- Член од
- 31 декември 2013
- Мислења
- 101
- Поени од реакции
- 192
Во последно време се повеќе (македонски) корисници на Фејсбук се заразени од вирус кој има цел да украдe вредни информации (за кредитни картички и слично...) од корисникот, а се шири преку испраќање пораки на Фејсбук пријателите.
Како да го препознаете ?
Најчесто вирусот испраќа порака со текст „lol“ и .zip датотека. Најсигурно е да не отварате никаков вид на датотеки, освен оние за кои сте сигурни дека ви ги испраќа пријателот и се безбедни. Името на .zip датотеката е секогаш различно.
Како работи ?
Доколку ја симнете .zip датотеката и ја отворите во неа се наоѓа .jar (Јава апликација) апликација со некое случајно име. Кога ќе ја отворите апликацијата, таа креира свои копии и вашиот систем е заразен.
Што ако веќе сте заразени ?
Колку што успеав да најдам, нема 100% сигурен начин да се отстрани вирусот. На линков: http://www.securitystronghold.com/gates/lol-virus.html има понудено решение за кое се вели дека функционира, но јас не можам да потврдам ништо.