Фан клуб: Милан

Саше?

  • Вкупно гласачи
    26
  • Гласањето е завршено на .
Неверојатен човек. :icon_lol:
FFA9423290F61337A8076B79D96FB6D961A3F5D6
 
Во Недела Пиоли ќе се израмни на шестото место со Саки како тренер со најмногу натпревари под водство на Милан.

Пиоли и Саки ќе имаат по 220 натпревари.
-Односно Пиоли до сега на:
219 натпревари,
122 победи,
1.9 поен по натпревар.
-Саки:
220 натпревари,
115 победи,
1.6 поен по натпревар.
Останатите се Нилс Лидхолм 280 натпревари, Фабио Капело 300, Гипо Виани 376, Карло Анчелоти 420 и Нерео Роко 459 натпревари.

Во однос на процентот на победа само Анчелоти засега е пред Пиоли со 56,67% па Пиоли со 54,79%па потоа Виани 53,99%, Капело 53,67%, Роко 52,94%, Саки 51,36% и Лидхолм 45,71%.

Numbers don't lie!
Put some respect on the name Stefano Pioli!!!

#GrandePioli
#PioliIsOnFire
#ForzaMilan
 
Задржувањето на Пиоли, поради пресметката со Малдини им е најголема грешка.

Иако, проблем е и кај Малдини, што му даде голем договор.

Првин Малдини и Масара не го комплетираа тимот, парите не беа единствен проблем, после нив се погреши со тренерот, па се изгуби уште една година. Иако, и да беше некој друг место Пиоли, тешко дека ќе се бореа за титула со Интер кој оди кон 100 бода.

Така дојдовме во ситуација, во која талентот нема да биде целосно искористен и веројатно од следно лето ни следи некаков нов циклус. Не како пред 5 години, сега секако се во подобра ситуација, но повторно ќе треба доста да се работи и доста да се погоди со изборот.

Конте е најпосакуван тренер помеѓу навивачите, особено Италијанците, веројатно поради успесите и затоа што важи за амбициозен тренер. Затоа им е и најсигурна опција, да ги смират навивачите, но и општо италијанските медиуми, кои не трпат странци и промени, затоа и сто години не се на СП.

Последниот период од неговата кариера не е ветувачки, има надолен тренд, во Тотенхем ди отидево многу лоши околности. И општо не ми делува како некој што би се вклопил во тоа што претставува Милан и што се правеше изминатиот период, со сите подеми и падови. Сепак, периодот е повеќе позитивен, отколку негативен.

Ќе се оди на тоа да се покаже амбициозност, смири јавноста, да се ослонат на таа титула, доколку ја освои. Но, и со неа може да се појават проблеми, ако се ризикува се следната сезона и потоа остане пустош, а камоли доколку избега таа титула или уште полошо во следните две сезони.

За да се преживее добро наредниот период и да не се фрла се на една карта како да нема утре (иако титула е најважно нешто и за неа се игра фудбал), мора и Конте да биде подготвен на компромис.

Нов тренер мора, Конте не е најдобар избор, јас сум за поинаков профил, но е многу подобар од овој што е сега, а и од некои што се вртат како опција. Но ми е меѓу оние понепосакувани.

Не ми се допаѓа што се исплашија и потпаѓаат под притисок на јавноста.

Ќе се продаваат тие што ќе сакаат да си одат или нема да сакаат да продолжат договор (меѓудругото и поради ограничувањата во однос на платата што ги има Милан. Ова ќе биде првиот критериум, дури потоа е желбата на тренерот и слично. Дали ќе биде Леао, Тео или Мањан и колкумина од нив, најмногу ќе зависи од првиот услов.

ЛШ од наредната сезона треба да носи повеќе пари, со Де Кетеларе и Салемакерс, тоа е некаква солидна основа и да не се продава еден од тие тројца (иако мислам дека ќе отиде еден), плус Бенасер и Калулу (можеби и Томори). Овие тројца ми се некако прв избор за трансфер, доколку не се продаваат најатрактивните, а можеби нешто и ќе комбинираат.

Од Де Кетеларе ќе изгубат, иако да останеше во Милан уште една сезона, немаше ни толку да вреди, ќе имаше ист статус кај Пиоли, како и во поголемиот дел од минатата сезона (од статус до улога). Ќе играше пред Жиру и Пулишиќ? Сигурно дека не. Тој покажува нешто во Аталанта, затоа што добива шанса, веруваат во него и игра фудбал прилагоден на него. Ништо, ама буквално ништо од ова немаше да го има доколку останеше во Милан!!!

Но, добро зборуваме за навивачи на Милан, кои се една од почудните навивсчки бази, за кои подобро ќе беше да останееа Салемакерс и Месијас место Пулишиќ и се чекаше негов лош натпревар, а добар на еден од овие двајца за да се поентира, како и за Хуаге и Леао. Површно "бла бла бла" и вадење поединечни, инцидентни, ситуации и податоци, наместо се да се погледне во контекст и малку повеќе суштински.

Со Де Кетеларе направија проблем, затоа што го земаа без инсистирање да биде проект и да се подреди и играта ба него. Оваа е битно и за било кој друг фудбалер, за кој даваш голем дел од трансфер буџетот (каков и да е). Дадоа големи пари, а оставија тренерот да одлучува. Доколку земаш играч кој ти е проект, тогаш се ослонуваш на него, не дозволуваш афинитети на тренерот да ти се пресудни или земаш фудбалери што се по вкусот на тренерот (нашиот и таквите не знае да ги искористи).

Ме интересира до кое ниво ќе стигне, дали како Пакета, полошо или подобро. Дека ќе биде главен играч во голем клуб, не верувам, можеби некој статус како Хаверц во Арсенал.
 
Кој ти е прв избор? Ако Конте не ти е по вкус?
 
Сега кога веќе Пиоли го оформи костурот и структурата на тимот и направи компактност на ростерот од неколку веќе зрели оформени играчи во комбинација со млади и талентирани потребен е само буст во воглавно во нападот и уште на 2-3 позиции за да видиме што може да постигне и освои оваа генерација.
Ќе биде грешка ако повторно влезат во ситуација на нов циклус со нов тренер особено ако биде Конте кој ќе направи лом со ростерот и разор во тимот,повторно ќе се потрошат многу милиони и неколку сезони без некој значаен и голем успех и после него повторно ќе влеземе во нов циклус каде што ќе биде многу тешко повторно да се состави и усмери тимот во вистински правец.
Затоа е круциално важно сега кога веќе излегоа на прав пат да се продолжи право со Пиоли наместо да се вртиме во круговите на бездната.
 
  • Хаха
Reactions: Mud
Каков костур каква структира, со легија на странци што нема поима што е сериа А видовме до сега колку можеш да тераш. Секое дерби сами паѓаа гаќите пошто овие не знаат што значат тие утакмици со Интер и Јуве.

Каков год да биде изборот, Конте или Џиџи, фокусот ќе треба да биде играчи од Италија или со бекграунд од лигата.

Фудбал менаџер таленти во лигава не ти поминуваат ако основата што ќе го извади патлакот на маса кога ќе треба не е формирана од итаљани.
 
Кој ти е прв избор? Ако Конте не ти е по вкус?

Не сум најсигурен, чекам да видам кои ќе се профилираат во потесен избор, вака е многу широк изборот и уште потешко е да се одреди која опција е реална.

Но, од тие што би биле слободни, јас би тргнал по Нагелсман. Тренер од врвно ниво, или попрецизно, некој што има капацитет да биде во самиот врв, реална е опција за разлика од Пеп или Клоп, но притоа има искуство и во врвен клуб.

Алонсо ми е исто желба, но тој е премногу атрактивен за побогати клубови, а за разлика од Нагелсман нема искуство да водел голем клуб.

Де Зерби, Мота, овој на Ѓирона, се исто интересни како проект тренери, но можеби подобро би било во сегашни околности, некој што има работа во голем клуб и под притисок на титули. Има и некои други млади тренери од германско и француско првемство.

Иако јас би прифатил и некој од оваа втора група, но не знам дали може клубот да се носи со нив, доколку веднаш не пристигнат големи резултати. Затоа напишав во претходниот коментар, дека Конте им е како брана, но на крај тој се свртува против клубот, па тешко дека и овие во Милан би биле поштедени.

Значи, доколку е до мене, првин би вртел на Нагелсман.

П.С. Тебе кој тренер ти е најдобра опција, а и да ти делува дека би можеле да го доведат во Милан?
 
Последно уредено:
Не сум најсигурен, чекам да видам кои ќе се профилираат во потесен избор, вака е многу широк изборот и уште потешко е да се одреди која опција е реална.

Но, од тие што би биле слободни, јас би тргнал по Нагелсман. Тренер од врвно ниво, или попрецизно, некој што има капацитет да биде во самиот врв, да е реална опција за разлика од Пеп или Клоп, но притоа има искуство и во врвен клуб.

Алонсо ми е исто желба, но тој е премногу атрактивен за побогати клубови, а за разлика од Нагелсман нема искуство да водел голем клуб.

Де Зерби, Мота, овој на Ѓирона, се исто интересни како проект тренери, но можеби подобро би било во сегашни околности, некој што има работа во голем клуб и под притисок на титули. Има и некои други млади тренери од германско и француско првемство.

Иако јас би прифатил и некој од оваа втора група, но не знам дали може клубот да се носи со нив, доколку веднаш не пристигнат големи резултати. Затоа напишав во претходниот коментар, дека Конте им е како брана, но на крај тој се свртува против клубот, па тешко дека и овие во Милан би биле поштедени.

Значи, доколку е до мене, првин би вртел на Нагелсман.

П.С. Тебе кој тренер ти е најдобра опција, а и да ти делува дека би можеле да го доведат во Милан?

Нагелсман е ангажиран. Според мене реални опции се Конте, Мота, Де Зерби, Сари. Конте е најдобар избор али е краткорочно решение. Би го сакал Клоп или Алонсо али нема реална шанса за ниту еден од нив.

Кога би бирал од овие што се реални опции би го одбрал Конте иако е тренер за 2,3 сезони, мислам дека може да направи систем па потоа да продолжи друг млад тренер што ќе гради врз работата на Конте како што беше случајот со Јуве Алегри и Интер Инзаги.
 
Каков костур каква структира, со легија на странци што нема поима што е сериа А видовме до сега колку можеш да тераш. Секое дерби сами паѓаа гаќите пошто овие не знаат што значат тие утакмици со Интер и Јуве.

Каков год да биде изборот, Конте или Џиџи, фокусот ќе треба да биде играчи од Италија или со бекграунд од лигата.

Фудбал менаџер таленти во лигава не ти поминуваат ако основата што ќе го извади патлакот на маса кога ќе треба не е формирана од итаљани.
Засилувањата за минатата сезона беа 90% промашени и тоа беше два чекори назад за Милан.
Screenshot_20240206-222537-624.png
Затоа за оваа сезона беше потребно да се земат 10 нови играчи кои 90% се погодија и нормално дека е потребно време за прилагодување во лигата иако сметам дека Пиоли прилично брзо ги адаптира и прилагди во тимот.
Screenshot_20240206-222615-854.png

Затоа е потребно да се продолжи во оваа насока и со овој тренер.
 
Нагелсман е ангажиран.

Мислам дека договорот му завршува со ЕП, меѓудруго и затоа што приоритет му е клупски фудбал.

А за Конте и систем кој што друг ќе продолжи, во Тотенхем и не се покажа како точно. Таму Гркот го гради тимот на свои темели. Целата таа епизода заврши лошо. И со играчи се искара.

Се плашам и дека можеби Конте го достигнал зенитот во тренерската кариера. Ретко кој издржал долго време и во различни средини да биде на врвот.

Дека е квалитетен тренер, тоа не е спорно, непотребно е и да се дискутира за тоа.

Како опција за тренер на Милан, некаде 6,5/7 од 10.

Останување на Пиоли 0 од 10. :icon_lol:
 
Со Конте имаме 2 сезони каде што сум сигурен ќе освоиме скудето. На подолг план не останува. Мота, Де Зерби се коцка. Не знаеш како би се снашле во голем клуб. Алонсо нема шанси и така многу тимови ќе бараат тренер сезонава. Клоп е идеален избор ама многу многу не реален ем сака да одмори сезона ем не верувам дека платата може си ја дозволиме. Најмногу ме плаши тоа што Пиоли може да остане уште една сезона. Е тоа би било самоубиство.
 
Пиоли е најдобар тренер што го водел Милан во последниве 15 години и тоа е факт.
После Дон Карло најдобар тренер на Милан кој иако нема all star играчи во ростерот како Саки,Капело и Анчелоти постигнува одлични резултати и изгради компактен тим и тоа е уште еден факт.
Се заборави кој се седеше на тренерската клупа последниве 10-тина години а кој тренер го извади Милан од црната дупка па сега со нереални желби за големи тренерски имиња за на крај токсичниот Конте експресно да го врати Милан во поголема црна дупка.
Стефано Пиоли стекна огромен респект и заслужува да го води Милан и следната сезона.
 
Саше не се губи
 
Ова е нешто слично, како кога и објаснував на Теодора во трета година средно зошто не треба да ми раскине и колку сум добар кон неа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom