Кога веќе се спомнуваат нашите идни играчи, вреди да се спомне и Анселмино. Вчера беше МОТМ и даде гол против Леверкузен, а имаше и асистенција против Виљареал во Лигата на шампионите. Висок и брз штопер, со одличен потенцијал, единствена мана му е склоноста кон повреди. Но, сè уште е многу млад и се надевам дека тие проблеми ќе останат зад него.
Почит заслужува и Фофана. Откако се врати од повредата, игра феноменално, а кога е целосно здрав, веројатно е нашиот најдобар штопер, само што, за жал, таквите периоди се ретки. Се надевам дека Мареска со него и со Анселмино во иднина ќе постапи како со Џејмс и ќе ги менаџира како што го менаџира Рис,за да можеме да ги гледаме како доминираат од недела во недела, и тоа здрави.
Интересно е што никој не спомна дека Палмер се врати. Денеска веројатно ќе влезе од клупата, и очекувам да одигра околу дваесетина минути. Исто така, ми се допаѓа што Естевао не се форсира многу за да не изгори веднаш, туку постепено го туркаат во оган, а детето на секоја утакмица дава 100% од себе, што ни дава можност да уживаме во сите негови квалитети.
Денеска одиме на победа и −3 од првото место!
