Facebook, најмоќната разузнавачка алатка на CIA?

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Се мислев дали да ја отворам темава во подфорумот за интернет, но некако по прикладен ми се чинеше овој форум. Сепак, речиси секој од вас користи Facebook, а не само мнозинството на интернет гикови кои ги имаме на форумов :)

Што е тоа Facebook? Колку многу знаете за Facebook? Ви текнува кога всушност се појави и како стана толку популарен? Зошто толкава фама? Кој ја генерира? Океј, сите знаеме дека Facebook ви овозможува да прикачувате и да се означувате на фотографии, да додавате виртуелни пријатели, да коментирате, да споделувате видео клипчиња, да отварате групи и тн... Но, од друга страна пак - која социјална мрежа не ви го овозможува истото тоа? Што го прави Facebook толку посебен и поразличен од другите?

Одговор: Вашите лични податоци.
Вашето вистинско име и презиме, вашите вистински пријатели, вашите политички согледувања и ставови, вашите дневни активности, белешки, записи, заеднички пријатели, вашите омилени книги, филмови, домашна адреса, телефон, e-mail адреса, клубови, образование, работно место, датум на раѓање, сексуална ориентација и тн... Едноставно, се што некој би сакал да го дознае за вас, доколку го интересира.

Обично, сите кај сите останати социјални мрежи се регистрираме под псевдоним. Јас сум Acid, ти си Трпе. Ги искажуваме нашите ставови, но никој всушност не знае кои сме. На Facebook - не е баш така. Доколку мислите дека Facebook се грижи за вашите лични податоци, се лажете.

Сите податоци кои ги внесувате на Facebook остануваат нивни за секогаш, а со секоја ваша објава на било каков материјал и информации и на било кој дел од Facebook, вие им давате ексклузивно право да ги користат истите за сопствени и да ги дистрибуираат за туѓи цели.

Зошто стана оваа мрежа толку популарна? Зошто не некоја друга? Знаете ли дека во изминативе години Facebook одби безброј понуди за преземање од страна на Yahoo и Google кои вредеа МИЛИЈАРДИ долари? Сигурно не сте знаеле, но првата инвестиција Марк Зукерберг (основачот на Facebook) ја доби од Петер Тиел, основач на PayPall. По една година, Facebook доби уште 12.7 милиони долари од Accel, компанија чиј директор (Џејмс Браер) е близок со Гилман Луи, директор на InQTel - компанија формирана од CIA во 1999.

Клопчето се одмотува се повеќе и повеќе, но луѓето се наивни и познавајќи ги - воопшто не се трудат да ги прочитаат правилата. Камоли да размислат како се користат нивните лични информации и најосетливите информации од нивниот личен живот. Битно е да си во тренд. Битно е вечерва да направиш 10 слики, од кои барем за 5 ќе речеш: "е овие се за фејсбук".

Нови членови, внимателно со овој сервис. Користете псевдоними, не целосни имиња. Не објавувајте точен датум на раѓање, не откривајте премногу информации за вас... Вашите податоци се ставени на располагање на секој што сака да ги купи.

 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
Глеј ко прво и ја не би продавал нешто што на кое што така брзо му расте цена.. :wink:

Второ зарем им треба Фејсбук на тие супер компјутери што таму ги имаат таму во ЦИА НСА и останати агенции.. ја мислам не им треба :)
 

SV-Strange

Sorcerer Supreme
Член од
27 август 2007
Мислења
3.604
Поени од реакции
367
Патем, гледам дека многу од луѓето тамо имаат оставено и други податоци (мобилен телефон, адреса, број на кредитна картица/трансакциска сметка итн).. притоа Facebook гарантира (не)сигурност али ете.. луѓето и овие работи ги оставаат. Инаку, тие што веќе имаат(ме), с(м)е заебани. :/
 
I

InF3cTeD

Гостин
зарем им треба Фејсбук на тие супер компјутери што таму ги имаат таму во ЦИА НСА и останати агенции.. ја мислам не им треба :)
а лошо да не им дојде информација фазла да имаат.....
 

koleee

Убер Македонче
Член од
6 јули 2008
Мислења
643
Поени од реакции
42
Патем, гледам дека многу од луѓето тамо имаат оставено и други податоци (мобилен телефон, адреса, број на кредитна картица/трансакциска сметка итн).. притоа Facebook гарантира (не)сигурност али ете.. луѓето и овие работи ги оставаат. Инаку, тие што веќе имаат(ме), с(м)е заебани. :/

хахаха сакаш да кажеш дека си веќе заебан а имаш и ти? и се остави? телефон, адреса, име презиме, итн итн?
 
Член од
30 јули 2007
Мислења
1.391
Поени од реакции
86
а лошо да не им дојде информација фазла да имаат.....
Секако дека нема да им се слоши од вишок информација ..но
поентата е дали тоа е најмокната разузнавачка алатка на ЦИА ..
Тоа беше моето мислење.. :)
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
Но што ке прават со име и презиме и една фенси слика? Тоа е кражба на идентитет? Зашто најмногу така им изгледаат профилите и немаат нешто повеќе.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Но што ке прават со име и презиме и една фенси слика? Тоа е кражба на идентитет? Зашто најмногу така им изгледаат профилите и немаат нешто повеќе.
Па не би рекол дека на "најмногу" така им изгледаат профилите..Има мал милион профили пренатрупани со лични податоци.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
А некако може ли да го скриеме нашиот идентитет, па нашите општи податоци: име презиме, датум на раѓање, место на живеење, образование. Ги имаат во МВР и ако му затребаат на CIA можат да ги добијат од таму нашите податоци.

Иначе ништо лошо не гледам во facebook, ако сака CIA да го дознае било кој идентитет може секако не мора од facebook, што правиме кога не постоеше facebook. Од кај добиваа лични податоци, од тој идентитет што ќе му затребаше.

Се разбира да не претераме со давањето на наши податоци како што броеви од кредитни картички, телефони и друго. Па макар и да не сотавиме, пак ќе дознаат тел број или број од кредитна и друго.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
А не знам како може да остава некој број на кредитна картица на Facebook. Бог да чува и да брани.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.798
Поени од реакции
11.388
Се знаат што правиме...и кога мочаме и слично...:icon_lol: нема лабаво со американска влада...
 
Х

Ханзо

Гостин
Ах, заговори, никогаш нема да пресушат идеите. Интересни видеа, посебно она второто со буквите, Facebook, CIA. :)
Мислам дека CIA има многу попаметна работа отколку да ја „нарушува приватноста“ на рандом тинејџерка која ставила слики од последната забава во некој рандом клуб. Затоа пак, некои други луѓе немаат попаметна работа од горенаведената. :)
Впрочем, кој од нас дружељубивите би им бил интересен на CIA освен во некое Терминатор сценарио: Џоне Коноре, во иднината ќе бидеш голем водач.
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
А некако може ли да го скриеме нашиот идентитет, па нашите општи податоци: име презиме, датум на раѓање, место на живеење, образование. Ги имаат во МВР и ако му затребаат на CIA можат да ги добијат од таму нашите податоци.

Иначе ништо лошо не гледам во facebook, ако сака CIA да го дознае било кој идентитет може секако не мора од facebook, што правиме кога не постоеше facebook. Од кај добиваа лични податоци, од тој идентитет што ќе му затребаше.
Имаш право за ова. Што правеле ЦИА пред facebook? Имале и други канали за сето тоа. А тие што немаат кредитни ставено не гледам причина за страв зашто идентитетот е повеќе од слика и име и презиме и дата на раѓање.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
А некако може ли да го скриеме нашиот идентитет, па нашите општи податоци: име презиме, датум на раѓање, место на живеење, образование. Ги имаат во МВР и ако му затребаат на CIA можат да ги добијат од таму нашите податоци.

Иначе ништо лошо не гледам во facebook, ако сака CIA да го дознае било кој идентитет може секако не мора од facebook, што правиме кога не постоеше facebook. Од кај добиваа лични податоци, од тој идентитет што ќе му затребаше.

Се разбира да не претераме со давањето на наши податоци како што броеви од кредитни картички, телефони и друго. Па макар и да не сотавиме, пак ќе дознаат тел број или број од кредитна и друго.
Mислам дека не ја капираш целата заврзлама..
Податоците што се дадени у МВР несмеат да се злоупотребат, ако има требаат на CIA тогаш си напраил голема беља, и секако ќе бидат дадени..
Али тоа не е поентата на муабетот, ти, кога отвараш профил на фејсбук, и оставаш лични податоци, ти притоа се согласуваш дека фејсбук може да праи шо сака со нив, шо значи, дека еве за пример, може да те исмева на било каков начин, може да ти го украде индентитетот и се тоа да биде легално, сеа неам испирација, али у секој случај ти на TOS се слагаш на мал милион потенцијални бељи..
 
А

Ајсшутер

Гостин
Добар коментар и се согласувам со него.
THE CIA doesn't need Facebook to collect your data. The NSA has already been doing that FOR YEARS.
И уствари не им е потребно преку ова да видат ако сакаат можат за 5 минути да дознаат се за тебе, не за џабе има МВР.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom