Каков промашај од меркато беше ова, кој би рекол.
Најголемиот трансфер никаков учинок, можеби и очекувано, ајде за него може да се каже дека е инвестиција за иднина, може да се прогледа низ прсти.
Следно Ориги, 0 учинок 0 импакт на екипава а зема голема плата, од овој нема да можеме да се отарасиме, башка што е склон на повреди.
Вранкс 0 учинок, Пиоли е неверојатно тврдоглав човек, можеби и му е наложено да не го игра поради одредени активирања на клаузули за пернаментен откуп.
Дест... шта речи..
Едино Чиао е погоден, али многу лесно можеше да гние на клупа доколку немавме таква криза, што покажува колку е старомоден и тврдоглав Пиоли. Зашто да не добиваат шанса млади играчи зарем толку ни е лош скаутингот, веќе години наназад се купуваат таленти и се заглавуваат во Примавера тимот.
Зарем ако му се дадеше шанса на Траоре на местото на Ребиќ ќе беше толку по лош од него? Не верувам.
Еве истото со Марко Лазетиќ, па неможе да биде полош од Ориги а со него имаш и флип сајд, може да разработи, можеби ќе добиеш нешто за разлика од Ориги.
Со Леао ситуцијата веќе личи на онаа на Донарума и Кеси, натегање... се по веројатно е дека ќе се продаде летово. Али ајде барем нема да го загубиме за 0 бидејки мислам дека ако не продолжи до јуни си оди летово.
Освен добро меркато ништо нема да не извади од гомнава.
Промена на Пиоли делува примамливо но нема некој тренер достапен што ќе биде несомнен апгрејд на Стефано. Можеби Матиас Јасли? Овој на Салзбург, преферира модерен прогресивен атрактивен фудбал, млад е, нема да кошта премногу и е долгорочен проект. Што мислите?