Сите ѕвезди во тимот добро стојат со Валверде,нема никој ни да е скаран со него(барем колку што пишуваат)плус 2 трофеја лани земавме што не е лошо воопшто.
Неможат сега тек така да го шутнат посебно кога немаат некоја подобра варијанта,ако не му го продолжеа договорот можеше да дојде и до конфликти помеѓу Меси и компанија против управата.
Можеби вака и најдобро е за клубот,ако направи некоја катастрофа можат да го избркаат.
Ние гледаме само како изгледаме на терен и како играме(а не играме толку лошо),треба да видиме какви проблеми имаат Интер на пример,Јунајтед додека беше Мурињо итн.
Не сме виделе што значи секој со секој да е испокаран,да не игра за инат,тренерот да не го става да игра зашто така му е кејф(како Мурињо Погба).,
Не треба и да претеруваме ептен, малце се занесуваме ние навивачите со барањата,неможе туку така да се освојат сите трофеи,немаме ни доволно играчи за тоа.
Ако се споредиме со останатите клубови,кој имаат подобри резултати?Сите кикснуваат,сите имаат проблеми.
Треба да се сетиме дека и низ цела сезона не јадат повреди,незнам дали имаше утакмица да изиграат сите комплет.
Месецов ќе се прекрши сезоната,после тоа може да судиме.
Ептен згуснат е распоредот,ќе видиме како ќе се носат,најдобро е да се одмараат првотимците со Ваљадолид,после со Лион да ги средиме уште на првата утакмица па на Кампот по лежерно да биде.
VAMOS BARCA
