
д денеска почна со работа телевизијата на Металург. Реализацијата на проектот “Металург ТВ“ е во склад со нашата желба да создадеме канал преку кој нашите посетители и нашите навивачи ќе можат да имаат визуелна слика за се што се случува во и околу Металург. Нашите посетители ќе имаат можност да гледаат видеоматеријали од наше производство. Ќе имаме видеоинтервјуа, изјави на наши и на гостински ракометари, видеоматеријали од нашите натпревари, видеоприлози и тн.
“Металург ТВ“ можете да го следете преку линковите ставени на нашата официјална интернет-страница или директно на сајтот на нашата телевизија http://rkmetalurg.tv/.