Спасо брат 150 милиони ти е сулодо да испрчиш. Ај да пробам една реално среднорочна анализа да направм на тимов:
- Голмани: Бут, Крафт
Јануари: нема интервенција. Лето: Ноер 20тина милиони (договор до 2012 има)
- Централна Одбрана: Брено, Бадштубер, Каменолом, Демикелис
Јануари: иделана варијанта е Даниела да се шитне за 2-3 мил макс и да се земе искусна замена која не би требало да чини повеќе од 15мил. Реалната варијанта е пак дека ќе си од Мичо а ќе ни се стави уште некој „талент“ во тимот. Лето: Зависно од тоа како ќе се пазариме сега во Јануари. Сигурно е дека сериозно треба да се размисли дали Бади и Брено се реална опција за иднината на нашата централна одбрана. Ако не се алтернативите се тука и во Германија: Кјаер ми остава ок впечаток за Хумелс и Суботиќ да не правиме муабет. Во секој случај потребна е некоја инвестиција тука.
- Странични Бекови: Лам, Контенто, Браафхајд
Јануари: Да не се лажеме, Прањо не е бек. Потребен е некој кој би можел да го замени и Лам кој веќе втора сезона по ред нема ни еден натпревар пауза ни за клуб ни за репрезентација. Не е машина да не се лажеме. За мене идеални би било некој кој може и лево и десно да се земе. Реално кандидатите се само за лево и тоа Тремулинас и Кришито за цена од некои 15тина милиони. Ќе мора Фичо по се изгледа да издржи уште една цела сезона пред да добие замена. А да и Браафхај МАРШ! За едно Евро ако го земе некој голема услуга би ни направил. Лето: Во зависност од зимскиот пазар. Сигурен сум ќе земеме лев бек солиден па по се изгледа ќе требаат уште 5-10 милиони за замена за Лам.
- Средина/Дефанзивна Средина: вБомел, Тимо, Прањо, Швајни, Кроос, Алаба
Јануари: нема интервенција. Лето: на Марк нејќам очи да му видам. Шахин за мене би бил перфектно азсилување летоска. Ефтин секако нема да е, а и колку е релано е прашање. Друга алтернатива за која одамна се зборува: Монтоливо. Во секој случај 20-25милиони тука веројатно че одат курбан.
- Офанзива: Рибери, Робен, Милер, Хамит, Олиќ
Јануари: алтернатива би сакал да се земе некоја. Олиќ е во аут до крај на сезона, Робен Господ знае кога ќе се биде 100% фит и Рибери кога ќе се врати во форма. 10тина милиони. Лето: Зависно од зимскиот пазар. Ако земеме сега алтернатива за офанзивата ок ако не тогаш на лето би требало. Марин можеби? Алтернатива за цела офанзивна средина и напад (слично ко Милер би можел баш секаде да пополни).
- Шпиц: Гомез, Клосе
Јануари: без интервенција (и Милер може да пополни не дај Боже ако затреба). Лето: Ќе треба да се интервенира. Клосе аут за 3-4 милиони, млад напаѓач ин за 5-10мил.
Сума сумарум математикава за Јануари е 20-30милиони за централен, крилен бек и евентуално алтернатива за офанзивата. Летоска и јас чекам добри засилувања во средина и Ноер секако кој би чинеле 5-60 милиони.
Тимот е долгорочно обезбеден со Лам, Швајни (прилично сум сигурен дека ќе остане), Милер, Кроос и Гомез. Робен и Рибери треба да се вратат во стара форма. Бади и Брено треба да се покажат па ќе коментираме.
Мислам дека со овој костур на играчи што го имаме е греота да се жалиме и уште погреота е да не ги направиме последните мали 2-3 чекори за да станеме навистина конкурентни во Европа. Управата мора да го види тоа и да интервенира.
А за моменталната ситуација срамота е и покрај сите повреди да ни бега Дортмунд 17 бода со овој играчки потенцијал кој го имаме.