Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
А има ли потреба од тешење :):):)
Добри сте добри сте и вие. Само дали сте до толку добри да ни вратите за лани е тоа прашањето :)

Не не, во таа смислам тешење, за вас... Нема ништо спорно тука.... Не знам дали можеме да ви вратиме за лани, но барем ќе се обидеме, ако ништо повеќе.... И да изгубиме не е срамно или спорно...
 
Луѓе, јас ќе отсуствувам од форумот некое време, и затоа уште сега в пожелувам среќна Нова Година на сите, да бидете здрави весели, да ви се исполнат желбите и да славиме уште многу титули со Барса! :)

VISCA EL BARCA!!!!!
VISCA EL CATALUNYA!!!!!
 
Не не, во таа смислам тешење, за вас... Нема ништо спорно тука.... Не знам дали можеме да ви вратиме за лани, но барем ќе се обидеме, ако ништо повеќе.... И да изгубиме не е срамно или спорно...

да изгубиш од барса не е ни спорно ни смешно ќе знаеш дека сви изгубиле од најдобриот тим на светот е сеа ако примите 5-6 гола тогаш е друга приказна
 
Моѓе некој да стаи слика од синоцрвените дресови,со спонзорот?Иначе убави беливње дресови.
 
Белиот дрес е супер,би било добро за промена и плус го нема тоа дрвото на Катарците,ако го стават дресот конечно ке имаме убав гостински дрес!
 
foto_457418_CAS.jpg

-Афелај се запознава со новото друштво.

-Што фотографираше Афелај за време на својата презентација?!? Неговиот нов шкаф.:):) Изгледајте го , многу ми е интересна соблекувалната, посебно шкафовите, Меси си закачил свој постер на неговиот шкаф.:icon_lol:

-Бојан: Се уште не сте го виделе најдобриот Бојан Кркиќ.
 
http://www.totalbarca.com/2010/opinion-pieces/best-of-2010-performances/

Најдобра игра на еден натпревар од тимот и од еден фудбалер. Исто така има и избор за играч кој најмногу напредувал.
За најдобар натпревар на Барселона е се разбира 5:0 против Реал, а најдобра игра од некој фудбалер е за Меси против Арсенал, 4 гола, 4:1. Интересно е и видеото за Меси против Сарагоса (4:2). Успеале да извадат снимка од сите акции во кои учествувал Меси и видеото трае 9 минути! Некои екипи толку акција не можат да направат во два натпревари.
За играч кој најмногу напредувал годинава е Бускетс.

--- надополнето ---

На истиот сајт има и избор на најдобар гол и најдобро славење на гол.

http://www.totalbarca.com/2010/news/best-of-2010-goals-and-goal-celebrations/

--- надополнето ---



И Среќeн Божиќ од Barca Toons :)
 
Ова за Афелај после првиот тренинг:

He proved to have Barça’s DNA when they played to pass the ball.


 
Русите ’го извадоа од патики’ Пеп со понуда од 22 милиони по сезона
30.12pep1.jpg

Врвниот стручњак кој пред две години во својата дебитантска сезона освои се што можеше да се освои со Барселона доби понуда која го „извади од патики“. Иако е моментално на чело на стројот кој мели се пред себе, не остана рамнодушен на силните милиони од Москва.

Ако му веруваме на угледниот шпански весник „Ел Мундо Депортиво“, Барселона ќе мора добро да се помачи за да го продолжи договорот со Жозеп Гвардиола.

Преговорите на овие две страни се моментално во полн ек, па пред некој ден медиумите објавија дека Гвардиола е пред потпис на нов договор со Барселона, но тоа можеби и нема да се случи.

„Ел Мундо Депортиво“ тврди дека тренерот на каталонскиот клуб сериозно го ’раздрмала’ понудата од 22 милиони евра која стигнала од московска ЦСКА. Па така Гвардиола не останал рамнодушен, и веќе го испратил агентот на преговори во Русија.

Добро ни е познато дека Пеп е многу претпазлив во продожувањето на договорите со Барселона. Неговиот актуелен договор истекува ова лето, а наредниот за кој преговорите се во тек сепак не е долгорочен туку е според системот 1+1+1, така што после секоја сезона ќе биде слободен со можност да го продолжи за наредната.

Парите за Русите не се никаков проблем поготово ако се знае дека ЦСКА е финансиски поддржана од богатио тајкун и докажан фудбаски фан, Роман Абрамовиќ.

Веќе подолго време во рускиот фудбал "се врти неверојано голема сума на пари", а вистинска лавина се покрена откако е објавено дека Русија ја доби организацијата на Мундијалот 2018 година.

дали е оваа уште една гола лага или има нешто вистина во ова знае некој?
 
^ Јас такво нешто немам прочитано... еве сега баш видов на ЕМД, али никаде нема таква статија
 
на таратур прочитав јас па ај си реков да постирам до душа не ми се верува ич на информацијава и несакам да замине пеп
 
дај боже да е така брат и јас тоа се надевам дека е само шпекулација
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom