Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Мислам дека играчите ќе бидат малку демотивирани, зошто сите го ценеа Шустер (на многу од нив им е прв тренер во Реал), али една многу позитивна страна (што пропуштивте да ја кажете) е што Рамос има плејада на играчи кои би го прателе и во пекол, а камоли во Реал. Може да се донесат асални засилувања од Севиља, мислам (Хесус Навас wtf!!!)

Нормално дека ќе викаат дека го ценат сите, никој не сака да си го ризикува својот статус во тимот со една изјава, зошто не се знаеше уште колку ќе остане Шустер, па и сигурно не сакале да ризикуваат со некоја изјава. Мислам дека добро ќе влијае сменава на тренер на играчите.
 
Го ценеа они уште пред да ги однесе на врвот, а не па сеа..

Не земам страни, Шустер мн. го ценев, а сега иако мислам дека мнооооогу ќе се сменат работите (Шустер беше ултра-дефанзивно настроен, а Рамос е од напаѓачки менталитет) и тоа мора да биде добро, зошто имаме далеку повеќе потенцијал во напад отколку во одбрана. Бразилски фудбааал, со Холанѓански корења :vozbud:
 
На времето кога дојде шустер не го сакав, сепак го сменив своето мислење за него. Ќе видиме како ке биде сега со рамос...
Па ако и вие ќе ја победите баршитлојна а ќе изгубите од Барселона:pos2::pos2::pos2:
 
Не знам дали да очекувам подобар фудбал, не ми и е ни многу важно тоа, од Рамос очекувам да донесе стабилност и константност во играта на Реал, било тоа убаво за око или не пак ќе кажам, не ми е важно.

Мое видување за одбранбените проблеми во Реал, кои мислам дека беа клучни за отказот на Шустер.
Покрај дрвата од индивидуалци кои ги имаме важен фактори мислам дека беше и нивната поставеност, секогаш се браневме на некои 20 метри од голот, што е апсолутно недозвиливо во Шпанија.
Се надевам дека Рамос ќе го реши тој проблем, односно ќе ги постави дефанзивците на едно 30-40 метри од голот со што ќе ги притискаат противничките офанзивци многу порано, и подалеку од Касиљас.
Не велам дека ова е решение за проблемите во одбраната чие решение е сигурно многу покомплицирано, ама би сакал да ја видам оваа промена, или во најмала рака да бидат поагресивни како дефанзивците така и средниот ред.

И да, оваа сезона ќе ја сметам за успешна ако завршиме второ место во Примера и поминеме 1/8 финале од ЛШ, можеби звучи премалку за Реал Мадрид ама со оглед на досегашните случувања мислам дека е реално.

Епа со среќа Хуанде.
 
Јас сум сигурен дека поарно ќе биде со Рамос, 100% сум сигурен. Шустер не ми се свиѓаше уште од кога дојде во Реал, ме мрзи да ги барам постовите што ми беа пишани на почеток на прошлата сезона. Тоа што освоие лига не е ништо посебно, според мене многу е поважно сега да се стигне подалеку во ЛШ отколку Примера...

Мадрид во право си за поставеноста, се надевам дека ќе го среди тоа Рамос. Да не заборавиме дека лани со истава одбрана имавме најдобра одбрана во лига...
 
Не е до поставеноста, до средниот ред е. Гути си го чеша, Ван дер Варт исто. Само Гаго врши притисок, а неможе сам. Забележете против кого и да играме, 10 играчи бранат. А одбраната на Реал ја вршат само двајцата централни и тој што игра најповлечено во средина. Од секат е така, затоа и најдобрите дефанзивци не успеваат во Реал. Икер не е во форма, обично он не спасува. Единствено со Капело, кога се играше со двајца дефанзивни средни играчи на нешто личеше одбраната. Очекувам победа утре, и тоа висока.
 
или во најмала рака да бидат поагресивни како дефанзивците така и средниот ред.

Токму тоа и реков, поагресивен среден ред, нешто поистурени дефанзивци и автоматски помалку простор за противникот на наша половина, и пак ќе останат едно 3-4 играчи за евентуална контра. :toe:
 
^Се разбираме битно :)
За класико, сметам дека ќе треба да се браниме. Хави Гарсија и Гаго ќе мора да играат заедно, Гаго да помага за Меси, Хави да седи на средина и да брка. Се надевам Снајд ќе се опорави, затоа што вдВ ќе биде бескорисен на таа утакмица.
Нешто вака би играл јас.
-----------Икер------------
Салгадо/Рамос----Рамос/Метзелдер---Канаваро----Антон
--------------Хави Гарсија-----Гаго----------------------
-------------------------Гути--------------------Дренте
------------------Игуаин-----Раул-----------------------
 
Не би го играл Хави Гарсија у никој случај! Не е за средина, детето е добро за централен бек, на средина е бескорисен. Премногу е крупен и не е за таа позиција, едноставно е неподвижен, а за таа позиција треба многу работа и трчање. Ама сепак би бил подобар од Гути и ВДВ назад. Диара многу фали, сега се гледа дека во вакви кризни утакмици во секој дел од тимот фалат играчи што многу значат за тимот, иако не играат секогаш прва постава. Ајде се надеваме ќе смисли Рамос нешто добро, да ги изненадиме Барса :smir:
 
Напротив, според мене совршен е за таа позиција. Висок, јак, техничар. За подвижноста со Диара се тука некаде. Има талент детето, само шанса му треба. Башка ако упати некој удар, ќе плаче Валдес :)
 
Епа со среќа нека ни е новиот тренер (иако воопшто не ми се допаѓа). Мислам дека како што си дојде преку ноќ, така и ке си отиде. Ке видиме колку ке издржи.

Hala Madrid
 
Природната позиција на Хави е деструктивец у средина, тоа Шустер шо го ставаше централен дефанзивец си експериментираше нешто :)
Сум за да му се даде шанса, сите ја добија, па зошто да не и тој, до сега сме го гледале само последните 10-ина минути како влегува во игра кога браниме резултат или принудно, вистинска шанса не добил, не е фер да велиме дека не е доволно добар, вредно дете е во секој случај :)
 
Кога играше централен играше многу подобро. Имаше неколку шанси ама не се покажа како што треба...Според мене како централен е многу подобар, на емирати купот против Арсенал изигра фантастично, после уште неколку утакмици играше како централен и тоа доста солидно. Многу тром ми делува за таа позиција.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom