Фан клуб: МЗТ Скопје

  • Креатор на темата Креатор на темата arap
  • Време на започнување Време на започнување
Што е прекршено. Целата финта во „хаосов“ е во тоа што Самсоненко реши да ја ради салата за ЖРК Вардар. Заборавате дека во тоа време кога се потпишуваше, го немаше земено машкиот тим.

И со самото тоа што го немаше земено машкиот тим, не очекуваа да има тензии меѓу навивачката група на Вардар и МЗТ. Само женскиот тим тогаш го пратеа едвај по 300 души у просек, и нели сите од нив „обични“ фанови. Нека ви текне дека дури сакаа и името да го променат на женскиот тим во РК Вардар Аеродром, РК Македонија Аеродром и остали глупости.

Доколку Самсоненко го имаше земено и машкиот тим пред да ја гради салата, мислам дека немаше да гради во Аеродром и во таа сала да игра МЗТ...

За ова си во право , јануари беше официјализиран договорот за салата , а во јуни Самсоненко го презеде РК Вардар . Инаку воопшто не би требало да има тензии помеѓу навивачите на Вардар и Фемили Аеродром бидејќи Самсоненко не е спонзор на кошаркарскиот клуб . Негодувањето е поради тоа што боите на Вардар (црвена) се слични со оние на Работнички кој е лут ривал на МЗТ , затоа требаше да има обзир раководството на Вардар за ова.

Ова е основниот проект.

sala-proekt.jpg
 
Салата дека ќе биде на Вардар,а дека МЗТ ќе добијат бесплатно играње зошто го дале земјиштето се знаеше уште одма и не гледам што ве чуди тука.Али очекувано дека салата ќе си биде најнормална сала а не сега и пораки со столчињата да пишуваат.Навлаки глупости ќе ставале столињата ќе ги испокршат уште прв натпревар.

Како што напиша некој погоре салата почнаа да ја градат уште пред да го земе Самсоненко РК Вардар и најверојатно целово шарање внатре во салата е нечиво ново масло.Се прават проблеми каде што немало и би требало некој да му објасни на Самсоненко пред да пукне тиквата во септември.
 
За ова потполно се согласувам.

Салата дека ќе биде на Вардар,а дека МЗТ ќе добијат бесплатно играње зошто го дале земјиштето се знаеше и не гледам што ве чуди тука.

Салата е на општината , а Вардар е концесионер за наредните 35 години . Бидејќи општината е спонзор на МЗТ значи салата е на МЗТ , а Вардар е корисник на салата бесплатно .

Фирмата „Спортски центар Јане Сандански“ ќе треба да вложи сопствени финансиски средства во изградба на комплексот со предвидена површина од 11.000 метри квадратни. За возврат, таа ја доби концесијата за стопанисување со него во временски период од 35 години. Локалната самоуправа го ослободи инвеститорот од трошоците за комуналии, но и од плаќање на атрактивното градежно земјиште.
 
За ова потполно се согласувам.

Салата е на општината , а Вардар е концесионер за наредните 35 години . Бидејќи општината е спонзор на МЗТ значи салата е на МЗТ , а Вардар е корисник на салата бесплатно .

Не е ,салата е на Самсоненко а после 30 години ќе стане сопствеништво на општина додека хотелот ќе остане негов.Општината не дава ниту еден денар за градење на салата,туку само земјиштето кое го имаа од МЗТ.
 
Значи имаме различно толкување на сопственоста , според мене издавачот е сопственик а не концесионерот.
 
Значи имаме различно толкување на сопственоста , според мене издавачот е сопственик а не концесионерот.

Во пракса искрено реално не ни важно салата е сопственост на Самсоненко во следните 30 години и тоа е тоа.Тоа што е важно е Ивица или некој што го знае да седне со него и да му ја објасни ситуацијата и што прави за не бидат циркуси од септември.
 
Јас сум сигурен дека ќе биде каменувана СЕКОЈДНЕВНО и ќе има огромни штети за што?
Затоа што морало да ставаат црвени столчиња па уште и натписи... куропецање.
 
Не ми се верува дека бојата на столчињата изречно ја пишувало во договорот, пошто ако целата ставка е сеа прекршена од градителот, може да го папаат на суд.

Е сеа, дури и да е во договорот така, а реков дека според мене минимални се шансите, кој би ги тужел? Договорот е потпишан меѓу општината и инвеститорот. Општината/Коневски нема никаков интерес да го тужи Самсоненко заради тоа што ја сменил бојата на столчињата. Да сакал да има удел во тоа, ќе му укажел усно да не става црвено-црни столчиња и мотото на клубот. И не верувам дека пукнала тиквата меѓу нив, па сеа Самсоненко да им се курчи, пошто знаеме дека се тесно поврзани.

Јебига, се креваа малку повеќе од потребното Аеродромци, сеа добија малку по нос, коректно било тоа или не...
 
Јас сум сигурен дека ќе биде каменувана СЕКОЈДНЕВНО и ќе има огромни штети за што?
Затоа што морало да ставаат црвени столчиња па уште и натписи... куропецање.

Дефинитивно ќе биде,во близина има две школи и еден огромен број копиљаци.После првиот натпревар од кога ќе ги искршат столчињата ќе почне циркуси да се случуваат околу салата секој ден.
 
Скоро сигурен сум дека салата нема да биде кршена од страна на ФА. Или ќе си бидат мирни или МЗТ ќе си го гледаат на тв. Пре зависни се ФА од Ивица/општината за тука така да му/и свртат грб.
Вас повеќе ве боли тоа што сега се разбудивте и сфативте чива е салата. До вчера успешно ве манипулираа и вие слепо им верувавте иако многу ствари наведуваа на тоа дека МЗТ ќе биде само гостин во Јане Сандански. Нејсе МЗТ многу доби со изградбата на оваа сала. Со оваа сала МЗТ доби одлични услови за тренинг ( за сите категории не само прв тим ) и сала во аеродром ( сигурен сум дека посетеноста ќе се зголеми неколкукратно заради ова ) која ги исполнува критериумите за сите натпреварувања.
 
Јас сум сигурен дека ќе биде каменувана СЕКОЈДНЕВНО и ќе има огромни штети за што?
Затоа што морало да ставаат црвени столчиња па уште и натписи... куропецање.
Ќе има кршење ама ќе има и казни од полиција а и башка што нема да се пуштаа ФА да ги гледаат мзт во сала...
 
Јас сум сигурен дека ќе биде каменувана СЕКОЈДНЕВНО и ќе има огромни штети за што?
Затоа што морало да ставаат црвени столчиња па уште и натписи... куропецање.
Па он си ја гради салата, сигурно нема некој друг да му диктира како да си гради сопствена сала со сопствени пари. Негов си е клубот, нормално дека сака во боите на клубот да ја направи.

А за тоа дека ќе биде каменувања, има многу лесно решение за тоа. Барем знаеме во оваа држава како се однесува полицијата со навивачи, ќе летнат некои казни, по некој месец затвор и ќе се стиши се.

Коневски е тој што треба да ги штити интересите на МЗТ, у краен случај идете него општината каменувајте му ја. :)
 
Ќе се искршат столчињата , ќе има протести , потоа следува состанок во штабот нивни во ВМРО , и соломонско решение сиви столчиња.
 
Ќе се искршат столчињата , ќе има протести , потоа следува состанок во штабот нивни во ВМРО , и соломонско решение сиви столчиња.

Според некое мое инфо столчињава се ептен цврсто праени и заварувани што кршење ќе иде тешко. Фиксни ќе бидат и немаат никаква можност за вадење.

Е сеа за да крши некој столче прво треба да влезе во сала а еве и ако влезат во сала Ф.А и да речеме скршат 10-20 столчиња ќе си го загрозат влегувањето во салата и бодрењето на клубот.

Ако им ставаат навлаки кога ќе играат они тогаш океј, ќе бидат задоволни сигурно.
 
@Клипче , ама на некого ќе му се разниша фотељата , а никој не сака да му паѓа рејтингот , затоа тоа го претпоставив. :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom