Fidel Castro замина во легендите

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387

ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
2.978
Поени од реакции
6.876
Античките Македонци од ГДОМ, познати како огромни анти КОМУНИСТИ, и луѓе кои се против нивните репресивни мерки, и шарениот револуционер борец за ДЕМОКРАТИЈА и борец против секаква ДИКТАТУРА, денес заедно плачат по ликот и делото на феноменалниот Кастро.Тоа само зборува колку немат врска и едните и другите со тоа за што наводно се борат, колку се не едуцирани, и колку немат развиена свест за размислување.Или кажано попросто ГДОМ и Шарената Револуција се едно те исто, само со различни стопани.
Слободно после 2 години плукање ова може да се прогласи како ден на национално помирување.
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Античките Македонци од ГДОМ, познати како огромни анти КОМУНИСТИ, и луѓе кои се против нивните репресивни мерки, и шарениот револуционер борец за ДЕМОКРАТИЈА и борец против секаква ДИКТАТУРА, денес заедно плачат по ликот и делото на феноменалниот Кастро.Тоа само зборува колку немат врска и едните и другите со тоа за што наводно се борат, колку се не едуцирани, и колку немат развиена свест за размислување.Или кажано попросто ГДОМ и Шарената Револуција се едно те исто, само со различни стопани.
Слободно после 2 години плукање ова може да се прогласи како ден на национално помирување.
Естаблишментот плаче поради смртта на некој од анти-Естаблишментот.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
VIVA CUBA LIBRE!

Покрај ова и еден текст за него кој пред две недели е прочитан на Протестот на исклучените од Топлификација. Духот на Фидел и неговата борба е суште инспирација за сите кои се борат за правда, а против силата и неправдата
.............................
Борбен повик број 10 – 12. 11. 2016 - tu ne cede malis sed contra audentior ito

Ние се обративме на Уставниот суд да ги заштити нашите основни човекови пеава. Ние се обративме и на редовните судови со барање да ни бидат заштитени основните човекови права. Ние пишувавме барања до Никола Гуевски и други властодршци за истото. И како што знаете никој не ни помогна. Ние веруваме во правото. Ние веруваме дека правната држава ќе ги заштити нашите основни човекови права. Но како што гледате немаме успех. Денес нас брутално ни ги газат нашите основни човекови права. Денес најцрните организирани криминалци - хохштаплерите од Топлификација не тужат секој три месеци. Дури и цинично велат дека тоа го прават за да не „ дисциплинираат “. Очигледно е дека власта на законите нас не ни помогна. Очигледно дека правото нас не ни помогна. Но ние и понатаму верувме во Уставот.

Ова не е ниту првпат, ниту единствен случај да се појави власт која не го почитува Уставот. Затоа ќе биде корисно да погледаме други слични искуства.

Денес ќе ви раскажам за еден човек исто кој верувал во законите, кој верувал во правото, но кој исто доживеал неуспех и разичарување. Тој човек бил принуден на друг начин да ги одбрани своите човекови права. Денес ќе ви раскажам за Фидел Кастро.

Фидел Кастро е роден на 13 август 1926 година. Потекнува од богато семејство. Неговиот татко бил сопственик на голема плантажа за шеќерна трска. Фидел се школувал во најдобрите христијански училишта и бил одличен ученик. Студирал правни науки на Универзитетот во Хавана. Во 1950 година докторирал право. По завршувањето на студиите отворил адвокатска канцеларија. А во 1952 година планирал да се кандидира за пратеник во парламентот. Но на 10 март 1952 се случило нешто страшно што ги пореметило плановите на Фидел Кастро. Тој ден генералот Фуленсио Батиста извршил воен удар. Го срушил легално избраниот председтел, ги откажал изборите и ја презел власта на Куба, како воен диктатор. За еден млад правник, каков што бил Фидел, воспитуван во најдобрите традиции на Христијанството, оваков гест бил неприфатлив. Затоа тој верувајќи во правото и законите, седнал и напишал тужба до судот барајќи диктаторот Батиста да биде осуден на сто години затвор поради кршење на Уставот. Диктаторот Батиста воопшто не се ни осврнал на ваквата тужба. Батиста имал подршка од војската и од правото не се плашел. Затоа Фидел и неговиот брат Раул, собрале 130 приврзаници и на 26 јули 1953 година ја нападнале касарната Монкада во градот Сантијаго де Куба. Нападот бил катастрофа за востаниците. Повеќето востаници биле убиени, а Фидел и Раул биле заробени. Нив им е судено и двајцата се осудени на по 15 години затвор. Но во затворот останале само до 1955 година. Тогаш, под притисок на граѓански протестиите, Батиста ги помилувал политичките затвореници и Фидел и Раул се нашле на слобода. По ослободувањето, Фидел пребегал во САД, а подоцна во Мексико. Во Мексико е формирано Движењето 26 јули ( Movimento 26 de Julio) Во Мексико Фидел се запознал, меѓу другите и со Че Гевара и Камил Сјенфуегуса кои му се придружиле.

На 2 декември 1956 година, Фидел заедно со 82 револуционери се истоварил на брегот на Куба. На брегот ја испеале химната на Куба, а Фидел одржал краток говор. Ќе бидат предадени и по неколку дена поголемиот дел од нив ќе бидат убиени. Само 22 души ќе се пробијат и ќе стигнат до планината Сиера Маестре. Во наредните две години, герилците ќе ја превземат контролата над најголемиот дел од селските подрачја. Војската на Батиста ќе ги држи само градовите.

На 28 декември 1958 година, Че Гевара, со 340 револуционери го почнува нападот на гарнизонот Санта Клара. Овој гарнизон Батиста го бранел со 3900 војници, 10 тенка и оклопен воз. На располагање му била и авијацијата. Но по три дена борби, деморализираните војници на Батиста се предале. Санта Клара е одалечена од Хавана 260 километри, но диктаторот Батиста знаел што ќе следи и затоа во ноќта помеѓу 31 декемврри 1958 и 1 јануар 1959 потпишува декрет за својата оставка. Два сати по полноќ, носејќи со себе 700 милиони американски долари од државната благајна, Батиста придружуван со четириесет соработници, со три авиони избегал најнапред за Доминиканската Република. На 2 јануари, Че Гевара без испукан куршум влегува во Хавана. Фидел Кастро на 6 јануари 1959 година тријумфално бил дочекан во престолнината. На тој начин заврши борбата на Фидел против диктатурата на Фуленсио Батиста.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Куба во ерата на Кастро живееше главно сиромашно. Но за тоа придонесоа и САД бидејќи општите ембарга секогаш ги погодуваат најранливите категории а не режимот и клиентите на системот. Политички слободи во западна смисла нема. Половина од населението живее со еден долар дневно. Лош е јавниот транспорт. Противниците на системот за затвораат.

Од друга страна:

  • Комплетно е искоренета неписменоста. Наставник има на секои 10 деца.
  • Ефикасен здравствен систем поради чиј успех доаѓаат пациенти и од САД и од цел свет, на лекување сешто, од зависност од дроги до меланоми.
  • Детската смртност е помала отколку во Америка.
  • Куба има двојно повеќе лекари на 1.000 пациенти од САД.

Една цртичка од таму, раскажана од наш човек:

Влегува локален просјак во бавча на ресторан полн со туристи. Ги поминува масите, собира пари но не оди на следната дестинација за просење туку седнува на првата слободна маса, си го нарачува најубавиот коктел во ресторанот и ужива со полно срце
 

VOLK2234

еврофоб и хомоскептик
Член од
16 септември 2008
Мислења
5.517
Поени од реакции
4.387
Во Куба здравството е многу поразвиено во однос на стандардот што го имаат.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Еден комуњар помалце.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.195
Ја претвори Куба во свој приватен харем. Им ги изеба ќерките, сестрите, жените и мајките на многу кубанци. Јадеше, пиеше, уживаше, живееше живот на султан.
Го доведе својот народ на питачки стап, технолошки го закова во шеесеттите години од минатиот век.

Ама битно имале добро здравство на Куба.

Viva la revolucion...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.975
Поени од реакции
14.734
Еден комуњар помалце.
Кастро не е комуњар, туку комунист. Комуњар е човек кој влечи корени од комунизмот и го пропагирал истиот, а живее на пример на Водно со базени, патеки со парно греење, домашна послуга,
(слично на тоа што кастро му замерувал на Тито), не мешање со обичен свет, два пати носење на одело на хемиско чистење после одење во некоја штала во кампања...

Додека комунистите си живеаат во аскетски живот без многу луксузи
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.964
Поени од реакции
35.576
Кастро не е комуњар, туку комунист. Комуњар е човек кој влечи корени од комунизмот и го пропагирал истиот, а живее на пример на Водно со базени, патеки со парно греење, домашна послуга,
(слично на тоа што кастро му замерувал на Тито), не мешање со обичен свет, два пати носење на одело на хемиско чистење после одење во некоја штала во кампања...

Додека комунистите си живеаат во аскетски живот без многу луксузи
Шо и да е идеологијата е таа. А дека не живеел во луксуз шознам баш , не ми верува.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.271
Поени од реакции
78.918
Кастро не е комуњар, туку комунист. Комуњар е човек кој влечи корени од комунизмот и го пропагирал истиот, а живее на пример на Водно со базени, патеки со парно греење, домашна послуга,
(слично на тоа што кастро му замерувал на Тито), не мешање со обичен свет, два пати носење на одело на хемиско чистење после одење во некоја штала во кампања...

Додека комунистите си живеаат во аскетски живот без многу луксузи
Сакаш да кажеш дека господинот Груевски е комуњар? (и сите до сега што биле на власт тука)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom