Секогаш кога ги читав квази психолозите, кои пишуваа статии за придобивање луѓе, или книги со „најголемата тајна на светот“ која се базираше на заработвање милиони; ми се превртуваше нешто во желудникот и чувствував дека во секој момент ќе се исповратам врз некој, но не, тоа беше само чувство. Тие всушнсот со нивните чуда беа во право, и се` уште се. Проблемот останува во моето чувство. Тие се во право исто толку колку
Иван исцелител кога ќе рече: „јас сум тука затоа што вие ме баравте“. Нископсихички развиената маса секогаш има потреба од водич кој ќе и` дава совети за тоа колку треба да свети во ден а колку во ноќ, башка посебен третман на столовите околу неа и правилно редење на истите за некаква хармонија, или фенг шуи можеби?
Имено, целата психологија е само утната поента, доколку не се разбере точно.
Ошо имаше навика да рече дека се` може да биде копирано или имитирано, освен вербата, верувањето длабоко во себе. Тоа е талентот, тоа е љубовта, тоа е душата. Во последно време интересна е доста сајберпсихологијата, и во оваа поле постојат двесте дваесети и четири пати повеќе квази
сајберпсихолози отколку вистинските дипломирани, можеме да ги земеме за пример, милионите психолошки причинско последични анализи напишани за фејсбук. Од таа причина почна да ми се приповраќа и од мудрите афоризми сретнати на нетот, а посебно на фејсбукот. И интересно е што истите сретнати на друг медиум или во филм, ми се фасцинирачки. Што знам, пак е веројатно проблемот до моето чудно чувство за приповраќање. Но пред некое време ми се зададоа одредени околности што ме натераа да заклучам дека тој мојот проблем е предизвикан од фејсбукот. Уште и за специјалистите сајберпсихолози е магливо прашњето до каде треба да се гради сериозноста на интернет комуникациите и дали воошто треба. Па во меѓувреме остануваат предрасудите како интернет царства и без да знаеме, влегуваат во сите наши комуникативни интернет релации. Еден вулканец (а кој може друг?) од Стар Трек умееше да каже:
„уништи ги предрасудите пред тие да те уништат тебе“, тоа е умно, но уште поумно ќе е ако се сознае од себе си, за да можеш да го гаиш во себе и да ти светнува моментот кога ќе имаш потреба од него.
Ми се случи пред некој ден, да ми светне заклучок дека фесбукот не создава пријателства. А тоа што веќе создадените имаат тенденција на распаѓање ми е доста познато чудо. Но дека не создава пријатели, не знаев. Следува (квази)психолошката теорија од заклучокот: Карактерот (или впечатокот) новозапозаените интернет луѓе премногу зависи од тоа каде ќе ги запозанеш, бидејќи секој интернет чудо за дружење, има од корен различна намена, заедно со различни обичаи и начини за користење. Генерално технички гледано, блогирањето и фесбучарењето се базираат на исти главни точки: има почетна и излегуваат на неа сите постови на твоите пријатели. Но целосно различно се користат, на блогерајов пука патетика и очајност за коментари, додека на фејсбук дури те бришкаат ако им коментираш а не те познаваат лично, таму фокусот е кон естетика и личен живот, а откривањето на нечиј личен живот во моментот на запозанвањето е извор за најголемите предрасуди од каде во 92% од случаите се создава погрешен впечаток т.е. различен од вистинскиот. Додека запознавањата на форум или блог, се поспонтани и помистични од оние на фејсбукот, поради што се вмешува она чувство на „позитивна имагинација на непозантото“, непозанто како личност со биогравски податоци, но добро познато по карактерните точки исцртани во ставовите или начинот на хумор. Башка ако на блог или форум муабетиш со помали од тебе, немаш никаква опасност од етикета педофил, што е целосно обратен случај со фејсбукот. Најлоши се предрасудите за педофили.
Денес фејсбукот го познавам како фејлбук и си ги ограничувам чекорите таму. Брза комуникација по потреба да, но запознавање луѓе е подобро било каде освен таму.