Фан Клуб: Јувентус

  • Креатор на темата Креатор на темата G@rfielD
  • Време на започнување Време на започнување
Се на се, добра утакмица. Додека не примивме 2 гола не се разигравме, и тоа не ми се допаѓа, но после се си дојде на свое, можевме и до 3 бода, но лесно можевме и без бод да останеме. И земајќи го во предвид фактот дека еден тим што не играл подолго време во ЛШ (со многу играчи дебитанти во ова натпреварување) се врати од негатива 2:0 против Европскиот шампион, јас сум задоволен.
Гледам дека го критикувате Џио многу, но сепак мислам дека не треба да се претерува. Тој е млад, а и низок, и лесно се изгуби во одбраната на Челзи. Сепак, има иднина во него ;) Со влегувањето на Кваљарела профитиравме, и мислам дека ова му даде поени и за во наредните натпревари да биде во комбинација. Добро изигра човекот (y) Матри воопшто не се ни забележа, но и немаше време нешто да покаже. Ќе се врати и тој во форма, има квалитет, нема потреба за паника.
А исто така и тактиката на Ди Матео, да брани резултат против еден тим што доаѓа од Италија ми беше чудна, ни сепак, добро ни дојде.

Па, тоа е тоа, јас сум задоволен, а верувам и сите други, иако сакавме победа. Сепак, ќе стигнеме и до неа, на нашиот стадион.

Forza Juve!
 
Буфон - (y) ( иако убаво ги прими двата од Оскар )
Бонучи - Без мозок, не гледа кај гази :icon_mrgr:
Барзаљи - Добар беше, иако брзината не му е најака страна
Келини - Каков ЅВЕР :cuc::cuc::cuc:
Пирло - Се изгуби денеска, добро го чуваа играчите на Челзи
Видал - :cuc::cuc::cuc:
Маркизио - Солидно
Азамоа - Правеше напори нешто да направи во нападот, ама сепак подобро се снаоѓаше во одбраната
Лихт - Машина
Вучко - :facepalm:
Џио - :facepalm:
Не се покажаа денеска во најдобро светло тандемот во напад

Кљаварела :icon_mrgr: - :cuc::cuc::cuc: Треба Матри да се зацементира на клупа
Матри - немаше време да се докаже
Исла - немаше време да се докаже

Толку од мене :icon_mrgr:
 
218075_479638892057424_1018519606_n.jpg

35455_479640342057279_1406112788_n.jpg
 
Честитки,заслуживте бод со оглед дека погодивте и пречка можевте да заминете со цел плен.
Ремито оди на наша сметка,недозволиво е на домашен терен да дремеш цело второ полувреме. Поздрав веќе ве гледам во нокаут фазата.
 
АРТУРО ВИДАЛ И СЕ Е КАЖАНО ! ! !

а Гиовинко нека билда малце онолку изгубени топки немам видено одамна т.е. дуели !!!
 
Колку хејтерски настроени беа „коментаториве“ од мтв спрема Јувентус, тоа чудо некое. „Имало контакт, немало да згреши и да покажеше на белата точка...“ и ред други „испади“. Премногу ги мрзи и нив да коментират изгледа, никакви реакции послем постигнат гол, освен вториот на Оскар кој беше за чиста десетка. Ебте коментатори, следен пат на стрим!!

Коментатори? Мислиш на тој што не знаеше да изговори правилно Кваљарела? :facepalm:
 
Честитки,заслуживте бод со оглед дека погодивте и пречка можевте да заминете со цел плен.
Ремито оди на наша сметка,недозволиво е на домашен терен да дремеш цело второ полувреме. Поздрав веќе ве гледам во нокаут фазата.
Пу пу пу да не не урочиш,да не серат кокошките. :icon_mrgr:
 
овие се дечките :cuc::cuc::cuc:
399162_451384844903762_1749771092_n.jpg

Задоволен од резулатот ама не и од играта. Пирло беше цело време покриен,секоја чест на Артуро со една нога повлекваше напади. Исто незадоволен од Вучко и Џовинко,премногу импресионирани,не смеат вака на другите утакмици. Исла солиден,Лихштајнер и Азамоа стандард се изнатрчаја,ептен страв ми е од повреди и преумореност за овие двајца. И одбраната неуиграна на моменти иако Кјелини си газеше,ама не смеат да се прат онакви грешки во глобала.
то е то од првични импреси. Не изигравме 100% ама ете и то било доволно за добар резултат.За другите утакмици од групата сум оптимист и би требало да пукаме на прво место и полесен противник
 
Мислиш Карера ?
& јас

Да де, Карера. Цело време Чиро Ферара ми е во глава. :cenzura:

Бентнер за денешниов натрепвар можеше да биде корисен. Тоа што е добар со удар со глава и што има какво-такво искуство против Челзи. Очекував да го пуштат него, барем последните десеттина минути.
mood_worried.gif


Коментатори? Мислиш на тој што не знаеше да изговори правилно Кваљарела? :facepalm:
„Коментатори“, и не само Кваљарела, па и кај измената кај Челзи, Стариџ, Стариџ, Стариџ, на крај некој трет испадна откако видеа и официјално на она, телевизорите. :ROFLMAO:
Се пофалија и за вчерашниот натпревар помеѓу Реал и Сити, не знам дали биле на плоштад али дечките гледале супер фудбал, а и на средина негде на прво полувреме кога ни објасни зошто ги немат откупено правата за ЛШ, ги имале откупено демек, али само за дерби натпреварите во среда. :D

Оф мори златни стримови... за памет за друг пат.
 
Како за прва утакмица после подолго време, и со толку дебитанти на гости кај ланскогодишниот шампион и со негатива од 2-0 е добро, добро е што се падна 1 јака екипа покрај нас за да може колку толку да видиме како ке се носиме, за наредните очекувам да не чекаат да примат гол за да почнат да играт и ке биде уште подобро
 
Auuu za sreka ne dobiv infarkt .. GRAZZIE JUVE~

Edna od PRICINITE ZASHTO SE ZALUBIV VO OVAA EKIPA! OVOJ E VISTINSKI JUVENTUS!

AJDEEE AJDEEE JUVE!!!!

Nema shto da dodatam neshto POSEBNO... .VIDAL E SRCETO NASHE , A bravo i za Karrera so potegot so QUAGLIARELLLAAAAA
 
& јас

Да де, Карера. Цело време Чиро Ферара ми е во глава. :cenzura:

Бентнер за денешниов натрепвар можеше да биде корисен. Тоа што е добар со удар со глава и што има какво-такво искуство против Челзи. Очекував да го пуштат него, барем последните десеттина минути.
mood_worried.gif



„Коментатори“, и не само Кваљарела, па и кај измената кај Челзи, Стариџ, Стариџ, Стариџ, на крај некој трет испадна откако видеа и официјално на она, телевизорите. :ROFLMAO:
Се пофалија и за вчерашниот натпревар помеѓу Реал и Сити, не знам дали биле на плоштад али дечките гледале супер фудбал, а и на средина негде на прво полувреме кога ни објасни зошто ги немат откупено правата за ЛШ, ги имале откупено демек, али само за дерби натпреварите во среда. :D

Оф мори златни стримови... за памет за друг пат.
Не беше ни на клупа. Мислам на строга диета дека е
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom