Facebook - официјална тема (новости, прашања, проблеми)

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.481
Поени од реакции
5.937
Чекај сакаш да ми кажеш дека го одјави од сите сессии, смени пас, стави 2FA и пак ти го проби? Spyware да не имаш закачено?
Иначе пробај контактирај ги, ако не одговараат, најди некој на линкд-ин, таму замарај, жално е да ти одиде каналот.
Да, буквално сѐ проби за помалку од минута. Овие ми се известувања на алтернативниот мејл што ги добив:

Screenshot 2023-07-27 004723.jpg

А yt каналот сега не постои. Овој беше линкот. Ако само го презема мејлот и смени pass, зошто не е достапен каналот не ми е јасно... Ваљда не го избришал. xD
 
Член од
9 февруари 2016
Мислења
1.119
Поени од реакции
2.823
Да, буквално сѐ проби за помалку од минута. Овие ми се известувања на алтернативниот мејл што ги добив:

Прегледај го приврзокот 385639

А yt каналот сега не постои. Овој беше линкот. Ако само го презема мејлот и смени pass, зошто не е достапен каналот не ми е јасно... Ваљда не го избришал. xD
Барај по насловот на видеата, ако ги оставил. Провери си ги компјутерот/телефонот од вируси, зашто најверојатно има нешто. Да не ти влезел повторно откако си сменила, ќе мислев фишинг дека е проблемот, ама вака многу сумљиво е.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.481
Поени од реакции
5.937
Барај по насловот на видеата, ако ги оставил. Провери си ги компјутерот/телефонот од вируси, зашто најверојатно има нешто. Да не ти влезел повторно откако си сменила, ќе мислев фишинг дека е проблемот, ама вака многу сумљиво е.
Не постојат видеата, не излегуваат на search воопшто, еве тука имав постирано, ги дава како private.

А Spyware нема шанси да е, ништо немам инсталирано во последно време ни на компјутер, ни на мобилен.

Каналот ми беше монетизиран, а adsense ми е на друг мејл, ама џабе.

Постирав и на reddit ама таму еден куп спамери се закачија во inbox демек пиши на тој и тој на инста ќе ти го реши проблемот, а уствари бараат пари и после ги снемува.

Никаков mail/chat support немаат ни Google ни Facebook? Пишав три пати на disabled@fb.com, никаков одговор нема.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.481
Поени од реакции
5.937
Мал update на ситуацијата.

Преку live support на YouTube успеав да повратам Gmail, но фејсбукот ми е заглавен. Се најавив еднаш со код што ми стигна на мобилен, но не можев ништо да променам, што и да се обидев бараше password што не го знам, односно поставен од хакерот. Пробав да го внесам пак кодот од мобилен и ме одлогираше скроз и сега воопшто немам пристап, но профилот постои под име Jenna Ortega.

Гуглајќи дојдов до објава во која се опишува истото што ми се случи и мене - Why hackers are using ISIS flags to disable people's Facebook accounts? Буквално истото, со известување дека некој пробува да се најави, известување дека личност што не ја познавам и на која не сум пратила friend request ме прифатила за пријател и на крај со ISIS на профилна и disabled на профилот. Разликата е што немав зачувано кредитна и не можеа да го искористат за главната цел - да си платат реклами и да си промовираат сопствени фб страни.

Ова го пишувам како превентива за сите што имате зачувано кредитни на фб да бидете крајно внимателни. И ако некој има искуство со овој live support - https://howly.com да ми каже дали е воопшто веродостоен, уште ова ми остана да го пробам, или пак да платам некому преку Upwork?
 

Major Tom

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.219
Поени од реакции
8.220
Какво срање од социјална мрежа станал Фејсбук, страшна работа. Овие денови ке го деактивирам. Пред неколку години направив нов, со мал број пријатели, лајкнати страни и слично. Целта ми беше да гледам само што сакам, сега кога отворам цела почетна е со реклами, вести, најчесто црна хроника и фејк работи. Дива лига.
 

Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.200
Поени од реакции
15.008
Какво срање од социјална мрежа станал Фејсбук, страшна работа. Овие денови ке го деактивирам. Пред неколку години направив нов, со мал број пријатели, лајкнати страни и слично. Целта ми беше да гледам само што сакам, сега кога отворам цела почетна е со реклами, вести, најчесто црна хроника и фејк работи. Дива лига.
Eдинствено нешто корисно таму што гледам се групите за работа и сместување кои ми требаат. Се останато е без врска, мада и кога во истите ке влезам и ке видам исмевање/иронија/сарказам, ми доаѓа да го деактивирам.
 

Major Tom

Politically Incorrect
Член од
11 август 2016
Мислења
2.219
Поени од реакции
8.220
Eдинствено нешто корисно таму што гледам се групите за работа и сместување кои ми требаат. Се останато е без врска, мада и кога во истите ке влезам и ке видам исмевање/иронија/сарказам, ми доаѓа да го деактивирам.
Точно и аз за тоа го чував до сеа. За транспорт и продажба на нешто. Го избришав вчера.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom