А шо е крива управата оти сите чекат до последен ден, да размислат дали ќе идат на ракомет, дали ќе дат 500 денари за да го гледат вториот најдобар тим од Унгарија и тим со над 5 милиони евра буџет, со играчи ко Готфридсон, Банхиди, Шоштариќ, Миклер итн.
Задача на управата е преку мејл страната, медиумите со најмногу следачи ( ФБ, Инстаграм ) да го промовира мечот, да ги пушти во продажба картите, шо е одамна напраено.
Уредно и навремено е известена рајата за утакмицата, нема ништо спорно овде.
Секој шо следи ракомет барем минимално знај со какви екипи игра Пелистер во ЛШ и не треба никакви промоции, реклами за да си купиш карта ако сакаш да гледаш во живо.
Пелистер според мене ја има убедливо најдобрата и најинформирана страна на социјалните мрежи од сите македонски ракометни екипи.
Шо да напрај управата, не ми е јасно!?, По куќи да оди ко партиските каравани и да ги тера со сила луѓето карти да купат, да спонзорират во клубот?
Околу маркетингот, мое мислење е дека не се до толку лоши, барем ко се работи за ЛШ.
За македонска лига, тука имам замерка, шо нема пресконференции пред и после завршувањето на поважни мечеви во лигата, освен некои рандом изјави по портали пред дерби мечеви така поминват утакмиците.
Има слики по утакмица и слично, то е ок, ама фалат тие изјави на учесниците во мечевите.
Во последно време со онлајн фан шопот се доста подобрени работите во врска со тајмингот и доставата на купените реквизити, за разлика од порано.
Очајно фали еден фан шоп, шо ќе биди во центарот на градот, со можност на Широк Сокак, за да биди на удар на минувачите, фан шоп шо ќе биди снабден нон стоп со производи на лагер, за да можат пред се во летните месеци стрејнџерите во секое време да си купат некој реквизит, со оглед на то шо битолската дијаспора е доста бројна во Австралија и секогаш сакат да си купат некој реквизит за спомен од клубот, а има и доста странски туристи низ Битола во последните години шо сакат спорт и радо би си купиле дрес, шал и слично, ама не можат лесно да го најдат.
Па оние пазарџиите низ пазар, со фушарски дресој од 20 денари шо не вредат, фалш шалој Чкембари и шо уште не, парче напраја низ годините.
