Не верувам дека Барса може да си дозволи сега неуспех.
Ето нема да добие поголема понуда од ова ако остане и седи цела година на клупа или игра лошо. Може само да добие намалување на платата, а не зголемување.
Сигурен сум дека е свесен за ситуацујата и нема да си ја уништува кариерата за да му тера инает на Лапорта.
Кога ќе си оди му посакувам се најдобро и сигурно дека ќе го памтиме уште долго, како поради неговите голови така и поради младите афрички таленти кои ги донесе во Барса, многу од нив имаат шанси еден да играат за првиот тим и се негово наследство оставено за Барса.
Повеќе ме загрижува Ибрахимович. Нема шанси да му ја дадеме платата што ја има во Интер (12 милиони), максимум што можеме е да му дадеме 10 милиони и 60-70% од неговите маркетиншки права што пак би го донело до сума од 11-12 милиони годишно.
Исто така факт е дека може да има уште повеќе трансфери. Досега најдовме замени за Силвињо и Ето ама Пеп побара поголем тим.
Ако Енрике го задоволи Пеп нема да се бара нов ЦБ, но ако си одат Гудјонсен и Хлеб ќе мора да се купи уште еден квалитетен АМ.
Можно е и со парите од земјиштето на Mini Estadi што Лапорта сака да го продаде да се финансира трансфер на Рибери или Фабрегас.
Било кој од нив двајца би го пополнил тимот перфектно за следната сезона.
Се зборува за 48 милиони плус Ето плус Хлеб на позајмица. За 2 милиони Виља ќе го земевме и Хлеб и Ето ќе останеа т.е. ќе ќаревме на нив од Сити на пример за Ето. Ова ми стои глупаво...сепак шпекулации се па ќе видиме што ќе излезе на крај.
40 милиони + Ето.
Од Интер го сметаат Хлеб како посебен трансфер. Барем по изјавите на Морати и спортскиот директор.