Втор ден после поразот кој ни ги сведе шансите за титула на 50/50, горчината останува кај секој од нас кој го сака и следи Вардар на свој начин, верувам и кај оние кои барем еднаш во животот осетиле „клик“ за Вардар. Но, и покрај разочарувањето кое е големо, неможат да се најдат коментари/постови со навреди, закани, клетви кон играчите, тренерот, Михо, управата, судиите, РФМ, економот во салата. Свесни сме дека тоа беше сплет на лоши околности, за кои во најголем дел сами придонесовме, но гледаме напред и даваме поддршка. Не плукаме по клубот кој го сакаме, не повикуваме на бојкот, не бараме друга омилена боја на дресот. Тоа е она кое не одвојува од масата, кое не прави различни од луѓето искомплексирани.
Еден е Вардар!!