Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата SanIker
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честито победа, малку потешко од очекуваното ама сепак 3-те бода се кај нас.

И нека ми рече пак некој дека е поарно Албиол да игра отколку Гарај.
 
Навивав за вас, поима неам зашто, денес Реал ме потсети на Интер, си ја искомпликува работата, али на крај славеше. Честитки за победата, Роналдо е крал на фудбалот.
 
Ај сеа да си пишам поопширен коментар за натпреварот. :)

И нека каже некој дека не е најдобар.. Роналдо, Роналдо, Роналдоооо.. :) Јебига, за малку ќе ја изгубевме трошката надеж за титула, али вака да се надеваме на Севиља која се бори за ЛШ. :icon_mrgr

Касиљас - Не е тој крив што има такви кретени во одбрана.
Албиол - Ми беше драг до пред некое време, во последниве натпревари се докажува дека е голем идиот.
Рамос - Не му е тоа природна позиција, нека се врати на десен бек, таму игра 100% со своите можности.
Марсело - Со Роналдо најдобар вечерва.
Гаго - Ништо посебно.
Чаби - Солиден.
Кака - Добар, но ништо повеќе од тоа. Како го фалевме, некој би помислил дека на овој натпревар требаше да даде 3 гола и 3 пати да асистираше. :)
Гранеро - Солиден.
Роналдо - Најдобар играч на светот, немам зборови со кој можам да ја опишам неговата магија, највеќе се радувам кога тој постигнува голови. (добро и Чаби :icon_lol: )
Игуаин - Освен асистенцијата ништо посебно, а и во таква ситуација секој би асистирал така. 3-4 натпревари е тотално отсутен, делува незаинтересирано баш сега кога е најпотребно.

Измени:

Хуанфран - Малиот докажа некои си квалитети, имаше 2-3 фаула изнудено врз него, тој ја започна акцијата за третиот гол, така да доста добар беше вечерва.
Бензема - Како само со еден потег скина четворица противнички играчи. :icon_lol: Али џабе, Игуаин на 2-3 пати испаѓаше во празно тој не го проигра, се гледа дека сака да се докажува многу во даденото време, и сака да направи нешто сам, но тоа тешко му иде.
Гути - Ништо, очекував многу повеќе од него без разлика што не беше стартер, но ги немаше оние пасови, ја немаше онаа поврзаност помеѓу него и напаѓачите како во претходните натпревари.
 
Добро е, спасивме глава во последните минути... ќе гледаме интересни натпревари до крајот на сезоната. Честитки за победата. Следува жешко гостување во Мајорка.
 
Марсело нема да игра на наредниот натпревар поради 5 жолти картони, ова е втор натпревар за Хуанфран во Примера откако лани одигра 8 минути против Гетафе, Рамос го одигра 200тиот натпревар за Реал, и то.. :)
 
Беда цел тим ви е, треба платете од играчите да се собера и на играчите од Осасуна да им се дада:vozbud::vozbud::vozbud:

Јас не сум до толку сигурен...

Дома: 17/0/1 , гол разлика 52:15 освоени бодови 51
Гости: 12/2/3 , гол разлика 37:15 освоени бодови 38
Или вкупно засега 89 бодови освоени, а остануваат уште 3 кола до крајот... :wink:
 
Епа честито победа , за третиот гол се изнамачивте посебно Роналдо ... 100 пати по лева страна проби или шутираше или нафрлуваше ништо и Игуаин еднаш отиде го најде одма празен на линија :pos2:
Како и да е до крај мора по убедлива игра за да ја преминете Барса па со среќа:smir:
 
Mарсело у последно време игра одлично.. Уште малце нека созрее и нека се заозбили и има шанси да стане многу битен играч во нашиот тим.
 
Немоеш да не кенкаш после ваква игра... :baeh:

Уште нешто да пишам... за Гарај.
Па ако сега не му се дава шанса, кога Пепе е повреден, не знам кога и ќе ја добие... плус Албиол е дупка последниве натпревари.

Среќа во несреќа е што Марсело има 5 жолти, па Гарај ќе игра со Мајорка, нема друг избор МП, освен ако не му текне Дренте да го стави лев бек :uvo:
 
Нападот изигра солидно средниот ред многу брзо ја губеше топката што преставуваше голем проблем на збунетата одбрана.Среќа што го имавме Касиљас меѓу стативите и што нападот дава повеќе голови отколку што можеме да примиме иначе мав ни беше работата.Детето што влезе ми делуваше многу искусно...мора да влегува наредниве неколку утакмици барем последните 5-10 минути.Оваа утакмица најдобри ни беа Роналдо и Марсело...добро играат во тандем...многу ќе ни фали Марсело за следнава утакмица...ќе видиме што ќе се деси...ако не се консолидира одбраната но најкус можен рок ќе следиме уште едни тешки т.е пеколни 90минути на островот:wink:
 
Mарсело у последно време игра одлично.. Уште малце нека созрее и нека се заозбили и има шанси да стане многу битен играч во нашиот тим.

Во најмала рака на Марсело наредна сезона треба да се смета како на универзална замена за левата страна, и за бек и за крило. :)
 
Satellite


Новиот лидер на теренот:pipi:

Покрај толку Хуанфрановци кој поминале низ клубот...редно време е да му се даде шанса на еден од нив да се докаже
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom