупата, а Мароко игра против Иран на 15-ти (петок) така да можеш и најдобро е Хакими да го стартуваш првин, а Ешли Јанг да го ставиш на клупа зашто Англија играат на 18-ти јуни (дури понеделник). Пример доколку Хакими ти освои само 2 поени ќе можеш да го смениш и да го ставиш на клупа па Ешли Јанг да го ставиш на неговото место да стартува. А во случај Хакими 2 поени да ти освои + 4 поени клин шит, значи вкупно 6 поени што е супер, тогаш ќе си го чуваш и нема да го чепкаш , а Ешли Јанг пак можеш да го ставиш место било кој друг играч од одбраната или средниот ред кој играл веќе и ти освоил само 1 или 2 поена.
Да си ги знаете тие работи.

@Факе ти исто да си знаеш, мислам дека тоа ти е побитно инфо отколку да го знаеш мојот тим како изгледа :D
 
Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.547
Поени од реакции
52.340

А кога можеш да правиш промени од клупата? Секој ден?
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
13.956
Поени од реакции
25.270
А кога можеш да правиш промени од клупата? Секој ден?
Да де, нели ќе има по два-три наптревара дневно. Пример тој што си го стартувал и ти освоил 1 или 2 поена можеш одма откако утакмицата ќе заврши да го извадиш и да ставиш пример играч од клупата кој треба да игра истиот ден покасно или следните денови.

Исто заборавив да напоменам и за опцијата капитен која носи дупло поени. Исто така гледајте и за капитен да го назначите оној кој игра прв. Пример доколку имате некој руски играч во тимот ставете го капитен без разлика која позиција руски играч имате, не потценувајте никого, па доколку не се задоволите со поените што освоил тогаш пак можете да го промените капитенот со играч кој треба да игра. Пример ќе ставите играч од Уругвај доколку имате таков пошо нели втор натпревар по ред играат, во петок од 14ч. или играч од Шпанија итн. се додека не се задоволите со поените од одреден играч. Не значи дека со тоа ќе направите правилен избор на капитен, но барем не ризикувате да останете со само 2 или 4 поени од капитенот. Пример ќе го ставите Кејн капитен, а тој игра дури на 18-ти и доколку не поентира добро ќе имате само 4 поени (2 поени како стартер), а претходно веќе ви одиграле 5-6 играчи и играчи кои можеби постигнале и по 2 гола. Или пример Головин во четврток го ставите капитен и постигне еден гол и се одлучите да го оставите капитен пошо сте задоволни од 12-те поени како капитен, а следниот ден Суарез пример или Давид Силва постигнат по 2 гола што значи сте направиле грешка со капитенот и сте можеле многу повеќе поени да соберете. Затоа реков дека може пак да погрешите со капитенот, но барем има големи шанси да не останете со лоши поени од капитенот. Така да секој како ќе си одлучи. :D
Значи истото е вака и за фантази ЛШ, кој играл знае.

Инаку имате и апликација за тел. од играва
 
Последно уредено:

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.253
и секако играч на фантази што го имам ќе се повреди во 23та минута на цело светско....секако :DDDDD
 
Kajgana Shop

На врв Bottom