03.03.2008 :: Лидерот запрен во Струмица
Големото дерби од 7. коло во втората натпреварувачка фаза во Првата лига, помеѓу Струмица 2005 и Фени Индустри беше одиграно во голем стил. Неизвесно се до последните десетина секунди, навивачите на двете екипи на највисоко ниво, едноставно не престанаа да навиваат во текот на целиот меч. Имаше и мал инцидент на полувремето кога навивач на Струмица 2005 влезе на теренот и го украде знамето на Лозарите.
Дербито започна добро за Фени Индустри. На моменти гостите имаа и во водство од 10 поени. Гоцевски играше одлично во првиот дел од мечот. Во втората четвртина играчите на Фени Индусттри го одржуваа водството, но Струмица 2005 се врати во игра, направија мала серија и го завршија полувремето со водство од 4 поени разлика.
На почетокот на третата четвртина се чинеше дека Струмица 2005 го направи главниот исчекор кон победата. Во еден момент нивното водство изнесуваше дури 13 поени.
По враќањето на Кол во игра, гостите иницираа пресврт, играјќи одлично и во напад и во одбрана, и водството на Струмица 2005 се намали на 1 поен. И во последната четвртина Кол беше одличен, но Струмичани, главно преку Богоев, Латовиќ и Грнчаров одиграа добро. Следуваа неколку грешки на двете страни, а Струмица 2005 успеа да извлече повеќе корист од нив и на 8 секунди до крајот стигна до конечните 76:71. Така, Струмичани му го нанесоа третиот пораз на Фени Индустри оваа сезона, но, кавадарчани остануваат на врвот на табелата со 2 поени предност пред денешниот противник.
- Многу тежок натпревар, впрочем таков и очекувавме. Мислам дека победи желбата и огромната борбеност. Ние бевме дефицитарни со центри поради отсуството на Пуповиќ, па таму противникот имаше предност. Сите играчи го дадоа својот максимум и кога беше најпотребно одиграа смирено и победивме. Оваа беше наша петта победа по ред, а веќе по една недела одiме на наредната. Сакам да изразам огромна благодарност до публиката во преполната сала која беше нашиот мотив плус за оваа победа. – изјави тренерот на Струмица 2005, Јорданчо Давитков.
- Ова беше еден многу тежок натпревар. Притисокот беше на нивна страна поради претходните две наши победи врз нив. Тие го совладаа притисокот, а ние направивме некои помали грешки, по што стигна и казната ,бидејќи на вакви дерби натпревари одлучуваат нијансите. – изјави центарот на Фени Индустри, Златко Гоцевски.
Еве што пишува на КФМ на страната !