Од 24 мислење со Горан не имаш тагнато на 48 дај олабај, ние сме криви ете за и таман нека ти е можи?
Иначе Гарабаја и темата Рк Пелистер, кој мисли дека за клубот ќе е поарно без отколку со Стерјеви во него е тежок психопат и можи посовреме да си бара психијатар. Имаат свои мани ДА, но имаат и многу повеќе позитивни страни и да нормално, платформата мора да продолжи, а ако има некои кои се против и не го дозволуваат тоа, свикување прес и јавно кажвање на причините за евентуално не продолжување. Тука само лудаци и луѓе како Бранко и Шундо кои имаат свои математики и соништа да бидат Алфа и Омега во клубот, друг неможи да сака да не се продолжи платформата, па мислам дека и скопјани сакаат, оти без силен Пелистер нема дерби и нема силна лига, нема ништо, ако дојди да одиме пак 10-20 души в сала, тогаш пропаст.
Гарабаја, без разлика на моето лично мислење и информациите кои ги имам, дојде како анонимус, но воглавно како чоек шо знај шо сака и шо наводно го сакаа играчите (барем до Алкалоид). Најверојатно неговото немање искуство во натпревари како со Алкалоид си го плати цехот. Пошто да имаш +7 и да прокоцкаш, притоа едни исти да ротираш, а влезени во замор пошто утакмици на секои три дена, тогаш или нема сенс или нема знаење трето нема. Дека немал поддршка од амбиентот, е тука амбиентот е широк поим и не насочува прст кон публика, играчи, стручен штаб, управа, така да во зборот АМБИЕНТОТ лежи зајакот, односно се остава простор секој да си кажва своја приказна, а муабети кружат разни така како и во се, паричката има две страни. Како и да е, освоен супер куп, две победи ЛШ, две нерешени со Алкалоид и пораз од Вардар, од него то ќе се памети.
Е сега, ако имало приватни пораки, закани било кон Гарабаја или играчи - пријавување во институциите и ако истите имаат сезонска поништување на истите, па нека си купуваат карти кај ќе најдат слободно. Да се навлегува во приватните животи, со приватни пораки, линчување ТО Е НЕДОЗВОЛИВО, имаше и претходно такви испади со Хосни и некакви афери, в сала викај, поддржувај, публика си, ама надвор и приватен живот, на крај и тие се луѓе и то е премногу. А ако и само ако и дали и само дали Гарабаја си ојде ради такво нешто, ако е така, тогаш е страшен непрофесионалец, и ако неможи да издржи притисок како шо е Пелистер, тогаш убо рече Горан и не треба да е тука !
@SakamDaKazam да ти одговорам, дека не вреди да се занимавам со непотребни работи и да не навлегвам во приватни работи, да точно дека малиот не е појќе мал ама далеку од то дека треба да му се замери за нешто, барем за сега. Иначе да се сложвам, дека колку и да се понашаат дека се нормални Стерјеви и дека се присебни, не треба да си дозволат да трошат енергија на читање коментари, постој, мислења итн. Нивниот фокус треба да е на екипата и се шо е околу неа, како и на привлекување на нови спонзори, итн. Гледаме Партизан најпресно, сме гледале на Роналдо во Реал како му свиреле, на управи со бели знамиња му мафкале, па дури и на Пеп Гвардиола на првите два натпревари за Барселона пораз и нерешена и трета утакмица бели марамчиња (во Шпанија значи промена на тренер) па видовме после Пеп со Барса, така да зато се вика ПУБЛИКА, зато тие 4.000 се на трибина, уредно си плаќаат карти и имаат право на СЕ (подржување, свирење, навивање, не навивање, лутина, бес, среќа, но е и приватно пишење). Така да фокусот на екипата, на продолжување на платформата и покажување на заби, односно сами против сите, ако не друго, да ги реметиме !
За сакаме сала, јас сум секогаш ЗА и секогаш на готовс, влегов во такво нешто за стадион, ќе влезам и за сала и тука нема двоумење. Убо кажа Горан, како и за стадионот, нештото прво треба да дојди о да се покрени од навивачката група, па после се на таму, мислам дека мене и на Горан ни е се спремно, истата екипа, истата мотивација како за стадионот.
Вардар, прав момент и за барање за сала, и за врата на МРТ, а за другото нема овде јавно да пишам "нека помини се во најдобар ред" хехе.
За утакмицата со Вардар, очекувам победа искрено 3-5 разлика, зошто да не и плус. Нека бидат овие денови позитива пред Вардар, нека се победи таа утакмица, после исто и во Охрид кој не чекале со инает да ни вратат за високиот пораз во Битола, а после продолжување на платформата, носење на САЛАМ проверен тренер, па и да е некој поскап и правење долгорочен план..
САМО ПЕЛИСТЕР, САМО БИТОЛА ! ☘️