Фан клуб: Лос Анџелес Лејкерс!

  • Креатор на темата Креатор на темата Mlad_man
  • Време на започнување Време на започнување
https://www.facebook.com/ShotScience/videos/10154069372894326/
Зар имаше бар еден нормален човек што се сомневаше дека ќе го погоди ова, а и шутот пред тоа? Едноставно си гледаш утакмица, доаѓа крајот и ако е тесно лаганица знаеш што следува.

Јас сум 1000000% убеден дека ова би го погодил и на 65 години, едноставно ова не може да ти го даде ниту еден тренер, ниту еден пријател или соиграч, ОВА Е ВРОДЕНО. Ликот се родил со мадиња до под и тоа е тоа. Сега нека одмори некое време и за некоја година да го видиме на тренерското столче во Лејкерс, му личи да биде тренер.
 
Можеа со Шек уште титули ама егото им беше поголемо од нив..

Секоја чест легендо среќно во пензионерсќите денови...
 
Teшко ми е на душава.
Дотолку да поголемиот дел од сезонава не ги гледав Лејкерси, не гледав НБА воопшто. Не ја гледав ни последнава утакмица, воопшто не ни знаев дека е последната. Не пратев НБА оваа сезона затоа што мачна ми беше помислата дека ова му е последна сезона на човекот кој толку долго, целата кариера, беше лице на клубот за кој навивам.

Ќе го паметиме, и ќе го славиме. Еден од најголемите и најдобрите во историјата на кошарката.
Легенда.

Завршувањето на кариерата на Коби Брајант, е тешко за сите љубители на кошарката. Уште потешко е за навивачите на Лејкерси. Но на некој начин можеби најтешко е за нас што сме и љубители на кошарката, и навивачи на Лејкерси, но и врсници на Коби. За нас неговото повлекување од НБА е нешто како соочување со сопствената смртност. Нажалост од фактите нема бегање, се си има почеток, и крај. Дури и кариерите на великаните како Коби, и тие имаат крај.

А за нашите Лејкерси - се надевам дека ова е нов почеток!
 
После ерата на Коби, откако ќе ги смириме емоциите, следува главното прашање ,
Кој догодина?
Вестбрук или Дјурант ?
За сега најблиску до ЛАЛ се они, фаворит на форумот ? :)
 
Вестбрук можда е поексплозивен ама има мозок на мува...Дурентула у секое време пред него.
А стварно ако го земат Дероузен:tapp::tapp:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom