Scirea
ZARDOZ
- Член од
- 4 август 2010
- Мислења
- 27.942
- Поени од реакции
- 90.050
Овде станува збор за тоа кој да остане и да биде замена. Не за прв тим. Искрено јас мислам дека не може да се најде добар напаѓач кој нема да се буни да игра помалку а има сличен квалитет на Матри. Мислам дека не треба да го продадеме него.
Епа тоа зборувам, мое мислење е дека Матри и Ква веќе не се ни достојни како замени. Еве да претпоставиме следнава сезона Тевез и Љоренте да играат прв тим, Вучко и Џовинко се квалитетни замени, земајќи го во предвид дека првиот знае да ги навлече противниците на себе (ако е мрза), додека вториов знае да ја раздвижи играта. Мора да се продадат Матри и Ква додека цената некаде им држи од 7 до 10 милиони, и со тие пари да се земе еден поквалитетен напаѓач, кој нема да му смета да грее клупа. Рака на срце, точно е ти тоа што го велиш дека Матри нитуеднаш не се побунил што седел на клупа, но мора да се земе фактот дека не може да се снајде добро на теренот, барем гледајќи ги досегашните игри.