Фан Клуб: Реал Мадрид

Статус
Затворена за нови мислења.
Awe a dali go slusnavte koga kaza deka revansot ke se igra na Nou Kamp :pos2::pos2::pos2::pos2:

Да да да да! Уште од почеток почна да лупа глупости, овие пијани се дур водат бе 100%! Дете од 5 год да прашаш знае кој тим на кој стадион игра! ДЕГЕН!!
 
Добар меч ;)

Ама состав игравме одбрана ха ха ха...добро е два гола на гости.

Реваншот е наш.
 
Кога се игра следниот натпревар во сабота или недела?
 
Дресовиве многу ми се свиѓаат...Подобри се од тие црните гробарски што беа лани...
 
Какво лошо претчуство иам за утакмицава.Радо би сакал да тепаме пак како лани па дури и со 1-0.И тоа е доволно.

Ебате клетата уста што сум.
Инаку за коментаторов нема зборови.Секоја глупост различна глупост.Ај сеа ќе вдиме наредната недела на ноу камп.
 
Не толку добра игра ама добар резултат, 2 гола на гистински терен се премија, само да не избламираме пак ко со Рома, од готовото вересија да направат.
Инаку добар е Хави Гарсија, со оглед на годините кои ги има и фактот дека тоа не е неговата приридна позиција, супер е.
Само Салгадо ме нервира до бескрај, не се трпи ова веќе, едвај оди мајке му негова, само штета ни прави кога игра.
А Куро Торес, овај, Мигел Торес станува ѕвериште, ептен ми се свиѓа како игра у последно време.

И на крај за Игорче, најјако на оваа утакмица ми беше, “ а на клупата на Валенсија ги гледаме: Мата (а мата играше) и Фернандо ТОРЕС“ :pos2::pos2::pos2:
После во офсајд кога беше Виља: “убаво се гледа дека Виља е пред Рамос“ :tapp:
А Рамос на клупа седи :pos2:
 
Штета и покрај двата гола сепак е пораз. Некако анемична игра на нашите, ама ај ќе се управат. Ништо не е изгубено, претстои реваншот за една недела на Бернабеу (Ноу Камп :vozbud:).

П.С Игор Трпески - Бисерчо е закон коментатор, комедија хехе, ем си гледаш фудбал ем си се смееш.
 
Ја мислам дека малер е тоа што седнавме да гледаме заедно со Филип (FiKo-Fan).Не памтам кога последен пат сме гледале заедно утакмица и истата да заврши "како што треба" :P

Во секој случај, реваншот е наш:)
 
И ајде спремајте списокот да му бројме колку пати на натпревар ке каже "Новајлијата во тимот на..."--> Ова ми е најсмешно.

Не знај дали треба „инквизиција“ или „аквизиција“, па „новајлија“ му е најсигурно. :vozbud:
 
10 мин. по почетокот уште сиротиот не ги знаеше поставите како прво. Прво му беше со Ноу Камп, после ги трескаше составите од памет, којзнае на која страна ги гледа почетните тимови, на www.igor4e-degen4e.com изгледа :):):) После место Хави Гарсија викаше Метцелдер едно 20 мин, па после откога виде дека е Хави почна да го вика Серхио Гарсија. После кога влезе Рамос, и него го викаше Серхио Гарсија...кого стигна Серхио Гарсија го нарече. Куро Торес место Мигел, Фернандо Торес (Фернандо Наваро) и уште 300 глупости изнатреска дегенов.

Торес ќе биде уште подобар на десно да игра, зошто на лево само во одбрана е добар, а за во напад не да ги кочи акциите...живци ми кине. Кога прима топка прво гледа назад, па после напред, ме нервира многу. Се надевам кога ќе се врати Марсело ќе биде прва опција за лево :) Ајде нека изгубат задутре за да го имаме за реваншот, ама и Дренте се врати може и он да добие шанса :)
 
А дали знате Пабло Гарсија бил позајмен на ПАОК....според Игорче....а Реал го ослободи од договорот него. Толку бе да не се читало а тоа му е професија.
 
Не му се лутете на човекот,не коментирал цело лето тоа киксовите ги збирал ги збирал во себе и сега сака да се испразни...
 
10 мин. по почетокот уште сиротиот не ги знаеше поставите како прво. Прво му беше со Ноу Камп, после ги трескаше составите од памет, којзнае на која страна ги гледа почетните тимови, на www.igor4e-degen4e.com изгледа :):):) После место Хави Гарсија викаше Метцелдер едно 20 мин, па после откога виде дека е Хави почна да го вика Серхио Гарсија. После кога влезе Рамос, и него го викаше Серхио Гарсија...кого стигна Серхио Гарсија го нарече. Куро Торес место Мигел, Фернандо Торес (Фернандо Наваро) и уште 300 глупости изнатреска дегенов.


Не го гледав натпреварот, но читам дека направил милион грешки.

Ги виде ли барем головите и дали ги искоментира правилно имињата на стрелците?
 
Не го гледав натпреварот, но читам дека направил милион грешки.

Ги виде ли барем головите и дали ги искоментира правилно имињата на стрелците?

Головите ги коментираше ама очигледно поважен му беше воведот кој го даваше за новата сезона од Ла Лига, и тоа го правеше едно добри 60 минути, ама сеа барем знаеме кој кого може да победи, благодарение на стручната анализа и експертизмот на Игорче. :)




Алелуја :)

http://www.goal.com/en/articolo.aspx?contenutoid=823173
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom