Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
chelsea-interim-coach-benitez-speaks-during-news-conference-before-training-session-for-club-world-cup-soccer-tournament-in-yokohama-ay_99672759.jpg
 
Срамота е Роналдо да игра во ист тим со Бензема. Не знам кој беше идиотот што го доведе во Реал, тој нема квалитет да игра во Пјаченца.

Не си во право, Бензема имаЛ квалитет да игра во тим како Реал Мадрид, и бројките односно статистиката го потврдува тоа... Тој што го довел, воопшто не бил идиот, Бензема го оправдал неговото донесување во првите 3 години...
Првата сезона дал само 9 гола, но во наредните 2 сезони постигнал 58 гола со 24 асистенции...

Сегашнава негова форма не е ни за во Долно Дупени, и по Торес во Челси, ова ми е најнелогичниот потег за ставање играч во прв состав... Едноставно, уште од почеток Реал игра со играч помалку, зашто другарчево спие во офсајд, не може да отвори игра, а пак дупли пас моментално му е нуклеарна физика...
Жално за Мората...

Истото важи за Бејл неколку повреди, немаше играно од 2009 наваму. Плус и не добиваше некоја употреблива топка... кога и да добиеше околку него имаше 2-3.


?

Он е споредуван со Роналдо, а Роналдо не му требаше многу многу да се прилагодува, неколку тренинга, а да потсетам е повеќе искеширан :)

Да се чека 10-15 утакмици? Па една полусезона ондак иде јабана.
Го начекал тогаш Маикон, без една нога и ќе му продава муда за бубрзеи :)

Маикон тогаш без една нога важеше за еден од најдобрите десни бекови...
Не вреди Бејл 100 милиони, ама не е ни до толку просек колку што сакаш да го претставиш...

Мурињо немаше веќе клима за останување во Реал, едноставно ја спука со сите, а неговото заминување се 2 чекори наназад за Реал, таман кога Реал најде лек за Барселона...
Единствениот човек кој би можел да освои големи работи со овој тим на Реал во најкраток можен рок е Јуп...

И стварно е тешко да го разбереш Анчелоти, брка резултат, а прави измена а ла Дејвид Мојс...
Иско го немаше скоро цел меч, ама па не беше полош од Бензема...
Мората направи повеќе за 15 минути отколку Бензема за цел меч...

"ОДИМЕ ПО СИТЕ ТИТУЛИ!" После поразот од Атлетико Мадрид, играчите одржале состанок кој траел 50 минути. На состанокот сите биле едногласни дека мора да се игра пожртвувано! После тој состанок се било појасно, "Ке ги заборавиме лошите игри, со поголем ангажман ОДИМЕ КОН ТРОЈНА КРУНА!"
Од каде па сега ова ? :D

Мора да зеле од тие апчињата Бензема што ги пиел кога рече дека ке освои Балон Д'ор :P
 
"ОДИМЕ ПО СИТЕ ТИТУЛИ!" После поразот од Атлетико Мадрид, играчите одржале состанок кој траел 50 минути. На состанокот сите биле едногласни дека мора да се игра пожртвувано! После тој состанок се било појасно, "Ке ги заборавиме лошите игри, со поголем ангажман ОДИМЕ КОН ТРОЈНА КРУНА!"
Од каде па сега ова ? :D
Да бе после некое време Бензема че речи не слагам :D
 
Ајдееее против Копенхаген ако се точни тврдењата одиме со НАШИОТ омилен состав !
Мората, Карвахал, Лука, Бејл и најверојано Варан. ЖИВО !
 
Е сеа Хесе на Иско, не заебавај Иско немаше лоша партија во нашите лоши утакмици до толку па да биди заменет со Хесе.
 
Е сеа Хесе на Иско, не заебавај Иско немаше лоша партија во нашите лоши утакмици до толку па да биди заменет со Хесе.

Немам намера да го хејтам Иско едноставно сакам да игра Хесе против овие Копенхаген.. сега ако не игра кога ќе игра... против Јуве и Барса сигурно не.
 
Не ме дупи сеа барав на википедија, уште за Реал игра, затоа и прашав долго време не го спомнувате.

Уште се опоравува од повредата... таму Ноември ќе заигра ако даде господ :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom