Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Момци од мене еден preview на идната сезона што и како треба да се поправи.
  • Прво мора да се земе еден десен бек ,мене желба би ми бил Колман или Мика Ричардс(што не добива минутажа во Сити,а е тежок die-hard фан на Арсенал)
  • Второ мислам дека мора да се смени тренинг режимот на чичо дека не е некоја случајност овие последни 10 години што имаме највеќе повреди во премиер лига, сезонава во просек дупло повеќе од нашите конкуренти. Имам слушнато за некој 2 верзии за тоа зашто толку се повредуваат играчите на Арсенал: едното е дека чичо давал некој чудни суплементи,а другата е дека ги тренира како маринци и едноставно не е скроени да издржат таков притисок.
  • Трета работа која многу зависи од вторава е дополнително да се уиграат Волкот;Ремзи;Озил и Жиру дека сигурно Жиру како извонреден Anchorman може да биде од ептен голема корист за утрчувањата на Волкот проследени од пасовите на Озил и головите на Ремзи :)
  • Купување на Дракслер што би можело многу да помогне и по крило, а башка и читав некаде дека се планира прекомандување на Дракслер во напаѓач како на Анри што му направи Венгер. Би помогнало многу тоа што на Жиру ќе му се донесе компетиција и ќе го мотивира да работи повеќе, е сега негативна страна е што треба да се менува цела концепција на игра кога Дракслер игра место Жиру во поглед на долги и високи топки ама џуџињата на Венгер брзо ќе се снајдат со новата игра верувам.
  • Мислам дека е време да му се даде на Вилшер капитенска лента или барем да биде втор капитен после Мертезакер бидејќи и Артета и Вермален ги гледам на излезна врата овој трансфер период. Во Вилшер гледам лидер кој што може да ги мотивира,нешто што го прави Жерард после релативно изненадувачките резултати на Ливерпул.
Крај краева мислам дека овој транфер период може да се пројде со не повеќе од 60тина милиони и пак да се има шампионски тим, иако од идната година ќе имаме уште покомпетативна лига бидејќи Челзи ќе земат нов напаѓач, а во најмала рака го имаат Лукаку што е одличен;Пелегрини ќе има 1 година плус искуство во Премиер Лига;Манчестер Јунајтед ќе имаат горе доле реновиран тим, а Ливерпул очекувам да бидат активни на трансфер пазарот летово дека со 15 играчи неможат да играат на повеќе од 2 фронта, а од идната година имаат плус уште 1
Поздрав Ганери

П.с. никакви споредби не сакам да правам, само видете го линков
 
Стварно му отиде зубот?
CrispThriftyElephant.gif

(доколку не го прикажува гифот- http://giant.gfycat.com/CrispThriftyElephant.gif )

И да, судијата беше толку добар денеска...одличен.. немаше фаули дури ни кога ни ги утепаа Артета ( едно 10тина пати) и Жиру (5/6)
Окс... не беше пенал исто ;)

Крај краева, честитки за одличните 3 поени, ова веќе беше прекрасен фудбал во неколку наврата од утакмицата, 2риот погодок мастерпис..

Така да со лесно срце да си честитаме ,
Честит Велигден: Христос воскресе!!!
 
Последно уредено:
Аууу ги чекам хајлајтсов на Арсенал странава, за жал не го гледав натпреваров :( Глеам Полди пак стрела, епа сега у дума ќе го тури чичо што да му праи наредна сезона, али најверојатно ќе остане.

Секоја чест за момциве колку важен натпревар денес што тепаа, види ги Евертон ова до крај че биде тресење.

Нека ни е честита победаваи вака до крај да тераат!![DOUBLEPOST=1398019201][/DOUBLEPOST]Ауууууу вториов гол беше :drk::drk::drk::drk::drk::drk:[DOUBLEPOST=1398021782][/DOUBLEPOST]Ozil completed 29 of 34 passes (85%). Made 2 ball recoveries. 14 of 15 passes made in attacking 3rd. successful with 2 of 4 dribbles. :vozbud::vozbud:
 
Последно уредено:
Дракслер ако више се купи мислам дека на крило нема да ни врши многу работа зошто се иаме покриено лево со Полди, десно со Волкот, Окс може двете страни да ги покрие, а по потреба и Казорла. Башка Гнабри а и Кембел да не ги заборавиме.
Дракслер многу повеќе би ни се нашол за напад зошто баш денес приметив колку очајно ни треба еден подвижен напаѓач, а не некој што константно е свртен со грб кон голот и иде само на пасораздавање...
Шо е до дефанзивата дури и да остане Сања мора Колман да се земе, макар и 30м. да не кошта, а ако си оди Верма (шо нејќам да се случи зошто супер играше последниве утакмици) тогаш мора и бек ап стопер да се земе.
Друга работа шо ќе ни треба е солиден резервен голман пример вториот на Ливерпул.
 
Не можев да ја гледам нонстоп утакмицата, бидејќи бев на гости, но од тоа што го видов повеќе од задоволен, ваква партија немавме одиграно два месеци.Некако со враќањето на Ремзи како цел тим да доби свежина се врати динамичноста во екипата кој предходно ја немавме, мора и Озил да се пофали го разигра цел тим, Жиру се отепа од топки бркање што беше навистина чудно.

Подолски изненади последниве две утакмици, изгледа имаат нешто со Венгер на тактички план работено.Овие две утакмици се почесто беше во 16ник и во средишниот дел од теренот, нешто налик на втор напаѓач, дури почна и да прави втрчувања без топка, предходно само дремеше по левата страна како некоја стара баба, левата страна ја покриваа Артета и Казорла кога он влегуваше во 16ник.

Судијата беше очај и господ знае само колку чисти пенали ни немаат досудено последниве години, но да не заборавиме дека за контрата кај вториот гол Артета напрви чист фаул.:)

 
Многу е полесно со Озил и Ремзи у прв тим, едниот секогаш гледа пас напред, другиот секогаш гледа да втрча во празен простор што му отвора многу повеќе простор на Подолски.
Следна сезона само Ремзи да ни е здрав и жив и нема кај да бега ПЛ титулата.
 
Замисли и Тео да беше здрав... ама тоа е.

Со Ремзи сме сосема друг тим, комплетно друг тим. Нешто како Сити со и без Јаја Туре.
 
Ја шо викам, да не беа повредите сеа први ќе бевме...

Него за трансфериве, озбилно мислите дека не ни треба CDM? Артета веќе не го бива, Вилшер и Ремзи се повеќе ориентирани во нападот... неќам да останеме само на Фламини и Артета, мора да се купи некој што ќе кине во средината.
 
Ја шо викам, да не беа повредите сеа први ќе бевме...

Него за трансфериве, озбилно мислите дека не ни треба CDM? Артета веќе не го бива, Вилшер и Ремзи се повеќе ориентирани во нападот... неќам да останеме само на Фламини и Артета, мора да се купи некој што ќе кине во средината.
Секако дека ни треба,мислам дека по Бендер ке тргне летово Венгер.Со него партнер во средината Ремзи,Вилшер клупа,десно крило Волкот/Окс,за лево крило во прв состав никако не би сакал да останеме со Подолски и ако по некоја случајност се потпише Дракслер подобро тој да игра лево крило и секако во нападот мора да се донесе замена за Жиру,колку и да се трудат тој и Подолски сепак не се материјал за прв тим.
 
Не знам дали го следите Чукс Анике, позајмен е во Кру(трета лига играат) цела сезона, игра средина, сезонава мислам дека напаѓач игра.Прв стрелец им е во екипата со 16 гола, само моментално е повреден.:)
Го имам неколку пати гледано(ги следам младинците и позајмените играчи кога можам) има ист стил како Диаби само многу појак шут, страшен шутер од далечина е.Се надевам нема да го продадеме за кило семки, оти изгледа ќе го откупат Кру на крајот од сеозната.:(

1780793796.jpg


еве некои голчиња од лани,
 
Незнам што се замарате со младинци, помина нивното време во Арсенал, од сега па натаму само готов производ ќе се купува и ќе има шанси за настап во прв тим, се останато е гола вода
 
Христос Воскресна!
Немав можност утакмицата да ја гледам,но според хајлатсовите одлично сме играле.Со Ремзи екипата игра препородено.Многу ми е криво што се повреди и долго време отсуствуваше,да не беше таа повреда сега сигурен сум дека ќе ја имавме обезбедено титулата и ке добиеше награда за играч на сезоната.
 
Головиве на Анике се ала Туре :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom