Fedde Le Grand @ Green Beach Festival // Охрид - 31.07.2015

Член од
21 септември 2008
Мислења
14.430
Поени од реакции
13.827
Едно од најголемите имиња во електронската музика, светски познатиот диџеј и продуцент, Фед ле Гранд (Fede Le Grand), летово доаѓа на Грин бич фестивал (Green Beach Festival) во Охрид на 31 јули.



Октопуси ентертејмент и Пасворд продакшн ви го претставуваат шестото издание на Грин бич фестивал. Подготвен за незаборавно фестивалско искуство, Грин бич фестивал и ова лето на плажата Парк во Охрид ви нуди извонредно доживување. По епските настапи на Пол Ван Дајк, Армин Ван Бјурен, Фери Корстен, Роџер Санчез, Карл Кокс, Џон Дигвид и други, Грин бич фестивал продолжува со традицијата на најдобра електронска фестивалска понуда и со огромно задоволство ви го најавува неверојатниот Фед ле Гранд.



Редовен хедлајнер на најголемите електро и денс фестивали во светот, Фед ле Гранд зад себе има блескава кариера, настапува пред преполни арени, реди светски хитови, соработува со најголемите музички имиња и е добитник на многу меѓународни награди и признанија.

Фед ле Гранд е човекот кој повеќе од 10 години ги тресе подиумите ширум светот, чија музика Мадона ја користеше за промоција на „Sticky and Sweet“ турнејата и кој го измикса нејзиниот хит „Give It to Me". Станува збор за артист чии изданија се носат рамо до рамо со оние на Дејвид Гета, Стив Анџело и Аксвел.

Тој е диџеј со огромни хитови зад себе и фантастични ремикси на Колдплеј, Роби Вилијамс, Мајкл Џексон, Фетбој Слим, Мартин Солвег, Шакира, Шарам и други.



Комбинирајќи различни жанрови успева да ги привлече сите фанови на електро - денс сцената, а специфичноста на сетот и сценографијата на годинашните летни настапи гарантираат незаборавен спектакл на Грин бич фестивал.

Фед ле Гранд ја започнува кариерата со низа успешни претставувања во родната Холандија, по што следува отворањето на неговиот клуб „Sneakerz“ и издавачката куќа „Фламинго рекордингс". Во 2004 година оваа компанија почнува да го издава неговиот уникатен звук, за истата денес да биде сместена меѓу највлијателните светски електронски издавачки куќи. „Фламинго рекордс" е етикетата под која во 2006 се објави експлозивниот хит што го стресе светот „Put your hands up 4 Detroit". Синглот беше број еден во Велика Британија, Шпанија, Русија, Финска и ред други земји и во истата 2006 ги освои престижните награди за најдобра андерграунд хаус трака и најдобра брејк-електро нумера. "Put your hands up 4 Detroit" му го отвори патот во електро меинстримот, што не беше причина тој да не експериментира со помалку мрачниот минимал тек хаус, каде создава еднакво успешни траки како и неговите хитови.

Импресивниот старт на глобалната кариера на Фед ле Гранд беше само почеток, а најголемите сензации допрва следуваа. „Let Me Think About It“, „The Creeps“, „Take No Shhhh“ и „3 Minutes to Explain“ беа следните хитови кои ги запалија клубовите и го вивнаа името на Фед Ле Гранд во врвовите на музичките листи ширум светот.

Со објавувањето на првиот албум артистот освои преку 60 земји и одржа лекција по мешање на хип хоп, фанк и денс влијанија. Негови соработници биле Роб Бирч од Стерео Емсис, добитникот на Греми, Вил Ај Ем од Блек Ајд Пис, Мистер Ви, Мич Краун, Ида Кор, Камил Џоунс и многу други.

http://www.mkd.mk/zabava/domashna/fed-le-grand-na-grin-bich-festival
 

King B

Bears. Beets. Battlestar Galactica.
Член од
24 јануари 2011
Мислења
1.801
Поени од реакции
4.076

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Јас сум запрешчен и изненаџен што во оваа Македонија постоел некој нормален што не прави настан од 16 до 19 Јули. Конечно нешто што не е во исто време со Скопје Гори, Пиво Фест и Д-Фестивал...
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
401
Поени од реакции
307
Криво ми е, прв пат нема да идам на green beach (јбг, германија). Ај, бев веке на федде на ултра :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
8.120
Поени од реакции
8.909
Не сакам да бидам хејтер ама лани бев на Феди во Бугарија. Изгледа му беше чудно што требаше да пушта музика 5-6 саати па првите 3 не знаеше накаде тера останатите ништо посебно.
 
Член од
27 март 2007
Мислења
735
Поени од реакции
316
Се знае влезниците кога и каде се пуштаат во продажба?
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Џајковски и ТК Вондер за продолжение на Хајнекен Грин Бич Фестивал од соништата!

Со задоволство најавуваме дека на вториот ден на Хајнекен Грин Бич Фестивал ќе настапат Џајковски и ТК Вондер. Ова е прв настап на Џајковски на нашиот фестивал.

Со истиот билет добивате дополнителен бесплатен ден, полн со програма која ќе ја крунисаат Џајковски и ТК Вондер. Побрзајте, билетите до 29-ти јули чинат 400 денари, а ВИП картите се 700 денари.

Фед Ле Гранд ни пристига во Охрид на 31-ви јули со својот приватен авион и продукциска екипа задолжена за звук и светло. Спремете се за најмоќното аудио-визуелно искуство до сега во Охрид.

Ова ќе биде најжестоката журка летово.

На првиот ден на Хајнекен Грин Бич Фестивал локалната подршка доаѓа од Никифор, Лефанк, Ајсберг и Диџеј Боби. На 1-ви август целодневната журка ќе биде засилена од наши артисти кои ќе го подготват теренот за кулминацијата со Џајковски и ТК Вондер.

Дводневната експлозивна забава се ближи, а вие набавете ги своите влезници на време по екстра промотивна цена од 400 или 700 денари за ВИП.

На 30-ти и 31-ви (четврток и петок) карите ќе чинат 500 денари, т.е. 800 за ВИП, а на влезот истите ќе можете да ги набавите за 600 и 1.000 денари.

Ако доаѓате само за Џајковски и ТК Вондер, влезот ќе ве чини 250 денари и 500 за ВИП.

Ве молиме чувајте го вашиот билет од првата ноќ (31.07), со кој ќе можете да влезете и следниот ден на 01.08.

Карти во продажната мрежа на МК Тикетс и тоа во:

Продажните салони на ONE во: Скопје (Ramstore, ТЦ Бисер, ГТЦ, ВЕРО Центар, Skopje City Mall), Куманово, Тетово, Гостивар, Битола, Охрид, Струга, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Штип, Велес, Кочани, Струмица, Гевгелија;

Скопје: Југотон (ГТЦ 1 кат), Универзална Сала, Тобако - МПМ ПРЕС, Тобако 2 -Скопјанка, Тобако - Дрводекор, Супер Тобако 8; Кафе Браво; Кафе Круг.
Тетово: Алпине Спорт, Кафе Амнезија;
Битола: Хард Рок Кафе;
Охрид: Њу Тобако; ЗЗ ТОП;
Кавадарци: Ровим Ком;
Куманово: Кафе Агорa;
Кочани: Комисион Шишко
 

Kajgana Shop

На врв Bottom