Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.

Добар бил ефектот на утакмицава да се порадуваат мале и ајродромците да го тепаат Фени ја мислам и свирки требаше да викнат :pos2:
де бре луге нели гледавте убаво-фени не се ни замараа нарачно како ги фрлаа тие слободните...они беа дојдени таму порекреирано,се гледаше од авион дека не сакат да се замараат дека одат на 2:1 нарачно по вчерашниот пораз на фершпед.ако завршеа фени сега со 3 добиени ке имаа поголема пауза од фершпед што не му одговара на кошаркарите ке се олабават малку:,....
мора да постојат и такви работи![]()
не викам дека фени неможе да изгуби од мзт туку може да изгуби ама тоа сигурно нема да биде со волкава голема разлика.мислам да бидеме реални на квлитетот на фени со на мзти големината на клупата и можноста за ротацииде бре луге нели гледавте убаво-фени не се ни замараа нарачно како ги фрлаа тие слободните...они беа дојдени таму порекреирано,се гледаше од авион дека не сакат да се замараат дека одат на 2:1 нарачно по вчерашниот пораз на фершпед.ако завршеа фени сега со 3 добиени ке имаа поголема пауза од фершпед што не му одговара на кошаркарите ке се олабават малку:,....
мора да постојат и такви работи![]()

МЕЗЕТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ

Дарко го уби Емил , a ?![]()
ќе го ебат него у среда у Кавадарци онака фино лепо како пред некоја ден ич не му се секирај ти.
Колку тажно :nesum:Моторите „ем-зе“ нема да се произведуваат веќе Германската фабрика за мотори „ем-зе“, која од 1922 година ги произведува овие превозни средства, ќе биде затворена кон крајот на 2008 година, пишува во весникот „Фрај прес“. Фабриката од 1996 година во најголем дел е во сопственост на „Хинг Леонг индустрис“ од Малезија, а управата на оваа компанија вели дека „Ем-зе“ работи со загуба. Погонот треба да биде затворен на 31 декември, а весникот истакна и дека тој потег се очекувал веќе подолго време. Без работа ќе останат околу 40 работници од германската фабрика. „Ем-зе“ е една од најстарите фабрики за производство на мотори во светот која функционирала и во текот на Втората светска војна. Денес, единствена марка мотори што е преживеана е БМВ.
:shok::shok::shok:

![]()
МЗТ СКОПЈЕ ЈА НАМАЛИ НЕГАТИВАТА И ГО ДЕМОЛИРАШЕ ФЕНИ ИНДУСТРИ ГАЗЕЊЕ!!!
Кој е, каде е шампионот?
МЗТ Скопје - Фени Индустри 79:62 (1-2)
( 26-17, 24-23, 16-6, 13-16)
Сала " Јане Сандански" - Скопје. Гледачи: 700. Судии: Златевски- Милојевиќ - И. Митровски. Делегат: Пиперков - сите од Скопје
Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин. Играч п 3п 2п 1п ск. ас. мин.
СОКОЛОВ 9 1/3 3/4 0/0 4 2 31:00 Мираковски 8 1/6 0/1 5/6 2 5 32:00
Нури 6 0/2 2/3 2/4 3 2 18:00 ПРЕКОВИЌ 6 2/3 0/1 0/0 5 1 34:00
Нешовски 0 0/3 0/1 0/0 1 0 11:00 Баснарков - - - - - - -
Мирковски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 02:00 Јововиќ 7 0/0 3/3 1/2 2 0 11:00
Кралевски - - - - - - - КОЛ 12 2/5 2/2 2/4 1 0 20:00
РАДУЛОВИЌ 14 1/4 5/8 1/2 5 5 36:00 Јанески - - - - - - -
Манасиевски 0 0/0 0/0 0/0 0 0 02:00 БОШЊАК 13 1/1 3/6 4/10 5 1 31:00
Дамјанац 10 0/0 2/3 6/8 3 1 16:00 ГОЦЕВСКИ 9 0/2 3/4 3/4 2 2 34:00
АВРАМОВСКИ 10 0/0 4/5 2/2 2 1 22:00 Ѓуров 5 0/2 2/3 1/2 1 0 11:00
ДЕСПОТОВИЌ 8 1/1 1/6 3/4 4 2 16:00 Неделков 02 0/0 1/1 0/0 0 0 02:00
Блажевски 18 4/4 3/3 0/0 0 1 23:00 Манев - - - - - - -
ТРАИЛОВИЌ 4 0/4 1/1 2/2 7 2 23:00 САМАРЏИЕВ 0 0/3 0/1 0/0 2 4 25:00
Вкупно: 79 7/21 21/34 16/22 29 16 200 Вкупно: 62 6/22 14/22 16/28 20 13 200
Падна и последниот должник во "Јане Сандански". МЗТ Скопје во вториот обид од полуфиналната пресметка во "плеј-офот" успеа да го намали водството на Фени Индустри, но и за првпат сезонава да го совлада и тоа со убедливи 79:62.
Заслужија момците на Боби Митев ваков расплет на мечот, заслужија да се радуваат и заслужија уште една шанса за да се вратат целосно во борбата за финале.
Сведоци на класичното газење беа 700 гледачи присутните во салата "Јане Сандански", кои и на крајот се запрашуваа кој на теренот всушност е шампион.
И не треба да не чудат позитивните коментари за "сино-белите", кои одиграа онака како што посакуваше нивниот стратег, онака како што повеќето го паметат МЗТ Скопје.
Со добра игра пред се во одбраната "металците" им одржаа вистинска лекција на фаворизираниот тим на Фени Индустри, за кој не смее да се заборави дека е бранител на шампионската титула.
А дека по поразот кавадарчани ќе жалат догло време и најверојатно ќе го паметатат подолго време, говорат два факти. Прво на МЗТ Скопје во ниту еден момент не му претеше опасност од загрозување на резултатот и второ Фени Индустри влезе во онаа група на тимови кои за една четвртина постигнаа само шест поени. Ова на избраниците на Емил Рајковиќ им се случи во третиот период, една тројка и три погодени слободни фрлања ги спаси од поголем блам.
МЗТ Скопје натпреварот го отвори со серија од 11:3 и тоа во првите двеипол минути. Гостите се обидуваа да се вратат, но расположените во овој дел Синиша Аврамовски и Дарко Радуловиќ, се погрижија на истекот на првиот период нивниот тим да има веќе плус десет на контото (26:16).
Простор за "кам-бек" кавадарчани немаа ниту во продолжение. Во 14 минута водството од седум поени 32:25, "металците" со серија од 10-0 го наголемија на високи 40:25. Токму во првите пет минути од втората четвртина Рајковиќ не можеше да најде решение за кој друг ако не Перо Блажевски. Искусниот репрезентативец постигна десет поени со кои беше креатор на серијата.
Но предноста на Фени Индустри во долгата клупа и можноста за ротација на повеќе играчи профункционира брзо. Негативата од 19 поени (50:31) кавадарчани со серија од 9-0 ја намалија на 50:40, со ваков резултат се замина на паузата.
Надежта за целосно враќање ја имаа "портокаловите". Водени од првиот меч во Кавадарци каде токму во овој дел го решија победникот, гостите се надеваа на пад на домашниот тим, кој пак го "спушти" целосно на земја противникот.
МЗТ Скопје продолжи од 50:40 и со серија од 10-0 направена за само пет минути дојде до позитива од 20 поени (60:40) која пак предизвика ерупција на воодушевувања и аплаузи.
На другата страна пак "портокаловите" со тројката на Прековиќ и трите слободни фралања едвај се извлекоа.
Последните десет минути не променија буквално ништо. "Металците" направија нова серија. Водството од 67:52 го накачија на 77:52 со што ставија крај на сите надежи на кавадарчани.
Одличната игра, одличната престава и квалитетното "шоу" беше причина по некој минута искуство во полуфиналната пресметка од "плеј-офот" да добијат, Мирковски и Манасиевски.
Прв на листата кај МЗТ Скопје водеше Перо Блажевски со 18 поени и 100% реализација (4/4 за три, 3/3 за два поени). Зад него беше Дарко Радуловиќ со 14 поени.
Под обрачите добро функционираа Синиша Аврамовски и Милорад Дамјанац со по 10 поени. На другата страна Доналд Кол уфрли 12 поени, а Иван Бошњак 13.
М. Ковачева
Колку ли само попалила ваа смрдлата кое газење бе у кој филм се влезени виа али ако у четврток ке излезат од филмот![]()