Фудбалот се сведе на добар менаџмент и таактика. Кени на теренот и надвор од него се покажа како просек.
Второ, до крајот на сезоната мора да се направат некои резови. Коатес, Шелви и Стерлинг мора да добиваат поголема шанса па дури и Морган и Сусо.
Многу битно, имаме таленти кои треба да се рафинираат. До крај на сезона Хендо во средина( што е негова природна позиција) и Керол константно по 90 минути во напад. Ем кондиција да добие ем да видиме во континуитет како ке се покаже. Во недостаток на крила Даунинг/ Стерлинг лево, Џерард/ Џонсон десно и одма ке се примети разлика.
Највеќе ме нервира што калот не гледа очигледни работи, ко да не прави анализи. Кајт кој курац крило го игра, карагер....одличен како резерва за 4ти одбранбен и ништо повеќе. ЈАс него уште сега би го направил играч/ асистент на кени или слично бидејќи општо познато е дека има одлични познавања од играта.
А што се однесува до трансфери нејќу ни да чујам за талент или нешто слично.
Напаѓач и крило ни требаат под итно. Исклучиво класа играчи интернационалци. А има повеќе на располагање. Подолски, Кавани, Лавеци, Хамшик, Солдадо, Хазард, Геце, Гаитан,Чави Мартинез, Мвила, Афелај( овој може и на позајмица), Снајдер, Игуаин.. Секако за не повеќе од 10 милиони доколку е можно би ги земал и Ола Тоивонен, Лук де Јонг или некој друг откопан скандинавец или од државите бенелукс( традиционално некој блеснува на островото од овие.
на крај би додал една интересна анализа за кени. Како тоа даунинг лани блесна, Адам лани блесна, Суарез даваше по 30 гола, керол по 20, хендерсон изигра 3 сезони во кои брилјираше а кени не може да ги соедини во еден тим. не само што не може, ги уништува како играчи а тимот го прави мизерен.
Ја не сакам да зборам ништо против тој чоек ама фактите го зборат тоа. А факт е дека Кени го претвори Ливерпул во просечен неаттрактивен тим за гледање.
Фала многу пријатно.