Ич не сум задоволна од Баерн! Не е ама баш никакво оправдување дека поради отсуството на Робен сме вакви ко што сме. Клуб како Баерн НЕ СМЕЕ да се потпира исклучиво на неговите индивидуални квалитети...особено не кога игра против Келн!!! 1.Ејјј Келн ни направи пресврт по два гола негатива :nesvest:
И сеуште стојам на ставот дека Демикелис МОРАШЕ да остане, 2.Бадштубер дека нема квалитет и дека треба да седи на клупа или да скрши глава негде, а да се купеше некој салам централен за да му прави друштво на Демикелис.Воедно, да се појачаше офанзивниот дел затоа што 3.Милер не е сјаен, другите ги нема па така остануваме само со Гомез кој, разбирливо, не може нон-стоп да дава голови. И да, неколку други фудбалери да си се вратат на позициите на кои треба секогаш да играат.