Fiat Barchetta

Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
Зраво Кајгана граѓанство,
Ми треба совет за автомобил Fiat Barchetta, имено сакам да купам ваква кола па ми требаат информации што мислите за колата, дали знаете во МК каде може да ја набавам или во соседство.
Имено не ми е битна бојата на колата затоа што веднаш во план ми е да се префарба во црна, но затоа важно ми е колата да е со тврд покрив, и по можност да е барем 98-99год нагоре.
Околу автомобилот /: http://en.wikipedia.org/wiki/Fiat_Barchetta

Имено изборот за оваа кола ми е од причина што се имам заљубено во овој модел на Фиат, Па така сега кога имам некоја финансиска констукција за ова да го претворам во реалност, почнав по активно на ова поле.

Фала однапред за одговорите.
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Зраво Кајгана граѓанство,
Ми треба совет за автомобил Fiat Barchetta, имено сакам да купам ваква кола па ми требаат информации што мислите за колата, дали знаете во МК каде може да ја набавам или во соседство.
Имено не ми е битна бојата на колата затоа што веднаш во план ми е да се префарба во црна, но затоа важно ми е колата да е со тврд покрив, и по можност да е барем 98-99год нагоре.
Околу автомобилот /: http://en.wikipedia.org/wiki/Fiat_Barchetta

Имено изборот за оваа кола ми е од причина што се имам заљубено во овој модел на Фиат, Па така сега кога имам некоја финансиска констукција за ова да го претворам во реалност, почнав по активно на ова поле.

Фала однапред за одговорите.
По огласнициве има еден куп вакви модели за околу 3000-4000 евра (во зависност од годината), разгледај.
Интересно количе за летен период и курчење за малку пари :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
@Acid ги разгледав понудите на нашиве пазари, но неможам да најдам некоја што има тврд покрив (hard top). Имено ги прочешлав. mobile24, pazar3, reklama5, koli.mk но неуспеав да пронајдам ништо соодветно... Ако имаш предлог за некој друг website од наше подрачје.

Е сега имено најдов една Barchetta од Бугарскиов половен автопазар на нивниот портал mobile.bg
http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11279869349156771&f1=details
Но се мислам дал е овој оглас сеуште валиден и какво е стање на оваа кола од причина што таму вели дека објавен е огласот тек во 2010 година. изворно (Публикувана в 10:15 часа на 23 јули, 2010 год.).

Што мислите во врска со оваа информација?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.598
Поени од реакции
18.018
@Acid ги разгледав понудите на нашиве пазари, но неможам да најдам некоја што има тврд покрив (hard top). Имено ги прочешлав. mobile24, pazar3, reklama5, koli.mk но неуспеав да пронајдам ништо соодветно... Ако имаш предлог за некој друг website од наше подрачје.

Е сега имено најдов една Barchetta од Бугарскиов половен автопазар на нивниот портал mobile.bg
http://nfs.mobile.bg/pcgi/mobile.cgi?topmenu=1&act=4&adv=11279869349156771&f1=details
Но се мислам дал е овој оглас сеуште валиден и какво е стање на оваа кола од причина што таму вели дека објавен е огласот тек во 2010 година. изворно (Публикувана в 10:15 часа на 23 јули, 2010 год.).

Што мислите во врска со оваа информација?
Еден другар ја слупа сеа пред месец дена на кружниот кај католичка и фрка му е за делови, уште чека. Со тврд кров не знам дали ќе најдеш, а он ја зема за 2500 евра, и знам дека се жалеше дека му троши доста.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
@Бокле Фала на effort за линкови и сугестија, искрено и остало граѓанство ми има кажано за сличноста меѓу barchetta и Fiat Coupe ама мене ми се тотално различни во глава... што знам. Така да друг модел не е во опција...
@zmej gorjanin Се надевам дека е се во ред со твојот другар, се надевам ке биде се во ред со него и мобилот.

Пишете ако знаете некои други портали од оние јас што ги пишав погоре за половни автомобили.
Исто во врска со оној пост на mobile.bg што го пишав што мислите...

Фала на сите до сега за feedback
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.214
Поени од реакции
7.272
ај имено види си ова :)

Edit: не ни знаев дека имало барчета со хард топ така да тешко да најдиш.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Брат троши многу.А можиш да си најдиш за тие пари едно Фиат Купе.Сепак твој е изборот.А иначе имам една таква возено добри се многу али шо троши едина мана е тоа.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
"Lu5 Имено според моето гуглање недокрај дознав да тој hard top може да се набави и накнадно, и се монтира место овој другиов.
Е сега ако некој знае дали може кај нас да се купи такво нешто или во околина би било фино да пише :)

@Пратеник Според интернет информации што собрав комбинирано троши 8литри е сега реално дали се овие информации точни со тие во релност незнам.

@Argasi фала за насока ке пишам и таму... мало спор им е овој процес на регистрирање :)
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
Убаво количе, баш прееска се паркира до нас едно на пауза го испоразгледавме убаво (отворен беше кровот) :D
Внатре е тесно, т.е. двосед е нема што да се очекува повеќе, ниско е и некако мало ама за курчење е измислено
ми се допаѓаат рачите што се вдлабнати внатре
-кога сме кај моторот има 1.8 бензин со 131 коњ (+возачот 1) :pos: мала шала ... троши градска сигурно 10-12 гарант!
-кровот е мек на сите, тоа што отпосле ставиле тврд кров автермаркет тоа е друго, може да си порачаш/најдеш од негде и да си монтираш (мада јас преферирам кабрио, не ја гледам поентата освен ако не се вади тврдиот кров летно време)
-за бојата купи црна од ОДМА не се зезај да ја префарбуваш отпосле зебанција е и глупост башка
-Имаше еден бела со преправани браници, плин итн ... многу ефтино ја даде околу 2500 некаде
-глуп момент до кога ќе ја возиш колава, дур си млад дур немаш деца, фамилија итн (освен ако не ти е 2-3 кола во возниот парк:) )

Предлог еве црна со бордо седишта профи изгледа
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/675121?searchID=6892446&Idx=2



 
Член од
1 февруари 2009
Мислења
278
Поени од реакции
221
Јас имено само можам да ти кажам бегај подалеку од Фиат, сум имал неубаво искуство со моторите на Фиат
А ако си загреан еве ти една Словенска со тврд кров
http://www.avto.net/_AVTO/ad.asp?ID=5702129&show=1
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
дизајнот е одличен за толку стара кола
а не очекувај дека ке најдеш на оглас со тврд кров бидејки фабрички не се правеше со тврд кроф
имам слушнато дека има негде во скопје дека се прават тврди кровови за кабриолети ама незнам точно каде
а за трошење троши јас имам фиат и стварно троши ама не е неиздржливо
 
Член од
13 август 2008
Мислења
41
Поени од реакции
1
Се информирав имено дека Fiat barchetta со тврд кров доаѓа фабрички само кај одредени модели, најчесто кај limited edition. Има секако информации за набавка на вакво нешто од ebay.de со цени од 200 до 400 еур. но тоа со царини со превоз може да фати доста но ете има некој начин за набавка... Приметив дека има barchetta клуб во наша соседна земај Грција. Но нешто што опасно ме заинтересира е коментарот на господин NDarK кој сугерираше дека кај нас прават тврдфи кровови за кабриолети, пробарав на таа тема по интернетов ама без некој резултат, ако може некое инфо плус за ова би бил благодарен.

Во врска со потрошувачката свесен сум дека не е тоа мобил што троши 5л градска, но едноставно дизајнот е премногу добар па таа малце поголема потрошња спремен сум да ја проголтам.

@Torte Mobile™ Го погледнав oвој огласувач но некако бордо седишта многу е дрско, за мој стил. Дефинитивно не е кола за фамилија со повеќе од 2 члена + куче
@KiLian Незнам мајка ми има Fiat Punto незнам кое точно годиште и да не подречам ама освен основни делови кои се потрошни немало криза никаква, тивко е и поуздано ауто. 5.5 - 6 градска зависи колку ти е тешка ногата.

Инаку несакам модифицирани barchetta модели сакам автентична, затоа што не планирам да ја препродавам во животов.

Фала на сите досега за одвоеното време, секое инфо плус совет се добредојдени.
 
Член од
12 декември 2011
Мислења
175
Поени од реакции
25
јас имам слушнато за БМВ Зсериите дека можат да имаат и тврд кров , сега дали ги прават кај нас или може да се нарачаат од странство не сум сигурен
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Во веќе далечната 1997 година, во Кисела Вода кај средното правно нон стоп се моташе една Баркета (превод од италијански: чамче, мал чамец). Тогаш беше нов модел, таа беше портокалова и изгледаше фантастично.
После 15 години, сеуште изгледа фантастично. Имаат интересни кваки на вратите, и така некои типично италијански детали.
Тоа е една од оние коли кои и после 100 години ќе изгледаат интересно.
Нејзини духовни предци се едни многу интерени модели на ФИАТ од 60-тите и 70-тите како на пр. 124 Spider, 850 Spider...
Машината е 1.7 со 130 и нешто коњи, сосема доволни за ветар во косата. Ниско се седи, скоро како на картинг, стабилна и убаво убрзува, со проверена фиатова механика.
Препорачувам да купиш исклучиво stock автомобил, бидејќи секое тјунирање на неа изгледа глупо. Дури и различни бандажи од неговите фабрички, ретко убаво му лежат.
Не држат некоја луда цена, а добиваш иден класик.
http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/877221?searchID=6440084&Idx=1
Јас би го пазарил овој. Оригинален, без промени, освен бандашите кои се неговите оригинални, но префарбани црни. Тоа се решава за еден ден :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom