Баерн наскоро ќе стане најбогатиот тим на светот
Работите во фудбалот навистина брзо се променуваат. Минатата година беше една од најкатастрофалните за Баерн под водството на Клинсман, поразот од 2:5 од Вердер и големиот пораз од Барселона во Лигата на Шампионите.
Дванаесет месеци подоцна работите се поинакви и челниците тријат раце и најавуваат одлична есен. Што се однесува на играта, се уште не е тоа тоа, но сепак работите одат на подобро, а се чека Рибери и Робен да влезат во форма и да завладеат на теренот. Она што ги весели челниците на Баерн се новиот спонзори кои ќе влегуваат во светот на фудбалот.
За германските медиуми Ули Хенес изјави: „Бараме начин за да бидеме што поконкурентни во Лигата на Шампионите, а за тоа требаат пари.“ За да го реализираат тоа Баерн ќе продаде 10% од своите акции на гигантот АУДИ, за што Хенес рече: „Голема е честа кога во ваков период на криза голема компанија сака да финансира кај нас, тоа е знак дека добро работиме.“
Исто така Баерн треба да го продолжи и договорот со главниот спонзор, Дојче Телеком кој истекува на крајот на оваа сезона, а со новиот се очекуваат подобри услови. Со сегашниот договор Баерн заработува по 20 милиони евра по сезона, а со новиот би земале по 25. На годишниот состанот на акционерите на Баерн, треба да бидат објавени новите договори со Ауди и Дојче Телеком.
Бидејќи каматите во Германија се релативно ниски, со парите од новите договори Баерн ќе го плати кредитот за стадионот, за кој одвојува по 30 милиони евра годишно и се очекуваше да плаќа во рок од 18 години. Челниците се надеваат дека можат се да исплатат за 10 години и да станат „најбогат тим на светот“ како што изјави Ули Хенес.
Во минатата сезона Баерн оствари приход од 295,3 милиони евра. Само Реал Мадрид, Барселона и Манчестер Јунајтед имаа повисок. Откако ќе биде исплатена Алианц Арената, Баерн ќе може повеќе пари да инвестира во нови играчи. Исто така треба да се напомене дека тогаш Минхен 1860 ќе треба да им плаќа „станарина“ на Баерн, бидејќи арената ќе биде во сопственост на Баерн.
Значи целта е јасна. Во следните неколку години Баерн сака да стане еден од најголемите тимови во Европа. Бидејќи од 2012 УЕФА го донесе правилото дека еден тим нема да смее да троши повеќе од тоа што заработува, па Баерн ќе има висока предност пред останатите тимови особено пред Шпанските и Англиските
(Италијанците веќе не се ни во конкуренција).
